Контакт

Култура

„Киненова“: Ни ги прекинаа финансиите поради одлуката да го прикажеме „Ругање со Христос“

Објавено пред

Цензурата во Македонија продолжува во жестока форма да ја гуши културата и уметноста.
Имено, на Агенцијата за филм оваа година реши да се придружи и Град Скопје, чија комисија донесе одлука оваа година комплетно да ја укине поддршката за Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ Скопје, со што очигледно сакаат да го погазат и неправедно и тенденциозно да го девалвираат трудот на голем број филмски професионалци кои стојат зад истиот, се вели во реакцијата на ,,Киненова”.

dobivaj vesti na viber

Според нив, укинувањето на финансиите на МФФ „Киненова“ за 2019 година следуваат по силните притисоци и официјалниот обид за цензура кои ги вршеа Министерството за култура и Агенцијата за филм врз јавноста и организацијата на фестивалот, поради цврстата одлука која ја донесе Управниот одбор на фестивалот да го прикаже деби филмот „Ругање со Христос“ на Јани Бојаџи на отворањето на изданието во 2018.

„Ова ни дава за право да се сомневаме дека домашните институции, особено Агенцијата за филм и Министерството за култура како најповикани сакаат да ја спречат ‘Киненова’ како независна институција која има свој слободно изграден став и одлучува самосвојно, врз основа на високоизградените филмски критериуми во однос на филмската уметност. Следствено сметаме дека се работи за систематски и смислен институционален бојкот на фестивалот и укинување на слободата на уметничко изразување и искажување на слободен уметнички и ангажиран став. 
Истите тие треба да се свесни дека тоа се сепак пари од граѓаните, даночните обврзници, и истите треба да се поделат рамноправно, според квалитетот на понуденото, а не по принципот дали некому му се допаѓаме или не. ‘Киненова’ е нова ѕвезда на македонското фестивалско небо, со нов, оригинален концепт кој ги надминува застарените концепции на останатите слични фестивалски содржини од ваков тип, и токму затоа сметаме дека истиот требаше и мораше институционално да биде поддржан и оваа година! Ова го поткрепуваме со штурото објаснување дека ‘проектот Киненова Скопје е одбиен поради тоа што не ги исполнил очекувањата како програмски, така и организациски'”, се вели во реакцијата.

Како потсетување, на „Киненова“ за време на минатите три изданија гости беа едни од најзначајните европски авторски имиња, како и големи актерски ѕвезди од регионот, како Жарко Лаушевиќ, Мира Фурлан, Аница Добра, кои фестивалот ги закити со признанија. Како предавачи и дел од стручните жирија беа врвни сценаристи и режисери, добитници на највисоки признанија во светот на филмот. 
На минатогодишното издание ја имаше најбогатата програма досега, со вкупно 72 прикажани филмови од најновата светска филмска продукција. Речиси сите програми на фестивалот беа оригинални, неприсутни на ниту еден друг фестивал во Македонија. Пример се програмите: „Бергман како дебитант“ – проект кој беше дел од прославата организирана од страна на шведската влада по повод одбележувањето на големиот јубилеј „100 години од раѓањето на големиот шведски филмски режисер Ингмар Бергман“ и во склоп на која беа прикажани филмови на Бергман за првпат во Македонија; потоа, програмата „Балканската аудиовизуелна уметност како важно европско културно наследство“, програма директно поддржана од Европската Унија, и многу други.

„Сакаме да информираме и дека 95% од фестивалската програма минатата година, а и за сите останати изданија на ‘Киненова’, е составена од филмови кои за првпат се прикажуваат во Македонија и не се постари од 20 месеци. Што е дел и од фестивалската регулатива. Дополнително сакаме да информираме за каков квалитет на фестивал се работи со податокот дека фестивалот до сега е поддржан од бројни странски институции, како: десетици амбасади и неколку големи светски фондови и фондации. Фестивалот за првпат во земјата ги претстави: современата грчка кинематографија, потоа современата венецуелска кинематографија, современата норвешка кинематографија, и многу други слични проекти и програми.
 Како додадена вредност на фестивалот се и активностите за подигнување на нивото на општествена одговорност преку кои фестивалот директно им помага на ранливите групи  граѓани, а минатата година конкретно на децата со посебни потреби преку работилницата за анимација. Фестивалот додаде вредност и во образовниот процес преку организирање на професионална филмска работилница за развој на сценарија под менторство на скрипт-доктор од странство, за млади македонски сценаристи и со тоа секоја година дирекно придонесува во подигнување на филмската култура во земјата.

