Контакт

Култура

Златна камера 300 за Рубен Импенс за филмот „Осум планини“

Објавено пред

Приказните се живи се додека има која да ги раскажува. Приказните кои се раскажуваат на фестивалот „Браќа Манаки“ се од оние првите приказни, приказните со кои почнало раскажувањето, од првото новно раскажување, од првото прикажување, ги раскажуваме и прикажуваме и денес со сопствениот начин на раскажување во нашата недоволна реалност.

dobivaj vesti na viber

Нашето време ги раскажува првите приказни од својата перспектива, во својот контекст, означувајќи ги на поинаков, свој начин. Приказните постојат се додека се раскажуваат, додека се негуваат додека се осветлуваат во нова светлина, во копнежот по нова реалност.

Годинешното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ донесе своја реалност и покажа дека секогаш кога реалноста не е доволна филмската уметност е тука за да понуди своја реалност и уште еднаш да не однесе во филмскиот бескрај, запловувајќи по океанот на движечките слики.

ИФФК „Браќа Манаки“ секоја година ги вреднува најдобрите кинематографери , но исто така важен сегмент е студентската програма, односно негувањето на филмската иднина. Од оваа година студентската програма е со натпреварувачки карактер и селекција на филмови од најдобрите европски филмски академии.

-Наградата за најдобар студентски филм се доделува на филмот „Вдовица и сираче“ во режија на Никлас Форман, директор на фотографија Симоне Харт и Кристијан Нојбергер. Филмот доаѓа од филмската академија во Австрија, соопшти селекторот на студентската програма Ѓорги Пулевски.

Одлуката ја донесе жирито во состав: Митко Панов, Фејми Даут и Благоја Куновски – Доре.

-Наградата за најдобар студентски филм се доделува на филмот „Вдовица и сираче“, кој прикажува длабок и емотивен приказ на младоста, отуѓеноста и надежта. Генијално снимен филм, кој на уникатен начин ја раскажува филмската приказна со поетски визуелен израз. Раскажан со стил, филмот се развива низ повеќе слоен наратив како визуелен тек на свеста, на ослободувачки експетиментален начин, стои во одлуката на жирито.

Режисерот на филмот ја прими наградата и изрази благодарност до кинематограферите, жирито, тимот со кој работел и ја на тимот волонтери од Фестивалот, особено на Анѓела, волонтерката на Фестивалот бидејќи, како што рече, дал ветување дека ако освои награда ќе и ја посвети.

Реалноста не е доволна, но како од истата таа реалност да се создаде уметност. За документарниот филм реалноста е секогаш голем предизвик за да ја обликува во уметничко дело. За наградата Железна камера 300 за документарен филм одлучуваше жирито во состав: Јасмин Башиќ, Фејми Даут и Есин Белит и одлучи наградата да му ја додели на филмот „Мара“ на Саша Кулак, што како предлошка ја поставува естетички и концептуално смела перспектива на политички турбулентните времиња низ кои поминуваме. Не само што не приближува до менталната состојба на лицата кои се изложени на политичко насилство од различен степен, туку и ни ги нуди филмските пристапи како алат за интеракција за преживеаните искуства. Зазема цврст став без да го естетизира доживеаното насилство притоа неотуѓувајќи ја публиката.

Жирито на документарната програма одлучи да даде посебно признание на формално храбар и силно политички определен филм, кој ги надминува жанровските граници, вешто играјќи си со инструментите на фикцијата, истражувајќи нови феминистички наративи филмот усоева да понуди вознемирувачки приказ на современ Бразил. Посебното признание му е доделено на филмот „Гори сува земја“ на Џоана Пимента.

Кога реалноста не е доволна секогаш се прашуваме како во кратка филмска форма да се раскаже приказна на најдобриот можен начин. Краткометражниот филм е секогаш голем предизвик за филмските автори. Жирито во состав: Маја Богојевиќ, Самир Љума, Жан Мари Дружу, Карлос Дијас и Мелиса Созен одлучуваше за наградата Мала камера 300.

-Имавме прекрасен фестивал, изгледавме доста филмови од кратката и главната програма. Малата камера 300 се доделува на Шади Чабан за краткометражниот филм „Варша“ за совршеното мајсторство во создавањето на незаборавна визуелна поема која го спојува традиционалниот филмски јазик со новите технологии со цел да ги длабоко потиснатите чувства на протагонистот, соопшти Самир Љума.

Сите изминати осум фестивалски денови „Браќа Манаки“ го славеше филмот и големите кинематографери. Градот Битола беше еден од најважните фестивалски центри во Европа. Во програмата имаше оскаровци, филмови од фестивалите во Кан, Венеција, Берлин. Токму затоа и не беше лесна задачата да се изберат најдобрите кинематографери.

