Контакт

Свет

OECD:Осетно забавен растот во првиот квартал

Објавено пред

Активностите во водечките економии осетно забавија во првиот квартал бидејќи компаниите помалку тргуваа и порачуваа помалку добра, а не помогна ниту благото зголемување на личната потрошувачка, извести Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

 

 

Во првото тромесечје активностите во членките на OECD пораснале само 0,2 отсто во однос на претходните три месеци, кога се зголемени за 0,5 отсто, извести OECD.

 

Со тоа групата најразвиени економии на почетокот на годината забележа најслаб раст од крајот на 2012 година кога имаше стагнација на активностите.

 

Најголем придонес на растот во периодот од јануари до март оваа година даде личната потрошувачка, чиј удел  во растот изнесуваше 0,3 отсто, пресметаа од OECD.

Негативно на растот влијаеле меѓународната трговија, која го намали за 0,1 отстотен поен, како и намалените залихи, кои му одземаа 0,2 отстони поени.

 

Овие два фактора особено дојдоа до израз во САД, водечката светска економија, каде како главна причина за вкупниот пад на активностите за 0,7 отсто се наведени лошите временски прилики.

 

Најголем раст на почетокот на годината забележа Јапонија, каде активностите пораснале за 1,6 отсто по 0,1-отстотниот пад во претходното тромесечје, пред се благодарение на личната потрошувачка и инвестиции.

 

Во Германија темпото на раст двојо е зголемено, благодарение на зголемените залихи и инвестиции, додека најзначајни негативни фактор беше меѓународната трговија.

Активностите во Франција стагнирале по слабиот, 0,2 отсто раст во претходниот кавртал, притиснати од слаба а лична потрошувачка, инвестиции и извозот. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Светската економија изгубила најмалку 126 милијарди долари

Објавено пред

Меѓународната трговија се намалила во сите четири тромесечја минатата година, а падовите се интензивирани и во овој период на пандемнија на коронавирус.

Поради тоа светската економија е во загуба од најмалку 126 милијарди долари, покажува новото истражување на Меѓународниот трговски центар.

Според извештајот на центарот, кинескиот извоз во февруари оваа година потонал за околу 21 процент во однос на претходната година, пренесе Бизнис.ба.

Иако Кина во март малку се поправи, пандемијата почна да го погодува извозот од другите земји.

„ Целосните ефекти на кризата се уште не се видливи, бидејќи повеќето земји почнаа да ги затвораат границитер кон крајот на март и април“ се наведува во извештајот, а податоците за овие месеци не биле достапни во моментот на истражувањето.

Блокадите во Кина, ЕУ и САД имале најголемо влијание на меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што наведува, се главни играчи во глобалниот синџир на снабдување, па оттаму се важни увозници на суровини, делови и компоненти.

Во извештајот се наведува декас пандемијата погодила над 55 проценти од малите и средни фирми.

Прикажи повеќе...

Економија

Швајцарија ја очекува најголем пад на БДП од 1975 година

Објавено пред

Швајцарската економија оваа година ќе претрпи најголем пад во последните неколку децении, бидејќи пандемијата на коронавирус го нагризува производството и работните места, соопшти владата и истакна дека падот ќе биде помал од тоа што се очекувало и ќе изнесува 6,2 проценти.

Тоа е најголем пад на швајцарскиот БДП од 1975 година, кога земјата ја погодија последиците од нафтената криза.

Се очекува и раст на стапката на невработеност на 3,8 отсто, бидејќи страда надворешната трговија, личната потрошувачка се намалува, а компаниите тукушто излегуваат од мерките и забраната за движење, наметнати поради коронавирусот.

Новата владина прогноза сепак е подобрена во однос на падот на БДП од 6,7 проценти, што предвидуваа економистите уште во април и е поповолна од очекувањата за другите европски земји.

ОЕЦД за Велика Британија предвидува пад од 11,5 проценти, за Франција 11,4 проценти, а за Италија 11,3 отсто.

Прикажи повеќе...

Економија

Германија ќе вложи 130 милијарди евра за помош на економијата

Објавено пред

Водечките германски партии договорија пакет-мерки во вредност од 130 милијарди евра, што ќе ѝ помогнат на економијата да излезе од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, соопшти канцеларката Ангела Меркел по маратонските преговори што траеја два дена.

Милијарди евра ќе бидат потрошени за да им се помогне на индустриите засегнати од кризата, дополнително ќе бидат финансирани оние области каде невработеноста се зголемила, а еднократниот бонус од 300 евра по дете ќе биде исплатен со други бенефиции поврзани со децата.

Значајно ќе биде и зголемувањето на субвенциите за набавка на автомобили, но само на оние со електричен погон. Автомобилите кои користат фосилни горива се исклучени од оваа мерка.

Исто така, било договорено ДДВ-то да се намали од 19 на 16 проценти, а пониската стапка од 7 на 5 проценти, објави агенцијата ДПА, повикувајќи се на документот за одлуката.

Вкупниот износ на финансискиот пакет во голема мерка ги надмина очекувањата на јавноста. Во претходните написи се најавуваше дека владејачката партија разгледува пакет со вкупна вредност од 80 милијарди евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија2 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија3 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет4 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет4 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија5 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет5 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија5 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет5 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет5 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет5 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет17 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија23 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија23 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија23 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија24 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија24 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие