Контакт

Изложби

Изложба на Моника Мотеска во Мобилната галерија

Објавено пред

Вечерва, во 20 часот, во Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата, ќе биде изложена инсталацијата „Тивка деструкција“ на Моника Мотеска.

Инсталацијата ја сочинуваат цртежи и видеопроекција врз мермерна плоча. Цртежите на цвеќе (рајска птица/Strelitzia Reginae) се метафора на животот. Од една страна, цвеќето што има форма на птица, егзотична, сензуална, мистична, убава, а од друга, видеопроекција на подводен живот. Рај наспроти нешто што се случува под површината на земјата – подземен живот. Свет што со еден удар би се срушил и би се претворил во прашина. Како контрапункт на цвеќето тој е другиот свет што се случува независно од нас. Една убавина наспроти друга. Еден поинаков поглед на убавината и опасноста што не демне секогаш без ние и малку да сме свесни. Иако банални и тривијални, цвеќето, водата и каменот транспонирани во друга димензија добиваат поинакво значење. Цветот како сексуално и телесно задоволство, уживање во земската убавина и нејзината минливост. Водата во која се случува живот, но и непогоди, внатре земјата се тресе, се бранува, тој свет за нас сè уште е мистичен и непознат.

Моника Мотеска е родена во Прилеп, 1971 година. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност – сликарски оддел во Скопје, 1996. Се занимава со сликарство, фотографија, видео и инсталација. Работела на дизајнирање изложби и промотивни материјали од областа на старата фотографија.

Изложбата е финансиски поддржана од Општина Центар.

Изложби

Групна изложба на млади графичари во МКЦ

Објавено пред

Група млади македонски графичари – Ана Трајковска, Ивана Секулоска, Јован Јосифовски и Душан Стефановски, ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Преку разни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилските концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.

Преку индивидуалните експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и врз разните материјали (епоксидна смола, линолеумски отпад, гипс, желатинска фолија, лесонит, тул, хартија итн.) авторите помалку или повеќе ќе успеат да ги допрат граничните подрачја и ќе ги прелеат и слеат во други ликовни медиуми во кои непосредно може да се препознаат карактеристиките на проширеното поле на графичката уметност.

Дел од петтемина автори, користејќи ги традиционалните методи на техничката изведба (но, и своевидното рециклирање на графичкиот отпад), со нивниот индивидуален пристап, всушност ќе ја манифестираат флуидноста на графичкиот медиум и прелевањето во интермедијалноста, која морфолошки ќе се артикулира во скулптурата, модниот дизајн, висечката инсталација, колажите и графитите. Иако концепциски и стилски меѓусебно се сосема диференцирани, сепак дифузната графичка линија на целата изложба го претставува оној заеднички именител што го означува примарниот интерактивен елемент, со кој авторите ќе го воспостават внатрешното дијалогизирање помеѓу делата, кои поединечно ги артикулираат разните поетички наративи: еколошките, социополитичките, феминистичките и културолошките.

Тие ќе бидат артикулирани преку презентирањето на двострано испечатениот, т.е. транспарентноста на античкиот скулпторски портрет на Ана Трајковска, како и транспарентноста на модниот дизајн на Ивана Секулоска; фрагментирањето и спојувањето на деловите во целоста на исклучителните критички колажи на Јован Јосифовски и трансферирањето на уличната уметност во галериски простор на Душан Стефановски, така што во сите дела на авторите може да се забележат автентичните индивидуални дискурси. Иако нецелосната виртуелна рецепција на делата од потписникот на овој текст се чини сомнителна, сепак се надеваме дека нема да биде големо промашувањето од менталното проектирање до реалното презентирање на делата. Исто така, се надеваме дека оваа изложба нема да биде единствена од ваков вид и дека во иднина на авторите ќе имаат уште поголем предизвик за натамошно истражување и исчекорување од класичната графичка уметност.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложбата „Марини“ од Ацо Таневски во Куманово

Објавено пред

В петок, со почеток во 12 часот, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе биде отворена изложбата „Марини“ од авторот Ацо Таневски. Изложбата содржи 28 дела, пејзажи масло на платно, изработени во периодот од 2002 до 2012.

За самата изложба, авторот Таневски ќе каже: „На моите дела се прикажани марини од морето, езерото. Тоа беше моја преокупација 15-ина години. Делата се продукт на мојата филозофија дека човекот е напасник на планетата и природата. Ја уништуваме природата, околината, а со тоа и морските површини. Затоа на моите дела отсуствува човекот, таму е дадена самата природа, која е недопрена…“

Изложбата е проект од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајн за 2020 година, финансирана од Министерството за култура.

Промоторот на изложбата, Елица Николова, историчар на уметноста при Народниот музеј Велес ќе запише: „Живеејќи во време на глобално загадување на животната средина и драстично намалување на чистите екосистеми за преживување на животинските и растителни видови, егзотично изгледа сликан пејзаж и необично звучи класичен ликовен пристап и приказ на недопрена природа. Водата како извор на праживот во разна форма – морски брегови, езера и реки, слатка и солена вода – е главен мотив на сите дела. На сликите е забележливо отсуството на човекот и предмети направени од човечка рака“.