-Бронзена камера 300 се доделува на Хидетоши Шиномија за филмот „Вози ја мојата кола“, за суптилната, но цврста камера која поетично ги пренесува трогателните човечки приказни за нежноста кои универзално одекнуваат, соопшти Карлос Дијас, член на жирито.

Добитникот на Сребрена камера 300 го соопшти Маја Богојевиќ.

-За извонредно нијансираниот и сликовит приказ на животот во Неапол, прецизното и доследно кадрирање во ова прекрасно љубовно писмо до Фелини со автобиографски прикази, Сребрената камера 300 се доделува на Дариа Д’ Антонио за филмот „Божјата рака“.

Дариа испрати порака во која се заблагодари на жирито и на сите што ги запознала за време на престојот во Битола.

-Златната камера 300 се доделува Рубен Импенс за филмот „Осум планини“, за компонирањето на моќна и трогателна приказна што го одзема здивот, во која воодушевувачки се испреплетуваат планинските пејзажи и човечката осаменост во хармонија со природата, мајсторски снимени во тешки услови што ја стаписуваат публиката, соопшти претседателот на жирито Жан Мари Дружу.

Фестивалот „Браќа Манаки“ е еден од ретките во светот, а единствениот во овој дел од Европа кој што ја вреднува и слави работата на кинематограферите. Оваа вечер во Битола беше едно големо име – Џон Метисон. Тој е директор на фотографија кој зад себе има редица антологиски филмски остварувања, добитник на наградата Бафта, на британското друштво на кинематографери, две номинации за Оскар, неговата филмографија го вклучува „Гладијатор“, „Фантомот од операта“, „Кралот Артур“, „Робин Худ“, „Ханибал“, „Скајфол“ и многу други.

Нему вечерва министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска му ја врачи наградата Златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност.

-Воодушевен сум што сум овде бидејќи ова е едно од местата каде соодветно се чествува нашата работа, а вие од фестивалот „Браќа Манаки“ навистина успевате да го направите онака како што доликува. Успевате да не промовирате нас како кинематографери и нас како филмска камера како нешто што заслужува многу голема важност. Луѓето понекогаш не сфаќаат колку е тешко страници и страници црно бел текст да се преточат во визуелен јазик. Зошто ова не е обид да се зачува јазикот на некоја одредена група, визуелниот јазик секој го разбира. Кога снимале браќата Манаки имало само слики, а сликите сите ги разбираат, рече Метисон.

Бидејќи реалноста не е доволна се случи ова магично 43 издание на фестивалот „Браќа Манаки“.

-Нам реалноста не ни е доволна и затоа оваа година се обидовме да создадеме настан каков што заслужуваат Битола и Македонија. Имавме одлични филмови, фантастични жирија, имавме исклучителни добитници на специјалната награда Златна камера 300 за животно дело и за особен придонес во филмската уметност, она што не го знаевме колкумина од вас ќе дојдат во оваа сала да уживаат во филмовите, како ќе се чувствуваат гостите и домаќините, но Дариа Д’ Антонио по пристигнувањето во Битола посака следната година таа да биде претседател на жирито, а актуелниот претседател Жан Мари Дружу, пак, ме замоли следната година да ја доведе во Битола и сопругата. И се разбира добредојдени се во секое време. Овој фестивал е бисер со кој можеме да се гордееме, сите кои работеле во изминатите години создале таква репутација во светот што сите кинематографери сакат да доаѓаат во Битола. За мене беше важно Битола да го чувствува фестивалот како свој и се надевам дека тоа се оствари бидејќи кино салите беа полни, луѓето беа дотерани. Само со овие две работи јас сум задоволен, рече директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски и го прогласи фестивалот за затворен.

По доделувањето на наградите и свеченото затворање следуваше проекцијата на „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески.

Култура

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на програмата на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Објавено пред

Единаесет претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма се селектирани на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. „Ново читање“ е именувана програмата на уметничкиот директор Ана Стојаноска, која денеска на прес-конференција ја образложи својата селекција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Иницијалната позиција од која почна селекцијата е да се дефинира сериозна голема театарска претстава која е во контекст или со годинешниот Автор во фокус – Горан Стефановски или во контекст на современиот пристап во третирањето на театарот денес, вели Стојаноска.

dobivaj vesti na viber

Собранието на фестивалот одлучи наградите за животно дело да ги добијат актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов.

Мотото на фестивалот годинава е „Промени се, промени сè“.

– Се решив да го прикажеме тоа што е современо и актуелно, истовремено во корелација со европските театарски трендови. Она што доминира во програмата е потребата да се најдат нови читања на стари теми, истовремено создавајќи поинаков третман на просторот. Доминантно во продукцијата беа повеќе камерните или „мали“ сцени наспроти големата сцена. Имаше неколку впечатливи камерни претстави работени според домашни автори, но не одговараа на концептот на ова издание на фестивалот. Тоа не значи дека беше естетички ограничена, туку создаде ново гледање и на драмите и на просторот. На македонската театарска продукција како и да ù фали сериозно истражување и на современите театарски тенденции, но и на сопствените театарски капацитети. На нашите театарски сцени им треба промена која се надевам ќе ја иницира фестивалот годинава, рече Стојаноска и додаде дека „промената е најблиската потрага по сопствениот креативен потенцијал. Таа е првата победа во битката со конформизмот, старите навики, инертните или наследени ситуации“.