А дека се работи за тенденциозено и субјективно однесување и евалуирање на проектите говори и фактот дека, иако критериумите на конкурсот се: ставање на македонската кинематографија во меѓународен контекст, промовирање на филмската култура во земјата, европската димензија на програмите, реномето на фестивалот итн., тие очигледно не се земени предвид во случајот на ‘Киненова’ бидејќи фестивалот комплетно ги исполнува и дури и надминува истите, но бодувањето за овие критериуми е минимално. Од друга страна, ќе наведеме дека овие две години поддржани се настани кои биле непостоечки или кои за првпат конкурираат, а за споредба, ‘Киненова’со три меѓународни и програмски квалитетни последователни изданија не е поддржан!

Потоа, поддржувани се, па дури и зголемена е поддршката за фестивали кои немаат вистинска филмска профилација или не се професионални настани, туку се занимаваат со други области користејќи го филмот само како посредна област, а повеќето од истите не прикажуваат филмови ниту на минимум технички стандарди за прикажување, за разлика од фестивалот „Киненова“, каде 95% од проекциите се со највисоки ДСП-стандарди за прикажување филмови. И уште сакаме да ја информираме јавноста дека најголем дел од средствата со кои фестивалот е подигнат и е стигнат до ова ниво се лични влогови на основачите или од странски фондови, а фестивалот е искрен подарок за филмските работници и целата публика и јавност во Македонија, кои силно го поддржаа и препознаа оригиналниот концепт кој го нудиме, глорификација на првите и вторите остварувања на филмаџиите ширум светот, новите сили во филмската уметност.

И на крајот, ја информираме публиката, вистинските филмски љубители и познавачи дека без разлика на сè, нема да дозволиме да бидеме спречени и ќе реагираме соодветно со жалба до Агенцијата за филм”, се додава во реакцијата на Меѓународен филмски фестивал „Киненова“ Скопје.

Култура

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на програмата на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Објавено пред

Единаесет претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма се селектирани на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. „Ново читање“ е именувана програмата на уметничкиот директор Ана Стојаноска, која денеска на прес-конференција ја образложи својата селекција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Иницијалната позиција од која почна селекцијата е да се дефинира сериозна голема театарска претстава која е во контекст или со годинешниот Автор во фокус – Горан Стефановски или во контекст на современиот пристап во третирањето на театарот денес, вели Стојаноска.

dobivaj vesti na viber

Собранието на фестивалот одлучи наградите за животно дело да ги добијат актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов.

Мотото на фестивалот годинава е „Промени се, промени сè“.

– Се решив да го прикажеме тоа што е современо и актуелно, истовремено во корелација со европските театарски трендови. Она што доминира во програмата е потребата да се најдат нови читања на стари теми, истовремено создавајќи поинаков третман на просторот. Доминантно во продукцијата беа повеќе камерните или „мали“ сцени наспроти големата сцена. Имаше неколку впечатливи камерни претстави работени според домашни автори, но не одговараа на концептот на ова издание на фестивалот. Тоа не значи дека беше естетички ограничена, туку создаде ново гледање и на драмите и на просторот. На македонската театарска продукција како и да ù фали сериозно истражување и на современите театарски тенденции, но и на сопствените театарски капацитети. На нашите театарски сцени им треба промена која се надевам ќе ја иницира фестивалот годинава, рече Стојаноска и додаде дека „промената е најблиската потрага по сопствениот креативен потенцијал. Таа е првата победа во битката со конформизмот, старите навики, инертните или наследени ситуации“.

Концептот „Ново читање“ ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се:

1.„Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; 2.„Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје; 3.„Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип; 4.„Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица. Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот.

Во оваа програма се претставите:

1.„Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје; 2.„Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес; 3.„Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар; 4.„Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје; 5.„На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола; 6.„Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија; 7.„Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје.

Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција:

1.„Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“; 2.„Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип; 3.„Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје; 4.„Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна; 5.„Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид. 6.„Арт“ од Јасмина Реза, дипломска претстава на студентите по актерска игра од класата на проф. Дејан Пројковски, Универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје.

Фестивалот ќе биде отворен со настан во чест на добитниците на наградата за животно дело, што ќе се одржи во Центарот за култура, а потоа ќе следува изведбата на претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар.

„И годинава сакаме Прилеп да биде град-театар, ќе има уште фестивалски зони што ќе ги откриваме постепено. Им се заблагодарувам на сите што го помагаат фестивалот“, рече Стојаноска.

За време на фестивалот ќе се одржи еден ден комплетно посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за читање на Горан Стефаноски што ќе ја води проф. д-р Јелена Лужина, Работилницата за следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал. Повиците за учество на овие работилници ќе ги објавиме наскоро.

Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.

За наградите на фестивалот и годинава ќе одлучува тричлено меѓународно жири, во состав: д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Култура

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Објавено пред

По повод Месецот на полската литература, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе гостува Војќех Јагелски, автор на книгата „Сите војни на Лара“. Разговорот со авторот ќе го води Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

dobivaj vesti na viber

На настанот закажан за 13 мај (понеделник) во 19 часот, му претходи (во 18.30 часот) отворањето на изложбата од студентите-учесници на конкурсот „Графика на годината“ организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков.

На 16 мај (четврток) во ГБСК гостува Роксана Јенджејевска-Брубел, авторка на книгата „Расположенијата на Хиполит Колбас“. Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во нашиот Оддел за литература за деца во 17 часот.

Гостувањето на полските автори е дел од проектот „Полска на полица“, во кој партнер на Амбасадата на Р. Полска е токму ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Настаните се со превод на македонски јазик.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на Курт Елинг и Националниот џез-оркестар во МНТ

Објавено пред

Светската мега-ѕвезда на вокалната џез музика, двократниот добитник на Греми награда, Курт Елинг, доаѓа во Скопје.

dobivaj vesti na viber

За него „Њујорк Тимес“ ќе напише дека токму тој е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време.“

Според „Вашингтон Пост,“ „“Од средината на 1990-тите, ниту еден џез-пејач не бил толку смел, динамичен или интересен како Курт Елинг”, додека ББС Артс оценува дека тој „… ја турка напред уметноста на џез пеењето, повеќе од било кој друг машки изведувач од неговата генерација“.

Елинг има вкупно десет номинации за Греми награди, од кои има освоено две награди за најдобар вокален џез албум за изданијата Dedicated to you (2009) и Secrets are the best story (2021).

Во 2012 година е прогласен за прв почесен џез амбасадор на Шлезискиот џез фестивал во Полска, а добитник е и на германската награда Ехо џез и Шкотската награда за џез – меѓународна категорија. Во 2013 година е прогласен за Меѓународен џез -изведувач на годината на доделувањето на наградите Jazz FM Awards.

Во текот на својата кариера соработува и снима со Вејн Шортер, Данило Перез, Дејвид Амрам, Ренди Бахман, Боб Белден, Џоан Бракин, Оскар Браун Џуниор, Џоди Кристијан, Били Корган, Орберт Дејвис, Џорџ Фримен, Бади Гај, Јон Хендрикс, Чарли Хантер, Боб Минцер, Бред Мелдау, Ли Ритенур, Џон Пицарели и Боб Шепард. Покрај неговиот бенд со кој најчесто настапува, Курт Елинг бил и член на Квартетот на Бранфорд Марсалис.

Доколку на првите албуми композициите повеќе наликуваат на класичните џез стандарди, звукот на Елинг во последните години добива димензија плус, внесувајќи екстраваганција во музичкиот израз и експериментирајќи со класичните џез музички форми.

Концертот на Курт Елинг со Националниот џез оркестар ќе се одржи на 15 мај, 2024 година во Македонскиот народен театар, со почеток од 20 часот. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија4 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија5 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија6 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија6 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија8 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје9 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа11 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет11 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет11 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија19 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија21 час

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...