Ацо Таневски е роден 1965 година во Скопје. Завршил средно уметничко училиште во 1984 година, како и Факултет за ликовни уметности (педагошки, отсек сликарство) во 1991 во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1993 година и активен член на Сојузот на ликовните педагози. Има 10-годишно искуство од областа на образованието. Во моментот е вработен како ликовен едукатор во Национална галерија на Македонија. Организатор е на едукативни работилници и изложби за млади. Освен со ликовна, се занимава и со театарска и книжевна уметност. Учесник е на над 100-ина групни изложби во земјата и странство, како и на 40-ина ликовни колонии.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 14 април.

Прикажи повеќе...

Изложби

„О“ – изложба на визуелната уметница Јана Јакимовска

Објавено пред

КСП „Подиум Јадро“ го одбележи Меѓународен ден на жената со изложбата насловена „О“ на визуелната уметница Јана Јакимовска.

КСП „Подиум Јадро“ го одбележува овој ден со осум дела од серијата „О“ на Јана Јакимовска.

За “О”

Дигитално, зашто иднината е дигитална.
Фотографирано, зашто во копи-пејст сегашноста старите вештини се непотребен луксуз.
Чкртано, зашто секој знае да чкрта.
Текстуално обременето, зашто живееме во време на меме-култура, снепчет и пурикура.
Автопортрет, зашто твојата приказна полесно се голта низ туѓо искривено лице.
Факти, зашто боговите треба да се замолчат еднаш засекогаш.
Хумор, зашто не постои тема што не смее да се исмее.
Оргазам, зашто она за што не зборуваме престанува да постои.

Јана Јакимовска 

Јана Јакимовска е родена 1981 во Скопје. Дипломира (2005) и магистрира (2009) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Освен со сликање се занимава и со фотографија, интервенции во јавен простор, графички дизајн, илустрација, а од поскоро време и со перформанс. Голем дел од рецентното творештво и’ се занимава со прашањата на телото, сепството, сексуалноста, позицијата на жената во општеството. Имала 19 самостојни изложби во Берлин, Њујорк, Белград, Приштина, Скопје, Гевгелија, Куманово и Штип. Учествувала на преку 80 изложби во САД, Германија, Италија, Литванија, Турција, Грција, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Учествувала на 17 ликовни симпозиуми во Грција, Хрватска, Србија и Македонија. Во моментов е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Настанот се реализира со поддршка на Јадро – Асоцијација на независната културна сцена преку проектот „Хибридна институција за хибридна култура“ финансиран од Гете институт – Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Ивент индустријата ќе добие финансиска помош за смислување настани за Денот на независноста

Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат...

Македонија3 часа

Османи ги претстави првите економски советници кои ќе бидат испратени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги престави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на...

Македонија4 часа

МЗ: Голема благодарност до семејството на починатата девојка, нејзините органи ќе бидат донирани на десетина пациенти

Пациентот кој го прими срцето од починат донор во втората трансплатанција на срце во државава е на возраст од 22...

Македонија5 часа

Одбраната на Камчев поднесе кривични пријави за судиите кои му одредија притвор

Одбраната на Орце Камчев поднесе кривични пријави против судиите кои му го продолжија притворот за уште 30 дена за предметот...

Регион5 часа

Рама тврди дека го видел документот со промена на границите на Западен Балкан

Албанскиот премиер, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите на Западен Балкан, пренесува Газета Експрес....

Свет6 часа

Русија им забрани влез на високи претставници на администрацијата на Бајден

Русија воведе забрана за влез на високи претставници на САД. Меѓу нив се и јавниот обвинител Мерик Гарланд и министерот...

Македонија6 часа

Извршена втора трансплантација на срце во Македонија кај 22-годишно момче

Ноќеска во Македонија беше извршена втората трансплантација на срце на Клиниката за кардиохирургија. Станува збор за 22-годишно момче кое доби...

Регион20 часа

Јанша го негира нон-пејперот: Тој документ не постои

Нема документ, па дури и нон-пејпер, со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот, е пораката...

Македонија22 часа

Судот одреди домашен притвор за Драги Рашковски

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, доби домашен притвор, кој му е изречен од Кривичниот суд. Судијата кој одлучуваше, го...

Македонија1 ден

Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина

Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но пресумцијата...

Македонија1 ден

Богдановиќ укажува дека ако се суспендира планот за зградите кај „Холидеј ин“, штетата ќе ја платат граѓаните

Во стариот Закон за урбанистичкото планирање општините немаа никакво ограничување за тоа колку да трае суспензијата или неспроведувањето на плановите...

Македонија1 ден

Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

Министерството за здравство следната недела ќе преговара со српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стртепки...

Свет1 ден

СЗО: Стапката на новозаразени се ближи до нов рекорд

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот на неделно ниво е речиси двојно зголемен во последните два месеца и...

Европа1 ден

Првите „ковид-фри“ возови од денес превезуваат патници од Рим до Милано

Денес, тргнуваат специјални „ковид-фри“ возови, во кои патниците ќе може да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, што...

Регион1 ден

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу

Граѓаните на Србија развија имунитет најбргу со вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата доза, што е за...

Македонија1 ден

Во болниците во земјата се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус...

Регион1 ден

Србија ги отвора училиштата

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата...

Македонија1 ден

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата...

Европа2 дена

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија2 дена

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Досие