Контакт

Култура

Европски денови на културното наследство 2023

Објавено пред

Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја поднесе иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската Унија за да се создаде заедничка акција, која продолжува до денес.

dobivaj vesti na viber

Во септември, секоја година, настаните на ЕДКН, често наречени отворени денови на наследството, се одржуваат во земјите членки на Европската културна конвенција, вратите се отворени за многубројни споменици на културата и локалитети, овозможувајќи им на граѓаните на Европа да уживаат во бесплатни посети, да научат за нивното заедничко културно наследство, охрабрувајќи ги активно да се вклучат во заштитата и унапредувањето на наследството за сегашните и идните генерации.

Годинешната тема на Европските денови на културното наследство е „Живо наследство“.

„Живо наследство“ се однесува на практиките, знаењата и вештините, кои се пренесуваат од една генерација на друга, а се користат и денес. Разни вештини, занаети и професии ни овозможуваат да го одржуваме и зачуваме нашето наследство на многу начини. Оваа тема ни дава можност да погледнеме одблиску на работата што ја вршат чуварите на нашето наследство, токму благодарение на луѓето што го пренесуваат своето знаење на идните генерации.

Традиционално, Националната галерија е дел од манифестацијата. На 29 септември 2023, во просториите на Чифте амам, се реализира работилница за деца посветена на делото на Дичо Зографот. Оваа активност организирана од едукаторот Маја Димитрова е дел од низата настани во рамките на Европските денови на културното наследство (22-29 септември 2023). На работилницата учениците од ОУ „ Невена Гергиева-Дуња“ – Скопје имаа можност да добијат основни познавања за животот и творештвото на најпознатиот македонски зограф од 19 век. Работилницата течеше преку разговор и креативна активност – боење цртежи инспирирани од мотивите на икони и фрески создадени од Дичо Зографот и неговата тајфа.

Автор на боенката е Анета Гергиевска-Шајн, историчарка на уметност, која веќе неколку децении живее во САД.

Културното наследство во едукацијата е еден од мотивите за разбирање на историјата и подигнување на свеста за неговото значење.

Култура

Концерт на австрискиот контрабасист Вагнер и српската пијанистка Палуровиќ на Охридско лето

Објавено пред

Во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, Охридско лето, вечерва, во црквата „Света Софија“ организира концерт на австрискиот контрабасист Доминик Вагнер и српско-австриската пијанистка Софија Палуровиќ.

dobivaj vesti na viber

Роден 1997 година во Виена, Доминик Вагнер е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенката на виолончелото и да ги прикаже индивидуалните можности на овој најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти. Успева во својата намера не само со неговото сценско присуство туку и со импресивната виртуозност, лирска мелодичност, како и со постојаните напори да го прошири репертоарот за контрабас преку нарачки на нови дела, транскрипции на постојни композиции, истражувања во потрага по ретки дела, а заедно со својот татко, композиторот Волфрам Вагнер, транскрибираат дел од концертот за виолончело од Дворжак во концертна композиција за контрабас, која својата премиера ја имаше минатата година во Луцерн.

Има настапувано со реномирани оркестри и ансамбли, како „Камерата Салцбург“, Симфонискиот оркестар на Баварското радио, оркестарот ВДР, Германската камерна филхармонија од Бремен, во концертни сали во Њујорк („Карнеги хол“), Берлин („Концертхаус“), Виена („Музиквераин“ и „Концертхаус“), Минхен („Херкулес сала“),Хамбург („Елб филхармонија“).
Соработува со Камерниот оркестар во Вуртемберг како млад уметник, а редовно настапува во САД, каде што одржува рецитали, камерни концерти и семинари. Во 2021 година Доминик Вагнер го издава своето прво ЦД со наслов „Џовани Ботезини – Револуција на басот“, а во 2023 го издава и своето второ аудио ЦД заедно со Лаума Скриде, „Поглавја – Приказна за контрабасот“.

Овој албум, како и концертите што се поврзани со неговата промоција вклучуваат дела од Бах и Шуберт, па сè до Пјацола и Манцини, на тој начин презентирајќи го целиот уметнички распон на Вагнер. Тој е исто така и активен камерен музичар постојано трагајќи по нови звучни изрази, што резултира со неговото дуо партнерство со џез-басистот Георг Бреиншмид, како и со кларинет триото со Себастијан Манц и Данае Доркен.

