Контакт

Избори 2019

ЦИВИЛ: Слободата на известување не смее да биде загрозена!

Објавено пред

ЦИВИЛ најостро го осуди нападот врз медиумската екипа на „Телевизија 21“, од страна на блиски роднини на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими, за време на снимање на прилог во општината.

„Токму ваквите акти и противзаконското однесување на насилниците се меѓу главните причини зошто угледот на Република Северна Македонија во меѓународната јавност во однос на медиумите е урнисан. Слободата на информирање не смее да биде загрозена, а новинарите и медиумските работници не смеат да бидат попречувани во вршењето на својата работа. Тие не смеат да бидат предмет на вербални и физички напади и закани! Фактот што ова примитивно и насилничко однесување доаѓа од структури блиски до политичките фигури е крајно неприфатливо. Затоа, ЦИВИЛ ја поздравува осудата од страна на градоначалничката Халими и ја повикува истата да ги преземе сите мерки во контекст на што поскоро решавање на овој неприфатлив чин на насилство“, велат од ЦИВИЛ.

Оттаму бараат од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да спроведат ефикасна истрага и сторителите да бидат најстрого санкционирани!
Истовремено, ЦИВИЛ потсетува на многубројните случаи на насилство врз новинарите, за кои сè уште нема никаква разрешница. Неказнивоста на ваквите постапки, додаваат од ЦИВИЛ, за жал, само дополнително ги охрабрува насилниците во попречувањето на слободата на информирање!



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Србинка почина од свински грип во Бахреин

Дваесет и шестгодишна државјанка на Србија починала од свински грип ( H1N1), по тринеделно лекување во болница во Бахреин. Амбасадата...

Свет6 часа

Деветиот најбогат човек на светот се вклучува во трката за претседател на САД

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг утре ќе учествува во неговата прва телевизиска дебата во кампањата за претседател, соопшти неговиот тим. Директорот...

Македонија10 часа

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во...

Македонија11 час

Брисел го потврди ставот дека преговори со Северна Македонија и Албанија треба да има пред самитот во Загреб

Европската комисија (ЕК) го повтори ставот дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат што е можно...

Македонија11 час

(Видео) Поради недостиг на обрасци, можно е МВР да забрани поднесување барања за пасоши

Во Министерството за внатрешни работи размислуваат да забранат поднесување барања за пасоши поради недостигот од обрасци за кој техничкиот министер...

Регион12 часа

Милановиќ даде заклетва – ќе ја обединува Хрватска и ќе гради добри односи со соседите

Зоран Милановиќ денеска напладне и официјално стана новиот, петти по ред, претседател на Хрватска по давањето на свечената заклетва и...

Свет12 часа

Објавен таен документ на холандските разузнавачи за падот на малезискиот авион во Украина

Во јавноста е објавен таен документ од холандската разузнавачка служба за истрагата на падот на малезискиот авион на летот „МХ17“,...

Македонија13 часа

(Видео) Чулев: Спасовски набавил полициски чизми што не ги задоволувале критериумите за квалитет

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одобрил набавка на 3.000 чифта полициски чизми што не исполнувале четири од предвидените...

Македонија13 часа

Мицкоски пак го кани Заев на ТВ-дуел за да ги соочат аргументите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел за да ги соочат...

Македонија14 часа

(Видео) Судот ја исклучи јавноста од судењето за „Рекет“, Јовановски и Јанева беа против

Обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева се побунија на барањето од обвинителката Вилма Русковска јавноста да не ги слуша снимките...

Регион15 часа

Вучиќ најави дека парламентарните избори ќе ги распише на почетокот на март

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека ќе ги распише парламентарните избори во Србија на почетокот на март. „На почетокот на...

Свет17 часа

Три жртви во невремето во Велика Британија

Бројот на загинатите во невремето Денис, кое ја зафати Велика Британија, се искачи на три лица кога е пронајдено телото...

Регион17 часа

Рама: Помошта од донаторите ги надмина сите очекувања

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека сумата собрана на донаторската конференција во Брисел за обнова на неговата земја по разорниот...

Економија17 часа

Поскапеа цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет17 часа

Бројот на смртни случаи од коронавирус порасна на 1.868 лица, почина и директорот на болницата во Вухан

Бројката на смртни случаи од коронавирус во континентална Кина порасна на 1.868 лица, што е 98 повеќе во однос на...

Македонија1 ден

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија1 ден

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ1 ден

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Досие