Контакт

Култура

Мојсова-Чепишевска: Преку книжевните дела, Делчев е синоним за водач на Македонците и 120 години по неговото загинување

Објавено пред

За разлика од другите национални книжевности кои имаат негативни иксуства заради присуството на култот на водачот во книжевните текстови, македонската современа книжевност има позитивно искуство. Затоа што Македонија, македонската историја и македонската книжевност и култура го имаат Гоце Делчев. Водачот чие име со пиетет го пееме и во државната химна и во навивачките песни во кои ја искажуваме гордоста што сме негови потомци. А заради култот кон него што е дел од нашата традиција, македонските писатели имаат потреба историските факти да ги преточат во естетски креации, за притоа да откријат и покажат и други димензии на личноста на Делчев. Преку нивните книжевни дела, со својата идеја и со комплексноста на својата личност, Делчев и натаму е синоним за водач на Македонците, и 120 години по неговото загинување.

dobivaj vesti na viber

Ова се потврди преку рефератот на универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, на јубилејните Десетти Његошеви денови, кои во организација на Филолошкиот факултет во Никшиќ при Универзитетот на Црна Гора се одржаа во Будва. На сесијата за наука за книжевност и култура на меѓународниот научен собир, која годинава беше посветена и на култот на водачот во словенските книжевности, по повод 120 години од загинувањето на великанот, Мојсова-Чепишевска го презентираше своето истражување за историскиот наспроти книжевниот Гоце Делчев, со повторно осврнување кон романите од поновата македонска продукција, „Куклите на Росица“ од Оливера Николова и „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски.

Потребата од едно вакво книжевнонаучно осврнување, како што има нагласено професорката во својот реферат се должи на тоа што Делчев изникнат од историските факти и обвиткан во естетски креации е битен за нас, Македонците. Но и заради сознанието дека книжевниот Делчев е и сѐ она што не можел да каже историскиот Гоце Делчев. Според Мојсова-Чепишевска, романот на Николова објавен пред 20 години кога се одбележуваа 100 години од загинувањето на Делчев и романот на Миневски, објавен годинава кога се навршуваат 120 години, придонесуваат во реализирањето на нови теми, па дури и на стари теми, преку чинот на ослободување од локалното и регионалното. Преку нив, и Делчев како книжевен лик избива над локалниот и регионалниот книжевен и културен контекст.

– Ова умешно го прави Николова со тоа што на својата Росица ѝ дозволува да биде една од многуте занемени раскажувачки кои ги има во сите (повеќето) (и)стории, да биде хроничар на своето (и лично и колективно) време во кое исклучително место има и Гоце Делчев. Таа немо и послушно ги следи сите кажувања за него и на тој начин ја создава единствената и уникатната кукла со неговиот лик. Притоа се обидува таа кукла да ги оцрта сите негови аспекти, сите негови улоги, сите негови црти, и физички и психолошки, нагласува меѓу другото во својот реферат, Мојсова-Чепишевска.

Според неа, ова умешно го прави и Миневски, во романот кој му е посветен токму на Делчев.

– Таа умешност се согледува и во тоа што историски засведочената љубов меѓу Гоце Делчев и Јанка Каневче, Миневски постојано ја споредува со големите, познати љубови, некои и трагични, неостварени, страсни – како оние на Гарибалди и Анита, Гете и Шарлота, Бајрон и контесата Гвичоли, Дикенс и Марија Биндел, Флобер и Лујза Коле, Елијар и Гала, Сартр и Симон де Бовоар, Пушкин и Натали, Достоевски и Суслина, како и со љубовите искажани во многубројните писма на Џојс до Нора, на Балзак до Ханска, на Кафка до Милена Јасенска или на Кафка до Дора Дијамант, на писмата меѓу Чехов и Олга… Во нашата колективна меморија која е важна за идентитетот, за нас Македонците, приказната за Делчев и Каневче има или треба да има значење какво што имаат приказните за овие познати љубови за националните култури на нивните протагонисти. Затоа што преку оваа приказна, во нашата колективна меморија можат да живеат и други, важни димензии на личноста на Делчев, кои ги нема во историските читанки, подвлечено е во рефератот на Мојсова-Чепишевска.

