Контакт

Свет

Постигнат консензус за развојна банка на групата BRICS

Објавено пред

Групата водечки економии во формирање БРИКС постигна широк консензус за формирање развојна банка којашто би требало да биде основана на претстојниот состанок на врвот на групата, изјави во понеделникот висок кинески дипломат.

Капиталот на новата банка ќе изнесува 100 милијарди американски долари, а банката ќе го симболизира сé поголемото влијание на економиите во формирање во глобалната финансиска архитектура во којашто долг период преку Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, доминираа САД и Европа. Новата развојна банка би требало, исто така, да ја покрие сé поголемата побарувачка за финансирање на проекти коишто не го сервисирале споменатите постојни меѓународни финансиски институции, инаку сé почесто изложени на жестока критика поради мешањето во внатрешната политика на кредитираните земји. Челниците на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република (BRICS), треба официјално да го потпишат договорот за основањето на развојната банка на групацијата на 15-ти јули, на самитот во бразилскиот град Форталеза, дознава Reuters од анонимни кинески дипломатски извори. Преговорите за оваа институција се провлекуваа изминатите две години, а повремено беа оптоварувани од желбата на Кина да си осигури поголемо влијание преку поголем удел во капиталот на банката. Висок функционер на владата на Бразил, претходно во мај изјави дека петте земји од групата BRICS веројатно рамноправно ќе ги поднесат трошоците за финансирање на банката, што значи дека ќе имаат и еднакви права. На брифингот за новинарите пред самитот, кинескиот министер за надворешни работи Ли Баодонг истакна дека во моментот не сака да изнесува поединости за акционерската структура, но изрази оптимизам.„Кога станува збор за развојната банка на BRICS, сите страни постигнаа широк консензус по тоа прашање. Секако, постојат уште некои разлики и различни ставови за технички прашања. Потполно сме сигурни и дека можеме да постигнеме консензус и да ја основаме развојната банка на BRICS на тој состанок“, изјави Ли. „За тој вид технички прашања, членките на BRICS мораат да воспостават низ пријателски консултации. Постои цела низа различни аргументи, но целта е што поскоро да се воспостави банката на BRICS“, појасни шефот на кинеската дипломатија. Банката ќе мора да ја ратификуваат законодавните тела на земјите членки на BRICS, а првите кредити ќе може да ги одобри по две години, рече минатата седмица за Reuters бразилски дипломат. Според него, челниците на земјите, исто така, ќе мора да донесат одлука дали седиштето на банката ќе биде во Њу Делхи, Шангај, Јоханесбург или во Москва.  Бразил нема да понуди седиште, поради претстојните претседателски избори, поради што преговорите можат да се забават. /крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Изборите во САД и трговските војни ги зголемуваат ризиците за руската економија

Објавено пред

Последиците од изборите во САД закажани за 3 ноември 2020 година и трговската војна меѓу САД и Кина може негативно да влијаат на руската економија, тврдат експерти интервјуирани од ТАСС.

„Од една страна, руската економија може да се соочи со негативно влијание од економските турбуленции, а од друга страна, забавување на глобалната економија и последователно намалување на побарувачката на суровини како резултат на трговската војна меѓу САД и Кина“, изјави Георги Остапкович, директорот на HSE Centre for Business Tendencies Studies.

Професорт Сергеј Кестанов од Катедрата за берзи и финансиски инженеринг при РАНЕПА смета дека е веројатно оти САД ќе се обидат да ги заострат трговските ограничувања против Кина за време на трката за претседателските избори, што, според него, ќе ја намали глобалната побарувачка на суровини.

„САД се приближуваат кон претседателските избори во услови на значителен економски пад и силна поларизација на општеството. Сите акутни политички прашања стануваат предмет на предизборната дебата. Наспроти ова, се обидуваат да ги заострат трговските ограничувања против Кина. За Русија, ова е негативен фактор бидејќи ќе доведе до намалување на трговијата меѓу САД и Кина, и , како резултат на тоа, намалување на глобалната побарувачка за суровини“, рече тој.

Според Кестанов, дополнителниот фактор на ризик е поврзан со можното заострување на антируските санкции, што е многу веројатно ако на изборите победи кандидатот од Демократската партија.

