Контакт

Македонија

Мојсова-Чепишевска: Изградивме куќа на странската македонистика со цврсти темели

Објавено пред

„Ако куќа не направив / со високи шимшир порти, / куќа цел свет братски ми е / братски срце што отвора, / срце – порта наjвисока, / срце – куќа наjширока.“ При речиси секоја помисла на школите на МСМЈЛК при УКИМ, во мене одново одекнуваат и овие стихови од песната „Татунчо“ на големиот Коста Солев Рацин.

dobivaj vesti na viber

Затоа што откако наши претходници, заради своите идеали не можеа да направат куќа, во времето по освојувањето на слободата, МСМЈЛК при УКИМ, токму заради целосно остварување на дел од тие идеали, веќе 56 години гради куќа на странската македонистика. Куќа со силни, издржливи темели поставени од наши претходници. Токму овде, на брегот на Охридското Езеро – она езеро од стиховите на Ацо Шопов од книгата „Гледач во пепелта“ (1970), кое е крај манастирот во кој „Водата се враќа во фреска на ѕидот.“ а „Со неа и зборот и пламенот на ридот.“ Ама и куќа со силни ѕидови, кои постојано ги доѕидуваме заедно со странските македонисти и слависти и во кои се заѕидани научните вистини за македонскиот јазик, литература и култура. Нејзините високи шимшир порти, постојано се отворени, оти во неа и навистина го збира целиот свет, што се потврдува и годинава, кога овде се посветеници на македонистиката од различни страни на светот.

Со овие зборови, директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска го започна своето обраќање пред учесниците на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, која свечено беше отворена денеска, во Охрид.

Како што напомена Мојсова-Чепишевска, посакувајќи им добредојде на околу 70 семинаристи, во куќата на странската македонистика досега веќе се над 4000 посветеници на македонскиот збор и мисла од над 60 земји, но во неа има место за уште многупати по толку.

– Се потврдува дека ја разбравме пораката што Крсте Мисирков ни ја остави откако неговата книга „За македонцките работи“ веќе била објавена, а неговите идеали сè уште не биле остварени: „Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.“ Потребата тој факт да се афирмира пред светот, особено пред академската заедница, афирмирајќи ја и посебноста на македонскиот јазик и на македонската литература, била причина да се почне со организација на оваа Летна школа и со изградба на она што денес е куќа на странската македонистика. Неспорно, тој факт веќе одамна е афирмиран низ светот и Мисирковите идеали веќе се остварени. Ама причините за непрекинато одржување на оваа Школа, со текот на годините станаа и побројни. Клучната причина е што постојано има странски македонисти од сите континенти, кои со голема посветеност и со конкретни остварувања, тој факт го афирмираат низ светот. Затоа и денес, повторно сме овде, крај Охридското Езеро, истакна директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

Таа им се обрати и директно на семинаристите.

– Со вас, овде, во куќата на странската македонистика, токму заради вашата решеност да се вложите во изучување на македонскиот јазик, литература и култура, денес, се чувствуваме како да сме на врвот на светот. Посакуваме, таквото чувство да го имате и вие. И не само денес, туку во секој ден од следните две седмици, ама и потоа… А во стихови, Шопов има напишано: „Од врвот на светот ја здогледав и препознав мојата земја / распарчена и разграбена од темни братоубиствени војни, / од туѓи желби и посегања да ја присвојат за себе. / Само здивот на едниот нејзин дел / се извишува високо до непознати небеса / и како пролетен ветар од Шара / го заплиснува убавиот Пирин на Јане / и го разбранува синиот Егеј потемнет од мака…“ Искрено се надеваме дека на оваа Летна школа, вие, не само што ќе ја препознаете и што подобро ќе ја запознаете, туку уште повеќе и ќе се приврзете за нашата земја на црното сонце, со продлабочени знаења за нашиот јазик, литература и култура, порача Мојсова-Чепишевска.

Притоа, нагласи дека МСМЈЛК при УКИМ ќе стори сè за тоа да се случи, со големата посветеност на лекторите, како и на предавачите – врвни специјалисти и еминентни истражувачи, кои со своите предавања во следните денови ќе ви ја пренесуваат својата македонистичка љубов. Но и со сето друго што е дел од програмата на Летната школа, дури иако се од различни страни на светот, семинаристите ќе комуницираат на македонски јазик.