Универзитетската професорка и книжевна критичарка и нагласува: Јасно е дека „Гоце е национален херој, учесник во револуционерното движење, деец на револуционерната организација, идеолог, организатор и водач на македонското ослободително движење од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, бескомпромисен борец за самостојна македонска држава, и така натаму.“, како што пишува Миневски. Ама, тоа е јасно за нас, Македонците. Но како другите да го запознаат, како другите да знаат за кого станува збор? Токму преку ваквите приказни раскажани во вакви романи во кои се користи проторот на слободата од локалното и регионалното, а повторно со почит кон своето.

Настојувајќи да го исцрта оној Гоце Делчев ситуиран помеѓу историографијата и имагинацијата, во исчитувањето на двата романи од поновата македонска продукција, во истражувањето Мојсова-Чепишевска остварува книжевна анализа преку која ги издвојува сите сегменти што го портретираат книжевниот Делчев, различен од историскиот. Притоа, во рефератот и констатира: „Ако биографиите и фељтоните, а со нив и историите, им се обраќаат на читателите од сите идни времиња, фикцискиот Гоце Делчев му се обраќа, исклучиво, на своето „Јас“! Или, овој фикциски Гоце Делчев е сѐ она што не можел да каже (што не кажал) историскиот Гоце Делчев!“

Но, во исто време, во трудот, Мојсова-Чепишевска и теориски се осврнува кон ваквиот тип современа проза кон кој се вбројуваат романите „Куклите на Росица“ од Николова и „Ако се родат некакви чувства“ од Миневски.

– Нашето време е време на постмодернистичката фикција која од своја страна сугерира одново да се напише минатото во фикција или во историја. Со тоа таа прави обид да се реисторизираат, а не да се деисторизираат – уметноста и теоријата, при што воедно се употребуваат и се злоупотребуваат модусите на историографијата (Hačion 1996: 370). Новиот историцизам смета дека историјата може да се чита како текст, со што се оневозможува едноставна дистинкција помеѓу литературата и историјата. Всушност, текстуалноста на историјата е една од причините поради кои минатото не може целосно да се реконструира. Свесни сме дека никогаш не се достапни сите можни извори, поради уништливоста на супстанцијата и поради буквалната материјалност на дискурсот, напоменува во рефератот меѓу другото.

Во ова ново книжевнонаучно осврнување кон историскиот и книжевниот Гоце Делчев, Мојсова-Чепишевска и напоменува дека во случајот со пишувањето историја и со пишувањето роман, се појавува суштинска сличност, затоа што романот и историјата се производ на автономна или самоавторизирачка активност, која повторно лежи a priori во имагинацијата.

– Откако историчарот ќе одбере каква приказна ќе му послужи за нарацијата, самиот процес на селекција и на сижетирање (т.е. интегрирање на разните факти во сиже со значење) на навидум хаотичниот и некохерентен материјал на приказната е предусловен од структурата на дадената археприказна. Ако го прифатиме мислењето на Хајден Вајт дека историографијата „не е ништо повеќе од процес на создавање фикција“, а историскиот текст „не е ништо друго освен литературен артефакт“ (Engler, 1994: 25), тогаш се наметнува прашањето: „На што се претстави историските слики (репрезентации), доколку тие се далеку од тоа да бидат претстави на некоја универзално разбирлива историска реалност?“ (Engler, 1994: 25). Одговорот на Вајт е дека историите никогаш не треба да се читаат како непристрасни знаци на настаните што ги изнесуваат, туку како симболички структури или проширени метафори. Во оваа препорака на Вајт лежи и импулсот за потребата од нови теми во современата македонска книжевност, тотално ослободени од локалното, односно регионалното и националното, како и потребата за поширока рецепција надвор од македонската книжевна средина. Во тој протор на слободата се создадени и овие два романи од поновата македонска продукција, подвелечено е во рефератот.

Со овој реферат на Весна Мојсова-Чепишевска, ден по чествувањето 32 години самостојна и независна македонска држава, темата за историскиот и книжевниот Гоце Делчев беше дел и од дискусиите на годинешното, десетто издание на меѓународниот научен собир „Његошеви денови“ во Црна Гора, на кое учествуваа повеќемина книжевни истражувчи од Македонија.