Софија Палуровиќ почнува да учи пијано на осумгодишна возраст со Татјана Вукмановиќ во Нови Сад, Србија. Кога го завршува образованието во специјализираното музичко училиште „Исидор Баиќ“ во Нови Сад, заминува во Виена, каде што студира на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во класата на Стефан Владар, а магистрира во класата на проф. Јасминка Станчул. За време на студиите бележи успеси на национални и меѓународни натпревари: прва награда на Меѓународниот натпревар за пијанисти во Белград, прва награда на натпреварот „Пијано таленти“ во Милано (Италија) и прва награда на натпреварот „Даворин Јенко“ во Белград. Дополнително, освојува награди како камерен музичар со триото „Спирито динамико“ (флејта, виолина и пијано). Во изминатите години настапува во престижни концертни сали во Европа, како „Брукнер хаус“ во Линц, „Бетовен хаус“ во Бон, но и во Градската куќа во Нови Сад.
Вклучена е во разни мултидисциплинарни проекти, како премиерата на верзијата на „Човекот од Мидијан“ за две пијана и современ танц. Софија се надградува учествувајќи на семинари кај познати пијанисти и педагози, како Анџела Хјуит, Жак Рувие, Иан Џонс и др.

Прикажи повеќе...

Култура

Друштвото на филмските работници: Македонија остана без национален кандидат за „Оскар“, македонскиот филм заглавен во кал

Објавено пред

Македонскиот филм е заглавен во кал. Не се сервисираат проектите што се во развој, во продукција или се завршени. Нема нови проекти, прекинати се или се загрозени речиси сите регионални и меѓународни соработки, а Македонија годинава нема да има ни кандидат за „Оскар“, едноставно затоа што нема филм што ги исполнува прилично едноставните услови пропишани од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука. Ова го истакна Дриштвото на филмските работници (ДФРМ) преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

Од тука велат дека погубните деструктивни политики, мотивирани од незнаење, поточно елементарно непознавање на филмската дејност и реваншизмот кон оние што со години се борат за подобри услови за производство на филм, ја доведоа македонската кинематографија до колопас.

„Покрај безумните и нелогични кратења кон најголемиот амбасадор на нашата култура – филмот, овие состојби се и последица на она на кое јавноста е сведок веќе подолго време – очајната ПР-капмања што се води против Друштвото на филмските работници токму од оној за кого не важат правилата, законите, професионална етика и принципот на колегијалност. Друштвото на филмските работници на Македонија стана предмет на подмолни анонимни пријави за набргу потоа да се обелодени нивниот подносител и автор. А само затоа што ДФРМ и фелата отворено и недвосмислено станаа против добивање државни средства на сметка пред завршување на конкурсните процедури пропишани со законот, против испумпување милионски суми пари на сопствени сметки надвор од земјата за наводен равој или промоција, како и против неколегијалното однесување, саможивноста и алчноста“, се вели во соопштението на ДФРМ.

Друштото очекува дека институциите на системот ќе се охрабрат и, како што велат, ќе ги расветлат и казнат криминалите што со години тежат и го влечат македонскиот филм во бездна.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Пијано-дуото Марија Ѓошевска – Славица Мицовска со целовечерен концерт на Охридско лето

Објавено пред

Програмата на 64. „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на пијано-дуото Марија Ѓошевска и Славица Мицовска –Смилевска што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

dobivaj vesti na viber

Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанистки во нашата земја. Дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Како солист и камерен музичар настапува на сите реномирани фестивали во Р.С. Македонија но и надвор од неа во: САД, Англија, Франција, Австрија, Италија, Полска, Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција итн. Настапува како солист со Филхармонијата на Р:С. Македонија, а значајни се и концертите со Симфонискиот оркестар во Дубровник, Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија и фестивалскиот оркестар на „Охридско лето” соработувајќи со повеќе домашни и странски диригенти. Често настапува како камерен музичар и пијано соработник со истакнати инструменталисти. Ѓошевска е еден од македонските учесници во проектот „Пијано – рефлексија на европската култура” со концерти во пет земји: Франција, Австрија, Полска, Молдавија и Р.С. Македонија.

Марија Ѓошевска е редовен професор и раководител на катедрата за клавишни инструменти и харфа и раководител на трет циклус – докторски студии за музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

Славица Мицовска-Смилевска завршува основно и средно музичко училиште во МБУЦ „Илија Николовски -Луј”во Скопје, во класите на проф. Ј. Митревска и проф. М. Влаисављевиќ. Дипломира на одделот по пијано на Музичката академија во Софија, во класата на проф. Жени Захариева, каде и магистрира во 2004 година. Во 2019 година ги завршува докторските студии на ФМУ под менторство на професорката Захариева. Посетувала повеќе семинари кај истакнати професори и педагози. Учествувала на голем број натпревари на државно и меѓународно ниво, каде се стекнала со повеќе награди. Остварила концерти како солист, камерен изведувач и корепетитор во земјава, но во Бугарија, Грција, Србија. Австрија, Малезија, Франција.

Во моментот работи како редовен професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

„Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички...

Македонија2 часа

Филипче вели дека згрешиле со измените на Кривичниот законик, на Владата ѝ предложи да донесе нов што им бил изготвен пред шест години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека претходната влада згрешила што ги донела измените на Кривичниот законик, со кој застаруваат...

Македонија3 часа

Таравари и со скратен буџет ќе ги вработува оние со договор на дело: Ќе најдеме решение и тие до крајот на годината да бидат редовно вработени

По одлуките за вработување на специјализантите и дополнувањето на позитивната листа на лекови, кои министерот за здравство, Арбен Таравари, ги...

Македонија4 часа

Гром предизивка пожар во општина Старо Нагоричане

Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа од регионалниот центар за управување...

Топ5 часа

Пронајдено женско тело во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“

Тело на женско лице рано утрово е пронајдено на заштитната решетка од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, на влезот...

Македонија6 часа

ОЈО Скопје ќе предложи спојување на постапките за обвинетите за грабнувањето и свирепото убиство на две лица

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави известување за завршена истрага до првоосомничениот за двојното грабнување и свирепо...

Свет7 часа

Трамп: Говорот на Бајден едвај разбирлив и многу лош, „расипаниот Џо“ и „лажливата Камала“ се срам за Америка

Републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека првото обраќање на претседателот Џо Бајден до нацијата откако тој...

Свет7 часа

Бајден во обраќањето до нацијата: Палката ја оставам на помладите заради обединување

Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата за прв пат откако се откажа од трката за реизбор, ја...

Свет7 часа

Руски воен хеликоптер се урна во руската област Калуга, екипажот загина

Руски воен хеликоптер Ми-28 утрово се урна за време на редовен лет во регионот Калуга, а екипажот загина, соопшти руското...

Свет7 часа

Во пожар на аеродромот во Њујорк девет лица повредени, четворица хоспитализирани

Неколку лица се пренесени во болница откако избувна пожар на ескалатор на меѓународниот аеродром Џон Кенеди (ЏФК) во Њујорк, соопштија...

Свет7 часа

Во Кина над 150.000 луѓе севакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми

Источната кинеска провинција Фуџијан евакуираше повеќе од 150.000 жители поради очекуваниот удар на тајфунот Гаеми, соопштија денеска властите. Суспендирани се...

Македонија17 часа

(Видео) Изгаснат пожарот во Ново Село

Хеликоптерот на МВР во 15 циклуси исфрли 22 тони вода, со што пожарот кај Ново Село е изгасен, објави Министерството....

Македонија19 часа

Сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија во извештајот на Европската комисија

Сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија изразува Европската комисија (ЕК) во годишниот извештај за владеење на правото....

Топ21 час

Разрешен директорот на затворот во Шуто Оризари, на негово место доаѓа Бобан Утковски

Владата го разреши Филип Андов кој досега директоруваше со Затворот Скопје во Шуто Оризари. Од Владата велат дека разрешувањето е по констатираните...

Македонија21 час

Владата донесе одлука за вработувања на 600 специјализанти во болниците

Владата на седница усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата....

Македонија1 ден

Тошковски: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија, не може затвореник што наводно е во затвор да предизвика сообраќајна незгода

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека во иднина нема да има недопирливи, без оглед на политичката или социјалната...

Топ1 ден

Битолчанец со месеци силувал 18-годишна девојка, ја уценувал со објава на интимни фотографии

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело полов напад и силување од член 186 став...

Македонија1 ден

Во бегство 36-годишникот осомничен за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново

Поради основано сомнение за кривично дело убиство oд член 123 став 2 точка 3, а во врска со член 19...

Македонија1 ден

Во овој момент немаме потреба од странска помош, успешно се справуваме со досегашните пожари, посочи Ангелов

„Потребна ни е длабока реформа на целиот систем на Центарот за управување со кризи за да се гаснат пожарите побргу...

Регион1 ден

Ден на жалост во Дарувар: на убиецот му се заканува максимална казна затвор од 50 години

Шест лица загинаа во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар. На убиецот од Дарувар му се заканува максимална...