Контакт

Интервју/Дебата

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

Објавено пред

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата за проширувањето на ЕУ (state of play), Италија е решена повторно да го почне процесот на проширување со продолжување на дискусијата и одржување на темата на врвот на европската агенда во поглед на позитивни одлуки во првата половина на 2020 година.

dobivaj vesti na viber

Поддршката за државата од италијанска страна е несомнена – претседателот Стево Пендаровски престојуваше во официјална посета на Италија, а неколку дена претходно премиерот Зоран Заев беше во официјална посета на својот колега Џузепе Конте. Официјалниот став на Италија останува непроменет по француското „не“ за отворање пристапни преговори со Северна Македонија.

Ова во интервју за „Макфакс“ го тврди италијанскиот амбасадор во земјава, Карло Ромео, кој, посочувајќи ги и основните слабости во реформите, истакнува дека сепак и од С. Македонија и од Албанија биле побарани храбри реформи и тешки одлуки, па оттаму разбирливо е дека треба да се отвори јасен пат за да се наградат направените напори.

Дали очекувате Вашата иницијатива да го врати прашањето за проширување повторно на европската маса?

Како што изјави италијанскиот премиер Конте, одлуката на Европскиот совет од октомври повторно да се одложи отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија беше историска грешка. Италија ќе стори сè за да ја поправи оваа грешка и ќе гарантира за заложбата на ЕУ за реалната и кредибилна европска интеграција на тие земји да може да се реализира. За ова прашање, Италија отсекогаш имала цврст и постојан став.

Политиката за проширување, која е фундаментална политика на ЕУ, не заврши со октомврискиот Европски совет. Италија сака повторно да го отвори процесот. Подготвени сме исто така да ги разгледаме начините на преговарачкиот механизам врз основа на еден предлог на Комисијата и да се соочиме со конструктивен дух за начини за подобрување кои може да бидат поставени од сите земји членки, но тоа не треба, според наше мислење, да се претвори во изговор за бесконечно одложување на процесот на пристапување нови членки, кој сам по себе е веќе долг. Односно, ние ќе продолжиме да работиме со Комисијата и со другите земји на ЕУ за надминување на сегашните поделби и за создавање соодветни и заеднички услови за да се постигне што е можно побргу позитивна одлука за отворање на преговорите за пристапување, со надеж тоа да биде во првата половина на 2020 година.

Иницијативите од италијанска страна се конкретни: како што споменавме – средбите во Рим, првата на премиерот Заев, и потоа, по само една недела, на претседателот на Републиката, Пендаровски, за време на кои премиерот Конте и претседателот на Републиката, Матарела, ја потврдија на највисоко ниво силната италијанска поддршка за легитимните европски и атлантски аспирации на Северна Македонија. Покрај тоа, по иницијатива на Италија, Советот за општи работи на 19 ноември ќе расправа за прашањата за проширувањето на ЕУ (state of play).

Ќе продолжиме да работиме за надминување на сегашните поделби за да се постигне што е можно побргу позитивна одлука за отворање на преговорите, со надеж тоа да биде во првата половина на 2020 година

Ставот на Италија за почнување на пристапните преговори со Тирана и Скопје останува дека овие две земји не треба да се раздвојат во процесот на пристапување, па сметате ли дека реформите се еднакво добри и во двете држави?

Секако. Во овој поглед ги споделуваме позитивните оценки, кои Комисијата ги формулира веќе две години по ред. На Европскиот совет во октомври огромното мнозинство држави на ЕУ, вклучително и Италија, беа за почнување пристапни преговори со Скопје и Тирана. Од друга страна, ова е патот избран од Европската комисија и другите тела на Унијата од 2018 година. И од двете држави беа побарани храбри реформи и тешки одлуки: затоа е разбирливо дека треба да постои јасен пат за да се наградат направените напори.

Кои се Вашите аргументи за поддршка на Северна Македонија пред верувањата на Франција дека реформите не се спроведени и дека постојат индикации за слабости, особено во реформите во судството?

Како што беше кажано претходно, за Италија, беше и е правилно да се награди Северна Македонија со почнување преговори за сè што е направено досега. Ова е заеднички напор: земјите кандидатки и потенцијалните земји кандидатки мора да ги спроведуваат реформските процеси за да бидат во согласност со стандардите на ЕУ и да се усогласат со основните вредности на ЕУ (како владеење на правото и независноста на судството) и со нејзините политики во разни сектори; зависи од нас да го сториме својот дел во вистинско време давајќи им соодветно признание на оние што постигнале резултати, од кои некои се важни како во случајот со Скопје.

ЕУ не смее да не ги исполни своите обврски, би бил ставен во прашање нејзиниот кредибилитет. Во Северна Македонија сторено е многу и правилно е тоа да се признае иако останува уште да се работи, особено во фундаменталната област на владеењето на правото, независноста на судството, слободата на медиумите и борбата против корупцијата и организираниот криминал; на крајот, во спроведувањето на реформите. Колку повеќе се работи (и добро), толку подобро.

Независноста на судството и постојаната борба против корупцијата – е од основно значење за иднината на земјата

Дали мислите дека големите корупциски скандали, кои беа откриени непосредно пред одлуката за доделување датум за членство во ЕУ, имале негативно влијание врз одлуката? И, мислите ли дека довербата во судството во Северна Македонија ќе се врати?

Искрено, не мислам така. На Европскиот совет во октомври оценката за она што досега Северна Македонија го направи и желбата да се награди земјата со почнување на преговорите беа речиси едногласни. Сепак, потоа преовладаа други логики, сите во внатрешноста на ЕУ. И за такви одлуки – да потсетам – потребна е едногласност на земјите членки.

Како што реков претходно, продолжувањето на овие реформи и политики, пред сè, независноста на судството и постојаната борба против корупцијата – е од основно значење за иднината на земјата. Реформите се клучни не само со цел еден ден да се влезе во ЕУ, туку тие се она што сите македонски граѓани го очекуваат за подобрување и зајакнување на демократските институции на државата и за општествен и економски развој.

Италија во повеќе наврати истакна дека земјите од Западен Балкан долго време се приоритет на италијанската надворешна политика, која има цел да ги интегрира во ЕУ нудејќи им можност за економски развој, политичка и општествена стабилност во регионот. Ако не се добие датумот, дали Европската Унија ризикува да ги мотивира земјите од Западен Балкан да се насочат кон исток (Русија)?

Како што споменав претходно, во односите со земјите од Западен Балкан, Италија отсекогаш имала многу доследна позиција: Балканот претставува област со приоритетен интерес. Од раните 2000 години ние сме меѓу првите земји, ако не и апсолутно првата што зборува за европската перспектива на регионот, кога многумина – да потсетам – се двоумеа да го сторат тоа. Верувам дека и денес, односно, пред сè, денес, далекосежната визија на Италија за улогата на регионот и неговата иднина во ЕУ останува силен и валиден конкретен предлог и покрај многуте тешкотии. Како што неодамна изјави премиерот Конте, чувствуваме итност да им дадеме соодветни одговори на легитимните аспирации на балканските земји, кои се европски земји и се чувствуваат европски.

Целта на Италија е да ја приближи Северна Македонија (и другите земји од регионот) што е можно поблиску до Брисел за да се постигне – кога ќе се исполнат условите – полноправно членство во ЕУ. Безбедност, политичка стабилност, реформи за владеење на правото и правдата, борба против корупцијата, борба против верскиот фундаментализам, миграциските феномени, општествен и економски раст: ова се заедничките стратешки приоритети за кои сите мора да работиме заедно – земјите на ЕУ и земјите во регионот.

Всушност, и покрај длабокото разочарување од октомврискиот Европски совет, претставниците на институциите и на сите политички партии во Северна Македонија потврдија дека европската интеграција е единствената можна алтернатива и процентот на граѓани што се за влез на земјата во ЕУ останува многу висок. Ова е многу охрабрувачко, но ЕУ не смее да разочара и мора да биде веродостојна во својата заложба кон интеграцијата. Ние сакаме заложба од страна на ЕУ, а не недостиг од неа.

Италија не стравува од можноста за неконтролирана миграција од Северна Македонија и Албанија во земјата?

За време на миграциската криза 2015-2016 година, беше јасно дека Северна Македонија е земја на транзит по т.н. балканска рута. Од друга страна, Италија, поради својата географска положба и соодветноста на нејзината територија (долг отворен полуостров во центарот на Медитеранот), е една од главните дестинации за мигрантите што сакаат да пристигнат во Европа. Токму од оваа причина Италија отсекогаш барала поголема солидарност во напорите од другите земји на ЕУ и миграциска политика на ЕУ, која ќе биде заедничка и прифатлива за сите. И од оваа причина важно е да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија за земјата да се вклучи сè повеќе и повеќе и да соработува цврсто во областа на миграциските политики.

Советот за општи работи оваа недела може да претставува прва корисна можност за зараснување на фрактурите кои се појавија во октомври

На редовниот состанок на Советот за општи работи, кој ќе се одржи во вторник на 19 ноември, предвидена е дискусија за прашањето за пристапување (за добивање датум) за Северна Македонија.

Како што споменавме порано, Италија е решена повторно да го почне процесот на проширување со продолжување на дискусијата во секоја можност во Брисел и одржување на темата на врвот на европската агенда во поглед на позитивни одлуки во првата половина на 2020 година.

Всушност, токму по италијанска иницијатива, Советот за општи работи од 19 ноември ќе расправа за прашањата за проширувањето на ЕУ. Се работи за дискусија за тековната состојба (state of play) по Европскиот совет во октомври и нема да се одреди датум за почнување на преговорите.

Но, важно е затоа што, како Италија, веруваме дека Советот за општи работи оваа недела може да претставува прва корисна можност за зараснување на фрактурите што се појавија во октомври канализирајќи го дијалогот кон конструктивен пристап ориентиран кон отворање преговори со Скопје и Тирана.

Како Италија го гледа преспанскиот договор, со кој се заврши речиси тридеценискиот спор меѓу двете земји?

Без да ризикуваме, да бидеме реторични – преспанскиот договор е историски договор, кој не само што стави крај на долгиот билатерален спор меѓу Северна Македонија и Грција туку претставуваше и претставува еден од најдобрите примери во последните години за мирно решавање на споровите меѓу соседни држави, кој може да донесе стабилност во нивните земји и Балканскиот Регион и конкретни перспективи за развој вклучувајќи го и економскиот развој, и тоа благодарение на европските интеграции. Договор што може да биде корисен за регионот, кој, како и Европа, има потреба од позитивни примери.

За што разговараа италијанскиот премиер Џузепе Конте и премиерот Зоран Заев за време на нивната средба во Рим? Дали поканата дојде веднаш по француското вето?

Веднаш по октомврискиот Европски совет, премиерот Конте го покани премиерот Заев во Рим да ја потврди во ова тешко време силната италијанска поддршка охрабрувајќи ја Владата во Скопје да ги продолжи напорите преземени во реформите.

Северна Македонија има право да го почне својот пат кон членството во ЕУ, а Италија ќе гарантира посветеност кон овој процес. Премиерот Конте испрати јасна порака до народот на Северна Македонија за да се спречи обземањето од чувството на неизвесност и разочарување: „Италија ве поддржува“.

За време на средбата меѓу двајцата премиери беше истакната и извонредноста на билатералните, политичките, економските и на културните односи. Целокупната размена помеѓу двете земји во последните години забележува двоцифрен раст (речиси 615 милиони евра во 2018 година), веќе во пораст во првите шест месеци од 2019 година и со сè уште многу простор за зајакнување на економско-трговската соработка и италијанските инвестиции. Големо отворање на локалниот пазар за италијански компании, кои може да инвестираат во инфраструктурата, енергетиката, животната средина и одбраната.

На крајот, премиерот искажа особена почит за промовирањето на италијанскиот јазик и култура во Северна Македонија, на пример, со можноста италијанскиот јазик да се изучува како втор странски јазик по избор во локалните училишта.

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Објавено пред

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“ говори за потребата од донесувањето на законот, но и за новата методологија за проширување на ЕУ која беше донесена на 5 февруари годинава.

dobivaj vesti na viber

Тој не сакаше да дава никакви политички оценки во однос на обвинувањата на партиите и на координираторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на законот за Јавно обвинителство, но вели дека „влезот во ЕУ еден ден многу ќе зависи од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата“.

„Законот е барање од ЕУ и државите членки и со него ќе треба да се затворат или зајакнат сите судски постапки кои беа отворени во рамките на СЈО. Потребно е судство ослободено од заробеноста на партиите и рамка за борба против корупцијата“, вели Тимоние за „Макфакс“.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Новата методологија што ја предложи комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока“, вели тој.

Амбасадорот вели дека е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки.

„Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот“, рече во интервјуто амбасадорот Тимоние.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години биле врзувани и престојувале во страшни услови. Вели дека прозивката на техничката министерка Рашела Мизрахи за домот во Демир Капија била неиздржана затоа што не ја познава областа со која влегла да раководи. Шкријељ вели дека во овие три години ги извлекле сите деца кои биле во заводот и ги сместиле во групни домови.

dobivaj vesti na viber

„Техничката министерка можеби првпат влегува таму и јасно е зошто нејзината реакција е таква. Но, ќе напоменам дека тоа што ние го наследивме таму беа услови за невозможна мисија. Имаше ситуација корисниците за бидат врзувани затоа што вработените не можеа да се справат со нив. Затоа и го спроведовме тој процес на деинституционализација и ги извлековме сите деца од таму. Она што јас и техничката министерка треба да го направиме е да го продолжиме тој процес, а не да настапуваме на овој начин. Но, ќе повторам, разбирам зошто министерката настапува така“, рече Шкријељ.

Таа додава дека на техничката министерка ѝ предложила да се координираат пред да се излегува во јавност за да не се шири паника меѓу граѓаните со нецелосни информации. Предоложила да имаат состанок еднаш неделно на кој ќе одлучуваат заеднички за важни прашања.

„Токму поради тоа што не ја познава областа се ставивме на располагање да помогнеме да се подобрат процесите. Но, ќе повторам, координараноста и кооперативноста ќе зависат исклучиво од неа“, рече Шкријељ.

Дополнителната заменик-министерка рече и дека не би требало да има блокада или застој на институцијата, но додаде дека доколку Мизрахи побара кадровска промена на раководни кадри или смена на директори на центри за социјални работи, Шкриељ ќе го употреби правото на вето и нема да ги потпише овие решенија.

„Врзаниот потпис се однесува на правни и кадровски промени. Се надевам дека Мизрахи нема да побара смена на раководни кадри, но доколку тоа се случи, јас ќе го спречам тој потег. Сметам дека ние сме преодни министри и треба да останеме во рамките на таа надлежност. Оној кој ќе победи на изборите и по 12 април формира влада, нека си спроведува своја кадровска политика“, децидна беше Шкријељ.

Не одговори конкретно на прашањето дали себеси се гледа на листа за пратеник на предвремените парламентарни избори, но додаде дека е време во државата да се одвојат партиските политики од политиките кои се носат во институциите.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Глигорова: Одговорност за извршителите ќе бараме и пред Обвинителството за организиран криминал

Објавено пред

Новиот тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда, а денеска го усвои Владата, наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија што неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

dobivaj vesti na viber

Еден од најгласните борци против Законот за извршувањето, Ана Глигорова, смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението, но сепак најавува дека битката на здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за, како што вели криминалното извршување ,ќе се бара и од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се одржуваа шест вторници, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во Министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7.000 денари со години извршител одзема третина од парите. Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија9 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија9 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија10 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија13 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија14 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ15 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ16 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион19 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа19 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа20 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет20 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет20 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет21 час

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет21 час

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија1 ден

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија1 ден

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија1 ден

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија1 ден

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија2 дена

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...