Инаку, на овој меѓународен научен собир, учесници се еминентни лингвисти, книжевни научници и културолози од европските земји, а македонски истражувачи учествуваат уште од првото издание на собирот.

Култура

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

Објавено пред

На 23 мај, во четврток, со почеток во 20 часот, на концертот насловен „Алфа и омега“, ќе настапи еден од најпознатите пијанисти денес, турскиот и светскиот уметник – Фазил Сај. Овој извонреден пијанист, кој поседува навистина редок талент, а со кој повеќе од три децении директно допира до срцата на публиката и критиката, за македонската публика ќе го изведе маестралниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 во c-moll,оп.37 од Лудвиг ван Бетовен.

dobivaj vesti na viber

Диригент на концертот е маестро Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија, а на програмата оваа вечер е и уште едно дело на генијалниот Бетовен, неговата увертира „Егмонт“ оп.84, создадена по истоимената трагедија на Гете.

Во вториот дел од концертот, ќе биде изведена атрактивната Симфониска свита „Шехерезада“, оп. 35 на Николај Римски-Корсаков, создадена по мотивите од познатата бајка „1001 ноќ“.

За време на својата кариера, маестро Јерухам Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер-часови на значајни универзитети во светот. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф-диригент и уметнички директор на Македонската филхармонија.

За турскиот и светски пијанист Фазил Сај (1970) критиката ќе каже дека концертите на овој пијанист се нешто поинакво. Тие се подиректни, поотворени, повозбудливи, накусо – стрелаат право во срцето. Токму тоа што го изјавил и композиторот Ариберт Рејман во 1986 година, кога при посетата на Анкара имал можност да го слушне тогаш 16-годишниот Сај. Тогаш, тој веднаш го замолил Дејвид Левин, американскиот пијанист што го придружувал на тоа патување, да дојде во Градскиот конзерваториум и му кажал: „Апсолутно мора да го слушнете, ова момче свири како ѓавол“. Фазил Сај своите први часови по пијано ги почнал кај Митхат Фенмен, кој студирал кај познатиот Алфред Корто во Париз. Чувствувајќи го талентот на неговиот ученик, Фенмен го замолил секој ден да импровизира на теми поврзани со неговиот секојдневен живот, пред да работи на зададените вежби на студиите по пијано. Токму ова, контактот со слободните креативни процеси, се смета за извор на огромниот импровизаторски талент на Фазил Сај, како и на неговиот естетски поглед и во творештвото, како композитор. Неговата извонредна техника бргу му овозможила со леснотија да ги совлада комплексните дела, од префинетоста на Бах, Хајдн и Моцарт, до виртуозната брилијантност на Лист, Мусоргски и Бетовен, што ќе му донесе победа на Меѓународниот натпревар „Young Concert Artist“ во Њујорк, во 1994 година. Оттогаш, тој настапува со сите реномирани американски и европски оркестри, со водечки диригенти, градејќи повеќеслоен репертоар, кој се движи од барок, до современите дела, вклучувајќи ги и сопствените.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на Хрватскиот гитарски квартет во Македонската филхармонија

Објавено пред

На 28 мај, во 20.30 часот на големата сцена во Македонската филхармонија, во организација на платформата „За тебе“ за првпат ќе гостува „Хрватски гитарски квартет“ во состав: Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ.

dobivaj vesti na viber

Новооформената платформа „За тебе“ се залага во континуитет да промовира атрактивна, пред се, музичка културна содржина и меѓународни гостувања на светски и регионални докажани музички артисти.

Концертниот настап на „Хрватски гитарски квартет“ ќе биде посветен на жената, како синоним на духовноста. Недвојбено, жената како гласот на мудроста, одмереноста, грациозноста, нежноста, стаменоста, храброста и истрајноста – жената како борец, хероина против неправдата, која исправено стои, борејќи се за социјални и општествени промени.

На програмата ќе бидат изведени дела од: Луиџи Бокерини, Антонио Вивалди, Астор Пјацола, Рафет Руди, Мирослав Милетиќ, Гордан Тудор, Сергеј Прокофјев и Зоран Јураниќ.

