Контакт

Свет

ММФ:Португалскиот финансиски систем има слаби точки

Објавено пред

Португалскиот финансисски систем има слаби точки и по завршувањето на програмата на меѓунаордните кредитори, констатираше Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) по проблемите во големата португалска банка.

 

 

Banco Espirito Santo (BES) е најголемата банка во Португалија по пазарна капитализација, а загриженоста за нејзиното здравје беше поттикната по тврдењата дека нејзината матична компанија Espirito Santo International (ESI) прикривала дека во активата и недостасуваат 1,3 милијарди евра.

 

Португалскиот регулатор за финансиски пазари го прекина тргувањето со акциите на BES откако се намалија за повеќе од 11 отсто, на 54 евроценти.

 

„Ранливост се уште постои и во некои случаи се потребни корективни мерки, а во некои надворешен надзор“, се вели во кусото соопштение на ММФ.

 

Од ММФ порачаа дека нема да ја коментираат состојбата во одделни финансиски институции.

 

ММФ заедно со Европската унија и Европската централна банка (ЕЦБ) своевремено одобри 78 милијарди евра кредит за Португалија поради силниот скок на трошоците за финансирање под влијание на должничката криза во Грција. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Светската економија изгубила најмалку 126 милијарди долари

Објавено пред

Меѓународната трговија се намалила во сите четири тромесечја минатата година, а падовите се интензивирани и во овој период на пандемнија на коронавирус.

Поради тоа светската економија е во загуба од најмалку 126 милијарди долари, покажува новото истражување на Меѓународниот трговски центар.

Според извештајот на центарот, кинескиот извоз во февруари оваа година потонал за околу 21 процент во однос на претходната година, пренесе Бизнис.ба.

Иако Кина во март малку се поправи, пандемијата почна да го погодува извозот од другите земји.

„ Целосните ефекти на кризата се уште не се видливи, бидејќи повеќето земји почнаа да ги затвораат границитер кон крајот на март и април“ се наведува во извештајот, а податоците за овие месеци не биле достапни во моментот на истражувањето.

Блокадите во Кина, ЕУ и САД имале најголемо влијание на меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што наведува, се главни играчи во глобалниот синџир на снабдување, па оттаму се важни увозници на суровини, делови и компоненти.

Во извештајот се наведува декас пандемијата погодила над 55 проценти од малите и средни фирми.

Прикажи повеќе...

Економија

Швајцарија ја очекува најголем пад на БДП од 1975 година

Објавено пред

Швајцарската економија оваа година ќе претрпи најголем пад во последните неколку децении, бидејќи пандемијата на коронавирус го нагризува производството и работните места, соопшти владата и истакна дека падот ќе биде помал од тоа што се очекувало и ќе изнесува 6,2 проценти.

Тоа е најголем пад на швајцарскиот БДП од 1975 година, кога земјата ја погодија последиците од нафтената криза.

Се очекува и раст на стапката на невработеност на 3,8 отсто, бидејќи страда надворешната трговија, личната потрошувачка се намалува, а компаниите тукушто излегуваат од мерките и забраната за движење, наметнати поради коронавирусот.

Новата владина прогноза сепак е подобрена во однос на падот на БДП од 6,7 проценти, што предвидуваа економистите уште во април и е поповолна од очекувањата за другите европски земји.

ОЕЦД за Велика Британија предвидува пад од 11,5 проценти, за Франција 11,4 проценти, а за Италија 11,3 отсто.

Прикажи повеќе...

Економија

Германија ќе вложи 130 милијарди евра за помош на економијата

Објавено пред

Водечките германски партии договорија пакет-мерки во вредност од 130 милијарди евра, што ќе ѝ помогнат на економијата да излезе од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, соопшти канцеларката Ангела Меркел по маратонските преговори што траеја два дена.

Милијарди евра ќе бидат потрошени за да им се помогне на индустриите засегнати од кризата, дополнително ќе бидат финансирани оние области каде невработеноста се зголемила, а еднократниот бонус од 300 евра по дете ќе биде исплатен со други бенефиции поврзани со децата.

Значајно ќе биде и зголемувањето на субвенциите за набавка на автомобили, но само на оние со електричен погон. Автомобилите кои користат фосилни горива се исклучени од оваа мерка.

Исто така, било договорено ДДВ-то да се намали од 19 на 16 проценти, а пониската стапка од 7 на 5 проценти, објави агенцијата ДПА, повикувајќи се на документот за одлуката.

Вкупниот износ на финансискиот пакет во голема мерка ги надмина очекувањата на јавноста. Во претходните написи се најавуваше дека владејачката партија разгледува пакет со вкупна вредност од 80 милијарди евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија10 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа11 час

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија13 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион13 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија14 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа14 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт15 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион15 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет18 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет19 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет19 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет19 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион1 ден

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет1 ден

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет1 ден

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ1 ден

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија1 ден

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа2 дена

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија2 дена

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Досие