– Неслучајно, еден од учебниците од кои дел од вас во следните денови ќе ги продлабочуваат своите знаења од областа на македонистиката, започнува со стиховите од една друга песна на Шопов – „Ќе те сретнам после многу лета.“ Оти дел од вас, заради љубовта кон македонистиката, овде, на Летната школа во Охрид, дојдени од различни страни на светот се среќаваат и по многу лета. И посакуваме таа традиција да продолжи! Ама исто толку посакуваме и оние кои годинава за првпат учествуваат на школа на Меѓународниот семинар, преку оваа, 56. Летна школа, уште повеќе да ја засакаат македонистиката и овде да се среќаваат уште многу лета, како промотори на македонскиот збор. И годинава ќе сториме сè за да биде така. Затоа што само ако таа традиција продолжи, и овде кај Охридското Езеро се среќавате и после многу лета, вклучително вие кои годинава доаѓате за пррвпат или не сте биле многупати, и во времето што е пред нас, фактите за македонскиот јазик, литература и култура ќе одекнуваат низ светот, нагласи Мојсова-Чепишевска во завршницата на обраќањето пред семинаристите.

Таа упати благодарност за поддршката од Ректоратот и целата Ректорска управа на УКИМ, од Министерството за култура и од сите институции кои учествуваат во остварувањето на програмата на Летната школа.

Школата на МСМЈЛК при УКИМ ќе трае до 31 август, со учесници од 18 земји.

Македонија

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.

До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.

Температурите ќе бидат без значителна промена.

Прикажи повеќе...

Скопје

Делови од три скопски општини денеска без струја

Објавено пред

Според добиеното известување од ЕВН Македонија, Регионалниот центар за управување со кризи информира дека поради реконструкција денеска без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од три скопски општини.

dobivaj vesti na viber

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром.

Во периодот од 10:30 до 14:30 часот без напојување ќе останат корисниците дел од улица 16, на патот кон Визбегово во општина Карпош.

Во периодот од 13:00 до 14:30 часот без напојување ќе останат објектите на градинката Росица, на улица Мечкин Камен, број 45А. во општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Објавено пред

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите дејствија за обезбедување на докази против Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски. Тројцата се осомничени за убиствата на 14-годишна Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а за решение во однос на истрагата за првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо ќе се чека по давањето исказ пред обвинител.

dobivaj vesti na viber

Како што додаваат од Обвинителстовото, осомничените лица добиле известување за завршување на истрагата, но имаат рок од 15 дена доколку имаат, да достават докази до обвинителката.

„Преземени се сите дејствија од страна на обвинителката за обезбедување на докази против сите лица, освен за лицето кое неодамна беше екстрадирано. До осомничените е испратено известување дека истрагата е  завршена и тие имаат рок од 15 дена за да достават докази, доколку имаат“, велат од Обвинителството за Макфакс.

Во текот на следната недела Палевски треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд за да се изјасни за притворот кој му беше определен во отсуство.

Според досегашните сознанија кои ги објавија надлежните, Палевски на 27 ноември лани им давал насоки на Кешишов, Манев и Видевски, со автомобилот на претходно убиениот Панче Жежовски да ја грабнат Вања од зградата.

Сознанијата за нејзиното излегување ги имале од нејзиниот татко. Откако ја киднапирале и ставиле во автомобил, по пат им се приклучил и Палевски и заедно се упатиле кон Бразда каде е извршено убиството. Палевски потоа беше во бегство во Турција, а тројцата соизвршители кои на 6 декември беа уапсени признаа вина.

Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, на прес-конференција посочи дека куршумот го испукал Палевски.

Teлата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа пронајдени на 3 декември мината година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те денеска побара од Кина да ги прекине своите воени и политички закани, велејќи во својот...

Свет1 час

(Видео) Повеќе торнада ја погодија Оклахома, објавени се снимки

Вчера вечерта се формираа повеќе торнада низ американската сојузна држава Оклахома, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити. Засега...

Свет2 часа

Раиси летал со хеликоптер од американско производство, објави иранска новинска агенција

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Раиси летал со хеликоптер Bell 212 од американско производство. Според воениот аналитичар на...

Свет2 часа

(Видео) Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на...

Свет2 часа

(Видео) Објавена снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател

Се претпоставува дека иранскиот претседател и министерот за надворешни работи се мртви откако иранските државни медиуми објавија дека не се...

Македонија13 часа

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите...

Свет14 часа

Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот...

Регион19 часа

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер...

Топ20 часа

Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар...

Македонија21 час

Силните дождови поплавија подруми и гаражи во Охрид

Локални дождови вчера и во текот на ноќта имаше на повеќе места во државата. Регионалниот Центар за управување со кризи...

Топ1 ден

Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени

Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во...

Топ2 дена

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ2 дена

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија2 дена

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа2 дена

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ2 дена

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија2 дена

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет2 дена

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет2 дена

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија2 дена

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...