Гитарската четворка Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ го одржале својот прв заеднички концерт во 2016 година и оттогаш имаат отсвирено бројни турнеи низ Хрватска, Италија, Словенија, Чешка… вклучително и неколку премиерни изведби на дела од композитори како Викторија Чоп, Гордан Тудор и Зоран Јураниќ, како и настапи со Загрепските солисти и Вараждинскиот камерен оркестар. Ја добија наградата „Орландо“ на Хрватската радио-телевизија за нивниот концерт на фестивалот „Дубровничко лето“ во 2017 година. Од 2020 година, овој ансамбл настапува под името „Хрватски гитарски квартет“ и истата година го објавија албумот „Guitarrismo“ за „Кроација рекордс“, кој доби две номинации за „Порин“. Во 2022 година, објавија албум под името „Багатели за домашна употреба“ („Кантус“). „Хрватски гитарски квартет“ изведува дела од сите музички епохи, со посебен акцент на делата на хрватските композитори.

Концертното гостување се реализира со поддршка на „Смаргд 1969“, „Мерлин солушн“, „Гигабел“ и Why агенција.

Загрепскиот гитарист Зоран Дукиќ се наобразувал на Музичката академија при Универзитетот во Загреб, а се доусовршил на Универзитетот за музика и танц во Келн.

Дукиќ е еден од најнаградуваните хрватски гитаристи ширум светот. Има настапувано на сите континенти. Тој е единствениот гитарист што победил на двата меѓународни натпревари „Андрес Сеговија“ (во Гранада и во Палма де Мајорка). На најголемиот шпански натпревар по гитара во Мадрид, одржан под покровителство на кралското семејство, тој не само што ја освоил првата награда, туку бил и првиот странски државјанин што ја добил наградата за најдобра изведба на шпанска музика.

Петрит Чеку е роден во Призрен, Косово, дипломирал на Музичката академија во Загреб и ги продолжил студиите во Балтимор, САД, на конзерваториумот „Пибоди“. Предава камерна музика за гитара на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац, Австрија. Има изведувано рецитали низ целиот свет и бил солист со симфониски оркестри како Балтиморската симфонија, Калгариската филхармонија, Чешката камерна филхармонија, Теџонската филхармонија, Државниот оркестар „Ермитаж“ од Санкт Петербург, Панонската филхармонија и Загрепската филхармонија. Пофален од „Калгари Хералд“ како „природен гитарист, со силен, продорен звук“, Чеку е првонаграден на многу меѓународни натпревари за гитара, вклучувајќи ги и најпрестижните како „Паркенинг“ (Малибу, САД), „Шадт“ (Алентаун, САД), „Биасини“ (Болоња, Италија) и „Питалуга“ (Алесандрија, Италија). Тој бил единствениот класичен музичар на турнејата „Night of the Proms 2018“ со Антверпенската филхармонија под диригентство на Александра Ариече, на која учествувале великани на поп музиката како Брајан Фери, Мајлоу, Сил и Сузан Вега. Соработувал со наградуваната режисерка Калтрина Красниќи и компонирал оригинална музика за нејзиниот долгометражен филм „Вера сонува за морето“, кој премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција во 2021 година.

Марое Брчиќ е роден во Дубровник, Хрватска, каде живее и денес. Дипломец е на Музичката академија при Универзитетот во Загреб. Предава гитара на Уметничката академија при Универзитетот во Сплит. Брчиќ речиси 30 години настапува на концертните сцени како солист, како член на камерни состави и како солист со оркестарска придружба (оркестарот на Хрватската радио-телевизија, Дубровничкиот симфониски оркестар, Вараждинскиот камерен оркестар, Загрепските солисти, Мостарскиот камерен оркестар, Сараевската филхармонија, Темишварската филхармонија, оркестарот на Македонската национална опера и „Гнесин виртуози“ од Москва). Има настапувано низ Европа, Азија и Северна Америка. Брчиќ ја добил Ректоровата награда на Универзитетот во Загреб, наградата „Милка Трнина“ (со Дубровничко гитарско трио) и е двократен добитник на наградата „Орландо“ на фестивалот „Дубровничко лето“.

