Контакт

Daily news

Кривичен суд: Судијка поради здравствени причини не можела да одлучува за притворот на Груевски

Објавено пред

По повод прашањата од повеќе медиуми и посебниот интерес на јавноста за составот на советот на Кривичниот суд кој одлучувал по поднесените барања за одредувања мерка притвор во предметот „Титаник“, а во кои притвор се бараше  и за Никола Груевски, Судот излезе со писмено соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Од веќе формираниот совет од тројца судии, Билјана Коцевска, Дарко Тодоровски и Диана Груевска Илиевска, судијата Билјана Коцевска, поради настанати здравствени проблеми кои се утврдени од дежурен лекар на ден 01.07.2017 год.(сабота), беше спречена да учествува во одлучувањето. На местото на спречениот судија истиот ден во советот како член беше определен судијата Џенета Бектовиќ. Според списите од предметот од страна на обвинетите лица, истиот ден, во 17:20 час, во судската писарница е поднесено барање за изземање на судијата Дарко Тодоровски од одлучување по тој предмет.  Како дознале обвинетите лица и одбраната за составот на советот, не ни е познато и не можеме да дадеме одговор ниту коментар за истото. Ако работата по предметот не е завршена, во согласност со чл.37 од ЗКП судијата чие изземање се бара е должен да престане со работење по предметот и за тоа да го извести претседателот на судот кој е должен да одлучи по барањето“, пишува во соопштението.

Судијата Дарко Тодоровски соглсно чл.36 ст.5 од ЗКП дал изјава по повод поднесеното барање за иземање и ВД претседателот на судот одлучил по истото, го изземал судијата Дарко Тодоровски и за нов член на советот го определил судијата Марин Станевски. На судијата Марин Станевски решението со кое е определен за член на совет му е врачено истиот ден во 23,30 час. кога судијата дошол во судот. Доколку по конкретниот предметот веќе било одлучено, ќе бил изготвен записник за советување и гласање и судијата Дарко Тодоровски ќе дал изјава со таква содржина, а барањето за изземање ќе било отфрлено. Од погореизнесеното е видно дека при составувањето на советот е постапувано итно, со цел да се овозможи почитување на рокот од 24 часа во кој треба да се одлучи по барањето за притвор. Начинот на гласање при донесувањето на одлука е забележен во записник, тој претставува тајна и истиот може да му биде достапен само на повисокиот суд при одлучување по жалба. Како течела работата по предметот, кој судија какво мислење имал и кој како гласал знаат само судиите кои учествувале во работата по предметот, а ниту ВД Претседателот на судот ниту кој билп друг судија или судски службеник не може да знае какво мислење имале судиите – членови на советот и не може да даде каква било информација на јавноста поврзана со тоа со тоа. Затоа во целост ги отфрламе сите објавени шпекулации поврзани со овој предмет, кои доаѓаат од анинимни извори, а за  каква било евентуална нерегуларност странките имаат правно на жалба до повисоките судски инстанци, пишува во соопштението од Кривичниот суд.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Се зголемува бројот на убиени и повредени во терористичкиот напад во Турција

Бројот на убиени во денешниот терористички напад во Анкара се искачи на пет лица, соопшти турскиот министер за внатрешни работи....

Македонија14 часа

Мицкоски иницира проект за национална стратегија: „Ако сега не си помогнеме ќе бидеме зомби држава“

Денешниот празник да го славиме сите – и левата и десната страна. За Македонија да биде силна и напредна држава...

Македонија17 часа

(Видео) Кузеска: Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ослободуваат криминалци и нарко босови

Опозициската СДСМ ги опиша како шокантни и скандалозни помилувањата на десет лица од страна на претседателката Сиљановска-Давкова. Партиската портпаролка, Богданка...

Топ17 часа

Застрелан маж во Арачиново – му рекле да излезе пред куќата, па му пукале во нога

Арачиновец бил повикан да излезе пред неговата куќа, а потоа бил застрелан. Четириесет и двегодишниот маж синоќа бил донесен на...

Македонија18 часа

Урсула фон дер Лајен ја почнува четиридневната посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја почна четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе се...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова помилува десет осуденици

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилува десет осуденици, a решенијата се објавени во Службен весник“. Според тоа, извршувањето на изречената казна...

Македонија19 часа

Да си ја чуваме татковината, оти друга немаме, порача Сиљановска во честитка по повод денешниот празник

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Почитувани сограѓани,...

Свет20 часа

Бајден: Нашата демократија е загрозена ако победи Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека републиканецот Доналд Трамп е закана за демократијата и треба да биде „политички“ затворен. „Мораме...

Топ2 дена

Битолчанец си го чистел таванот и нашол бомби

Шеесетгодишен маж од Битола пријавил во полицијата дека вчера при чистење на таванот од својот дом, пронашол бомби. Се работи...

Македонија2 дена

Антикорупциската комисија отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Aнонимна претставка, во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност...

Топ2 дена

Исчезна апарат за ехо дониран во кичевската болница, МВР го расчистува случајот

Вчера, во полицијата во Кичево било пријавено дека во Општата болница во градот недостига ехо-апарат. Се работи за апарат кој...

Македонија2 дена

Сто пациентки со карцином со приоритетни упати два месеца чекаат скен на коските, неопходен за да добијат терапија

На денешниот настан за поддршка на пациентите со карцином, „Појадок со онколошките пациенти“, здружението посветено на пациентите со рак и...

Топ2 дена

Малолетници тешко повредени при судир на мопед и патничко возило во Кочани

Вчера во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа...

Топ2 дена

Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена во Скопско

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со...

Македонија2 дена

Исчезна стружанец, отишол да бере печурки

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето...

Македонија2 дена

„Очигледно и на бугарската политика не ѝ недостига демагогија“: Георгиевски со реакција на бугарската министерка за Коридорот 8

Преку статус на социјалните мрежи, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека...

Македонија2 дена

ДУИ на средби со граѓаните: потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници

Демократската Унија за Интеграција вчера го одржа 16-тиот состанок на претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство). На оваа средба се...

Свет2 дена

Западот сака да го изолира Путин, тој денеска докажува дека, дефинитивно, не е сам, пишува Си-ен-ен

Скоро три години откако руската инвазија на Украина беше осудена од земјите ширум светот, рускиот претседател Владимир Путин организира самит...

Свет2 дена

(Видео) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во готовина и злато под болница во Бејрут

Израелските одбранбени сили (ИДФ) декласифицираа разузнавачки информации за финансиските центри на Хезболах. Израел ја прошири својата кампања против Хезболах во...

Свет2 дена

(Видео) Масакр во близина на Сиетл, петмина мртви, меѓу нив три деца, фатен убиецот

Пет лица се убиени во масакр во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, соопштија...