Концептот „Ново читање“ ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се:

1.„Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; 2.„Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје; 3.„Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип; 4.„Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица. Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот.

Во оваа програма се претставите:

1.„Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје; 2.„Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес; 3.„Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар; 4.„Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје; 5.„На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола; 6.„Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија; 7.„Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје.

Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција:

1.„Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“; 2.„Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип; 3.„Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје; 4.„Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна; 5.„Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид. 6.„Арт“ од Јасмина Реза, дипломска претстава на студентите по актерска игра од класата на проф. Дејан Пројковски, Универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје.

Фестивалот ќе биде отворен со настан во чест на добитниците на наградата за животно дело, што ќе се одржи во Центарот за култура, а потоа ќе следува изведбата на претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар.

„И годинава сакаме Прилеп да биде град-театар, ќе има уште фестивалски зони што ќе ги откриваме постепено. Им се заблагодарувам на сите што го помагаат фестивалот“, рече Стојаноска.

За време на фестивалот ќе се одржи еден ден комплетно посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за читање на Горан Стефаноски што ќе ја води проф. д-р Јелена Лужина, Работилницата за следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал. Повиците за учество на овие работилници ќе ги објавиме наскоро.

Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.

За наградите на фестивалот и годинава ќе одлучува тричлено меѓународно жири, во состав: д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Култура

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Објавено пред

По повод Месецот на полската литература, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе гостува Војќех Јагелски, автор на книгата „Сите војни на Лара“. Разговорот со авторот ќе го води Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

dobivaj vesti na viber

На настанот закажан за 13 мај (понеделник) во 19 часот, му претходи (во 18.30 часот) отворањето на изложбата од студентите-учесници на конкурсот „Графика на годината“ организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков.

На 16 мај (четврток) во ГБСК гостува Роксана Јенджејевска-Брубел, авторка на книгата „Расположенијата на Хиполит Колбас“. Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во нашиот Оддел за литература за деца во 17 часот.

Гостувањето на полските автори е дел од проектот „Полска на полица“, во кој партнер на Амбасадата на Р. Полска е токму ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Настаните се со превод на македонски јазик.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на Курт Елинг и Националниот џез-оркестар во МНТ

Објавено пред

Светската мега-ѕвезда на вокалната џез музика, двократниот добитник на Греми награда, Курт Елинг, доаѓа во Скопје.

dobivaj vesti na viber

За него „Њујорк Тимес“ ќе напише дека токму тој е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време.“

Според „Вашингтон Пост,“ „“Од средината на 1990-тите, ниту еден џез-пејач не бил толку смел, динамичен или интересен како Курт Елинг”, додека ББС Артс оценува дека тој „… ја турка напред уметноста на џез пеењето, повеќе од било кој друг машки изведувач од неговата генерација“.

Елинг има вкупно десет номинации за Греми награди, од кои има освоено две награди за најдобар вокален џез албум за изданијата Dedicated to you (2009) и Secrets are the best story (2021).

Во 2012 година е прогласен за прв почесен џез амбасадор на Шлезискиот џез фестивал во Полска, а добитник е и на германската награда Ехо џез и Шкотската награда за џез – меѓународна категорија. Во 2013 година е прогласен за Меѓународен џез -изведувач на годината на доделувањето на наградите Jazz FM Awards.

Во текот на својата кариера соработува и снима со Вејн Шортер, Данило Перез, Дејвид Амрам, Ренди Бахман, Боб Белден, Џоан Бракин, Оскар Браун Џуниор, Џоди Кристијан, Били Корган, Орберт Дејвис, Џорџ Фримен, Бади Гај, Јон Хендрикс, Чарли Хантер, Боб Минцер, Бред Мелдау, Ли Ритенур, Џон Пицарели и Боб Шепард. Покрај неговиот бенд со кој најчесто настапува, Курт Елинг бил и член на Квартетот на Бранфорд Марсалис.

Доколку на првите албуми композициите повеќе наликуваат на класичните џез стандарди, звукот на Елинг во последните години добива димензија плус, внесувајќи екстраваганција во музичкиот израз и експериментирајќи со класичните џез музички форми.

Концертот на Курт Елинг со Националниот џез оркестар ќе се одржи на 15 мај, 2024 година во Македонскиот народен театар, со почеток од 20 часот. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за отпочнување на преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на Коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија2 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија3 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија3 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија4 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија6 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје7 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа8 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет9 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет9 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија17 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија18 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...