Свет
Остар пад на индустриското производство во ЕУ

Индустриското производство во 28-те земји членки на Европската унија остро се намалило во август, при што се истакнува дека најголемата европска економија Германија се најде во групата земји со најголем пад на месечно ниво, објави во вторникот европското статистичко биро Eurostat.
Индустриското производство во 28-те земји членки на Европската унија остро се намалило во август, при што се истакнува дека најголемата европска економија Германија се најде во групата земји со најголем пад на месечно ниво, објави во вторникот европското статистичко биро Eurostat.
Во август сезонски прилагоденото индустриско производство во 28-те земји од ЕУ во просек е намалено за 1,4 отсто, што претставува најсилен пар во речиси две години. Во јули забележа намалување од 0,7 отсто, покажуваат податоците на Eurostat.
Најмногу на месечно ниво се намалило производството на капитални добра, за дури 4,3 отсто. Производството на енергија скокнало, пак, за 1,2 отсто.
Меѓу земјите од ЕУ далеку најголем пад на индустриското производство во август на месечно ниво забележала Унгарија од 5,8 отсто. Следи Германија со пад на производството за 4,3 и Хрватска со пад од 4,1 отсто.
Најголем скок на индустриското производство забележале Данска, за 6,9 отсто, Португалија за 3,1 и Холандија за 1,3 отсто.
На годишно ниво индустриското производство во 28-те земји од ЕУ во август паднало за 0,8 отсто, по ревидираниот 1,7-процентен рас во претходниот месец јули.
На годишно ниво најмногу во август се намалило производството на енергија, и тоа за 3,3 отсто. Чувствително паднало и производството на капиталните добра за 2,3 отсто. Од друга страна, производството на нетрајни потрошувачки добра пораснала за 1,9 отсто,а производството на трајни потрошувачки добра за 1,4 отсто, покажуваат податоците на Eurostat.
Меѓу поедините земји најголем пад индустриско производ на годишно ниво во август забележала Малта, за 7 отсто. Следуваа Грција со 6-процентен пад на производството, и Литванија и Хрватска каде производството на годишно ниво е намалено за 4,9 односно 4,7 отсто.
Најмногу, пак, се зголемило индустриското производство во Ирска за 18,3 отсто. Следа Луксембург, Словенија и Португалија каде пораснало од 5,6 до 3,9 отсто.
Еврозоната во август на месечно ниво забележала пад на индустриското производство од 1,8 отсто, по ревидираниот 0,9-процентен раст во јули. На годишно ниво се намалила за 1,9,отсто, по ревидираниот 1,.6-процнетен раст во претходниот месец./крај/мф/сн
Извор: Eurostat
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.
На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.
Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.
Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.
Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.
Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.
Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.
И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.
Економија
Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.
Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.
„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.
Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.
Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.
Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.