Твртко Сариќ е роден во Госпиќ, Хрватска. Завршил на Музичката академија при Универзитетот во Загреб, а на музичката академија „Ино Мирковиќ“ во Ловран, завршил едногодишна специјализација. Имал концерти низ Словенија, Австрија, Италија, Германија, Полска, Босна и Херцеговина, Мексико и САД. Како солист настапувал со Загрепската филхармонија, Загрепските солисти, Гудачкиот оркестар на Целје, Вараждинскиот камерен оркестар, со речиси сите гудачки квартети во Хрватска и како член на Ансамблот „Кантус“ за промоција на современата музика. Снима за издавачки куќи во Хрватска и во Словенија. Добитник е на наградата „Порин“ за најдобар албум за класична музика (настапувајќи во албумот на Берислав Шипуш „Заједно“, „Кантус“, 2018 година). Основач е и уметнички директор на неколку концертни серии во областа Госпиќ. Тој е доцент на Одделот за наставнички студии при Универзитетот во Задар, а предава и на музичкото училиште во Чрномељ. Во 2012 година го основал хорот „Дегенија“. Во 2017 година бил награден со Ректоровата награда на Универзитетот во Задар за „извонредни достигнувања во уметничката работа и управувањето со хорот“.

Прикажи повеќе...

Култура

Музеите се огледало на минатото и на нашето културно наследство, порача министерката Костадиновска Стојчевска

Објавено пред

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на сите музејски работници им го честита Меѓународниот ден на музеите – 18 Maj за кои вели дека се огледало на минатото и на нашето културно наследство.

dobivaj vesti na viber

„На 18 Mај, Меѓународниот ден на музеите ја нагласуваме нивната заштитничка улога на историјата, културата и македонскиот идентитет. Музеите се инспирација за креативност, истражување и критика, уникатни локации за интерпретација на уметноста, археологијата и науката. Со честитката до сите музејски работници ја нагласувам нивната посветеност во заштита на дејноста и придонесот за едукација на младите генерации во справувањето со комплексните општествени предизвици“, се вели во честитката.

Министерката за култура посочува дека денеска ја подигаме свеста и го насочуваме вниманието кон важноста на музејските институции со отворање на нивните врати за граѓаните.

Таа потенцира дека Министерството за култура поддржува голем број проекти на музеите во остварување на заедничката цел за достојно почитување и вреднување на културата и културното наследство.

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое денеска се одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година.

На овој ден, музеите во земјава традиционално ги отворат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство.

Меѓународниот ден на музеите традиционално се одбележува секоја година на 18 мај со цел промоција на значењето на музејските институции во современото општество.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија3 часа

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија4 часа

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија5 часа

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија5 часа

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ5 часа

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...

Македонија5 часа

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до преспанскиот договор

Портпаролот на Европската комисија изјави за „Еурактив“ дека договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора...

Македонија7 часа

Одземени дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа...

Свет7 часа

Путин му изрази сочувство на Иран: „Раиси ѝ беше вистински пријател на Русија“

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, опишувајќи го Раиси како вистински пријател на...

Свет7 часа

(Видео) Новинар известува покрај остатоците од хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, багажот на патниците е расфрлан наоколу

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, која се урна во неделата на северозападот на земјата, а спасувачките...

Свет8 часа

Реакции на светските лидери за смртта на иранскиот претседател

Лидерите ширум Блискиот Исток и пошироко го изразуваат своето сочувство откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште осум лица загинаа...

Свет9 часа

Новиот претседател на Тајван ѝ порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те денеска побара од Кина да ги прекине своите воени и политички закани, велејќи во својот...

Свет10 часа

(Видео) Повеќе торнада ја погодија Оклахома, објавени се снимки

Вчера вечерта се формираа повеќе торнада низ американската сојузна држава Оклахома, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити. Засега...

Свет10 часа

Раиси летал со хеликоптер од американско производство, објави иранска новинска агенција

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Раиси летал со хеликоптер Bell 212 од американско производство. Според воениот аналитичар на...

Свет11 часа

(Видео) Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на...

Свет11 часа

(Видео) Објавена снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател

Се претпоставува дека иранскиот претседател и министерот за надворешни работи се мртви откако иранските државни медиуми објавија дека не се...

Македонија22 часа

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите...

Свет23 часа

Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот...

Регион1 ден

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер...

Топ1 ден

Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар...