Контакт

Актуелно

(Видео) Горан Стефановски седнат на клупа во Дебар Маало ќе ги чека сите намерници на муабет

Објавено пред

Дебар Маало денес го славеше животот на писателот и драматург Горан Стефановски. Актери, драматурзи, режисери и по некој политичар заедно со семејството и многубројни дебармаалци преку извадоци од интервјуата на Горан Стефановски, извадоци од неговите драми и документирани парчиња од неговиот живот го прославија неговиот 67 – ми роденден. Почитувачите на ликот и делото на Стефановски не ги предомисли ниту дождот па на бината во близина на Општина Центар застануваа со чадори за да го кажат она што го чувствуваат по големата загуба на Стефановски.

dobivaj vesti na viber

„Денес 27 април, роденденот на Горан Стефановски, безвременски уметник кој ни остави големо наследство на сите, го обележуваме како ден на културата на Општина Центар, настан со кој ќе го прославиме неговиот живот. Роденденот ќе го обележиме со садење дрво во негова чест, за да му дадеме живот и ќе го најавиме спомен обележјето кое ќе биде поставено тука. Ова е еден настан кој ќе влезе во програмата за култура и Општина Центар ќе го има како ден во кој ќе го чествуваме Горан Стефановски“, рече Јана Белчева-Андреевска, претседателка на Советот на Општина Центар.

Спомен бистата што ќе биде поставена во паркчето покрај јаворот засаден за Горан Стефановски

Заедно со семејствата Блечева –Андреевска рече дека ќе организираат поставување спомен обележје – клупа на која во природна големина ќе има биста на Горан Стефановски, за секој што сака да дојде и да си направи муабет со него.

„Тој седи со скрстени нозе, со книга во раката и гледа кон оној што ќе седне до него на клупата. Тој сакаше многу приказни да слуша, сакаше од сите да слуша приказни. Идејата е кој сака, ако му е нешто на памет, да дојде и да си разговара со него“, рече Игор, синот на Горан Стефановски.

Бистата се надеваат дека ќе се лее во Англија и за неа допрва треба да обезбедат пари.

Актерот Благоја Чоревски смета дека паркчето спроти гостилницата „Наџак“ каде што се планира да биде поставена клупата, е вистинското место затоа што токму овој дел од градот е местото на Горан Стефановски.

„Моето семејство, Чоревски, со семејството Стефановски се знаат од ’45 година. Од првиот момент кога доаѓаат како основоположници на Македонскиот народен театар, играа Тихомир, чичко Мирко, татко му на Горан и татко ми во првата претстава ‘Платон кречет’. Од тогаш беа неразделни се до нивната смрт. Горан е роден во Битола, јас сум постар од него, јас сум ’47 година а тој е ’52. Јас му бев батко, а потоа тој ми стана мене батко зашто стана еден од најпознатите писатели, а јас ја имав таа среќа да бидам до него и да играм во сите негови претстави. Загубата е ненадоместлива. Се радувам ако се постави бистата, затоа што ова беше негово место“, рече актерот Чоревски.

Игор, синот на Горан Стефановски на јаворот засаден во чест на неговиот татко, му даде име Горан и ги повика сите да наздрават за новиот живот.

„Сигурен сум дека не знаеше дека неговата смрт толку длабоко ќе се осети кај толку многу луѓе. Можевте да бидете на многу други места на овој продолжен викенд, ви благодарам што одбравте да бидете овде. Дрвото засадено за татко ми само што си го започна животот. Еден живот згасна, друг почнува. Нека се вика Горан, или Горанчо додека порасне. Нека пушти длабоки корења и нека биде среќно овде“, рече Стефановски и ги повика присутните со  поздравот „Здраво Горане“ во еден глас да му посакаат добредојде на дрвото засадено во срцето на Дебар Маало, во паркчето спроти гостилницата „Наџак“ во Скопје.

Игор, синот на Горан Стефановски, со чадор на бината ја заштити Синоличка Трпкова од дождот

Музиката на настанот беше плејлиста која што ја направил Горан Стефановски за гостување на ОФФ нет. На можноста да пушта музика и да направи своја плејлиста, Стефановски опишал дека се радувал како мало дете. На видео бим се менуваа интервјуата и разговорите со Стефановски, а дел од актерите во живо читаа извадоци од делата на писателот што ги играле.

Актуелно

Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК

Објавено пред

Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено пред

Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство

Објавено пред

Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

dobivaj vesti na viber

„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.

Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.

Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.

„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.

Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.

Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.

Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Дрога чувана под шанк во кафеана: четири лица под истрага за илегална препродажба на марихуана и хашиш во Валандовско

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година...

Македонија8 часа

Во „Пулс“ влегол со билет за кој не добил фискална, никој не му побарал лична карта, а од стампедото го спасил обезбедувачот Столе, сведочеше Иван Данаилов

Дваесетипетгодишниот Иван Данаилов, гостин во „Пулс“ вечерта кога се случи пожарот, на денешното судење сведочеше дека во клубот влегол со...

Македонија9 часа

МВР ги објави казните за „Безбеден град“: што ќе се санкционира и колку ќе плаќаат возачите кои ќе направат прекршок

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните...

Македонија9 часа

Николоски предлага три решенија за проблемот со шенгенските правила за превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на граничниот премин Блаце им даде поддршка на домашните транспортери, кои од денеска...

Македонија10 часа

Келнер, кој непријавен работел во „Пулс“, сведочи дека клубот имал само еден влез, имало малолетници, а пред пожарот со 63 жртви имало танчерки кои вртеле факели

Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа...

Македонија11 часа

Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје, најави Орце Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче ја критикуваше Владата дека го кочи европскиот пат и нема волја за уставни измени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седница на Националниот совет за евроинтеграции изрази сериозна загриженост поради, како што рече, целосниот...

Македонија12 часа

Судењето за „Пулс“ почна со предупредување за родителите на загинатите дека ќе бидат исклучени, по тензиите со бранителката на Јованови

Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени почна со предупредување за родителите...

Топ13 часа

Три лица тешко повредени во сообраќајка помеѓу три возила во тетовско

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во 22:50 часот на регионалниот пат Јажинце...

Македонија14 часа

Не е тајна дека Мицкоски има работено во бизнис секторот и има добро заработено, велат од ВМРО-ДПМНЕ за скапите часовници на премиерот

Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот...

Македонија14 часа

Блокадите на границите не се решение, загубите ќе бидат големи, смета Стопанската комора

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез...

Македонија15 часа

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција информира дека до МВР е доставена најава за одржување...

Македонија15 часа

150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, велат од СДСМ

„Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници“, велат...

Топ15 часа

Пијана со нож го прободела сопругот, а потоа го гребела по вратот и телото: жена од Хрватска осомничена за семејно насилство во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека...

Европа16 часа

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Белорусија е сè уште принудена да постои како територија управувана од Русија, додавајќи дека...

Свет17 часа

(Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака

Њујорк, Њу Џерси и Конектикат прогласија вонредна состојба поради голема зимска бура што донесе обилни снежни врнежи во целиот регион....

Свет17 часа

(Фото) Зимска бура во САД: Најмалку седум мртви, стотици илјади без струја

Опасната зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави усмрти најмалку седум лица и остави стотици илјади домови без електрична...

Свет1 ден

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ1 ден

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ1 ден

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...