„Сепак, какви било ефекти не треба да се очекуваат до почетокот на 2021 година, кога новоизбраниот претседател ќе ја преземе функцијата и ќе формира нова администрација“, рече тој.

Геополитичките ризици за руската економија повторно се појавуваат, изјави шефот на аналитичкиот оддел во „Зенит банка“, Владимир Евстифеев.

„Победа на кандидатот од Демократската партија на претседателските избори во САД би наметнала зголемени ризици од санкции. Џо Бајден веќе зборува за построга надворешна политика кон Русија“, тврди Евстифеев, според кој главниот ризик се можните санкции од САД наметнати врз јавниот долг на рубљата.

Експертите се согласуваат дека за Русија е корисно да се развијат големи економии – САД, Кина и ЕУ.

„Слабеењето на кинеската економија како резултат на несогласувањата со САД ќе доведе до намалување на побарувачката за руски извоз“, рече Евстифеев.

„Ако економијата се развие, ќе има зголемување на побарувачката за гориво. Поволно е за Русија да се развиваат економиите во САД, Кина и ЕУ“, се согласи Остапкович.

Според Дмитриј Космодемијански, менаџер во „Откритие“, неутралноста на Русија во односите меѓу САД и Кина може да ѝ помогне на руската економија.

„Постојат многу примери на придобивки поради немешање во голем конфликт. Сепак, во услови  на тешко економско реструктуирање поради глобалниот карантин, можеби нема да го забележиме овој ефект во  растот на БДП“, смета тој.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Светската економија изгубила најмалку 126 милијарди долари

Објавено пред

Меѓународната трговија се намалила во сите четири тромесечја минатата година, а падовите се интензивирани и во овој период на пандемнија на коронавирус.

Поради тоа светската економија е во загуба од најмалку 126 милијарди долари, покажува новото истражување на Меѓународниот трговски центар.

Според извештајот на центарот, кинескиот извоз во февруари оваа година потонал за околу 21 процент во однос на претходната година, пренесе Бизнис.ба.

Иако Кина во март малку се поправи, пандемијата почна да го погодува извозот од другите земји.

„ Целосните ефекти на кризата се уште не се видливи, бидејќи повеќето земји почнаа да ги затвораат границитер кон крајот на март и април“ се наведува во извештајот, а податоците за овие месеци не биле достапни во моментот на истражувањето.

Блокадите во Кина, ЕУ и САД имале најголемо влијание на меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што наведува, се главни играчи во глобалниот синџир на снабдување, па оттаму се важни увозници на суровини, делови и компоненти.

Во извештајот се наведува декас пандемијата погодила над 55 проценти од малите и средни фирми.

Прикажи повеќе...

Економија

Швајцарија ја очекува најголем пад на БДП од 1975 година

Објавено пред

Швајцарската економија оваа година ќе претрпи најголем пад во последните неколку децении, бидејќи пандемијата на коронавирус го нагризува производството и работните места, соопшти владата и истакна дека падот ќе биде помал од тоа што се очекувало и ќе изнесува 6,2 проценти.

Тоа е најголем пад на швајцарскиот БДП од 1975 година, кога земјата ја погодија последиците од нафтената криза.

Се очекува и раст на стапката на невработеност на 3,8 отсто, бидејќи страда надворешната трговија, личната потрошувачка се намалува, а компаниите тукушто излегуваат од мерките и забраната за движење, наметнати поради коронавирусот.

Новата владина прогноза сепак е подобрена во однос на падот на БДП од 6,7 проценти, што предвидуваа економистите уште во април и е поповолна од очекувањата за другите европски земји.

ОЕЦД за Велика Британија предвидува пад од 11,5 проценти, за Франција 11,4 проценти, а за Италија 11,3 отсто.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион39 минути

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион3 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет3 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион4 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ4 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија5 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион6 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија6 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион7 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија7 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион16 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион18 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион19 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет21 час

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион23 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија24 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија1 ден

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија1 ден

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион1 ден

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион1 ден

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Досие