Контакт

Култура

Нов успех за „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Цветановски: специјална награда во Романија и селекции во Шпанија и Италија

Објавено пред

Долгометражниот игран филм „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски ја доби специјалната филмска награда и статуетка за граѓански активизам на фестивалот „Сим Фест“ во Романија. Филмот беше во официјалната селекција на јубилејното 20 издание.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за ТВ и филмски фестивал – еден од ретките во Европа кој истовремено е културен настан и летна школа за новинари, а жири комисијата која што ја додели наградата ја сочинуваат еминентни личности од областа на новинарството и кинематографијата од Романија и од други земји.

Фестивалското патување на „Бизнисот на задоволството“ ќе продолжи во Италија кон крајот на октомври, со официјална селекција на 27. издание на фестивалот „International police award arts festival- IPAAF“, а потоа и на Маdrid Film Awards во Шпанија.

„Бизнисот на задоволството“ во август беше премиерно прикажан пред македонската публика и одлично прифатен на затворањето на 22. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Минатиот месец ја доби и наградата за најдобар долгометражен филм на фестивалот „In The Palace“ во Софија, а со највисокото признание се закити и во Панама на филмскиот фестивал Canal de Panama International Film Festival.

Гоце Цветановски на фестивалот „In The Palace“ во Бугарија

Политичкиот трилер на Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

„Бизнисот на задоволството“ ќе биде и дел од програмата на овогодишното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Култура

Азиска премиера за „Јон Вардар против Галаксијата“

Објавено пред

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ќе ја доживее својата азиска премиера на крајот на месецов, на 11. издание на Bakunawa Film Festival во Манила, Филипини.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот го носи името на „Бакунава“ – митска морска змија од филипинскиот фолклор за која се верува дека предизвикува затемнувања на месечината, и е специјализиран за жанровски филмови: научна фантастика, хорор и анимација. Со проекции, работилници и семинари, Bakunawa Film Festival претставува една од највлијателните платформи во регионот за промоција на жанровскиот филм.

„Чест ми е што филмот ќе биде прикажан токму на фестивал кој го носи името на едно толку моќно и мистично суштество од фолклорот. Пред десетина години работев на проект каде што главниот негативец беше исто така огромна морска змија, па ова го сметам за еден вид митска коинциденција. Инаку, имаме уште неколку селекции во Азија кои дополнително ќе ги објавиме“ изјави режисерот Гоце Цветановски.

„Јон Вардар против Галаксијата“ досега е прикажан на голем број фестивали ширум светот, а освои и две меѓународни награди за најдобар анимиран филм во Италија и Еквадор. Азиската премиера во Манила претставува уште еден значаен чекор во неговото глобално патешествие.

Прикажи повеќе...

Култура

Овации за ангелските гласови од српскиот хор „Свети Серафим Саровски“

Објавено пред

Од

Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот.

dobivaj vesti na viber

Кристалната чистота што прозвучи од седумте грла на овој вокален ансамбл, совршено се вклопи во акустичниот сакрален амбиент на „Света Софија“. Програмската лепеза содржеше седумнаесет нумери, руски и српски, световни и духовни, далматински, а изненадување за слушателите кои ги наградија членовите на хорот со долги и бурни ракоплескања беше и изведбата на македонската народна песна „На Струга дуќан да имам“.

-Одлучивме на публиката во овој прекрасен храм да ѝ се претставиме со различна програма, пред сè, духовни композиции од руски и српски автори. Тоа е нешто што ја прави основата на нашиот репертоар, имајќи предвид дека хорот „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин, Србија, оваа година одбележува 35 години од постоењето. Тоа е дел од репертоарот што ние многу долго и многу често го негуваме посветено. Освен тоа, имаше и неколку обработки на руски народни композиции. Целата музика беше прилагодена на црковниот амбиент. Публиката имаше можност да слушне и две далматински клапи кои говореа за животот, љубовта, минливоста и слично. Самиот крај беше посветен на неколку обработки на српски народни песни.Сметавме дека треба да има разноликост во нашиот репертоар бидејќи знаеме дека во публиката има многу туристи кои доаѓаат од различни краишта и сакаат да слушнат нешто што е невообичаено за еден ваков мал машки хорски состав, вели диригентот на хорот „Свети Серафим Саровски“, Божидар Црњански.

Хорот „Св. Серафим Саровски“ го сочинуваат седум професионални хорски пејачи со повеќедецениско искуство, со волја и идеја наследена од првите основачи на хорот, кои на радост на публиката продолжуваат да ѝ ја даруваат убавината на хорската песна од разни жанрови и стилови – од духовни дела, преку староградски песни и популарна музика создадена за најубавиот инструмент – човечкиот глас.

Прикажи повеќе...

Култура

Битолски театар ќе игра претстава на отворено на 2.218 метри надморска височина на Пелистер

Објавено пред

Од

На 2.218 метри надморска височина утре, 9 август, љубителите на планината, природата и театарската уметност ќе имаат ретка можност, 26 – тата изведба на претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ да ја проследат на Големо Езеро, Пелистер.

dobivaj vesti na viber

Вечерта на небото над Големо Езеро ќе има полна месечина и актерите ќе настапат на природна сцена. Јавната установа Национален парк Пелистер, во соработка со Народниот театар – Битола и Битолскиот камерен оркестар, со поддршка на Општина Битола, организира уникатен културен настан на несекојдневна локација – театарска претстава на отворено.

Под светлината на полната месечина, публиката ќе има можност да ја проследи драмската претстава во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во претставата заедно со актерот Александар Копања.

Музиката за претставата ќе биде во живо во изведба на членови од Битолски камерен оркестар.

Претставата отвора суштински теми за човековата егзистенција, осаменоста, слободата, маските што ги носиме и загубените вредности во современото општество. Тоа е психолошка и филозофска драма која патува од интимно до општествено, од реалност до апсурд.

Претставата почнува во 21:30 часот. Посетата е со претходна пријава, бројот на посетители е ограничен.

Пристап до локацијата: По некатегоризиран пат (15 км) од Информативниот центар на Пелистер (1350 м.н.в.), или по патека од С. Ниже Поле преку Дебел рид, со тежина од втора категорија.

Важно за посетителите: Поради специфичните природни услови и безбедносните протоколи (вклучително и важечката забрана за движење во шума), присуството е дозволено само со претходна најава, независно од начинот на пристап. Се препорачува соодветна планинарска опрема: Високи обувки, повеќеслојна облека (јакна, капа, ракавици), челна ламба и кутија за прва помош, храна и минимум 2 литри вода. Температурите за време на настанот ќе се движат меѓу 11–13°C.

Пријавување и дополнителни информации на телефон: 070312214

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје за првпат не прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет1 час

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп-Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...

Свет3 часа

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на Ал Џезира

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, Анас Ал Шариф (28), во напад врз градот Газа,...

Европа4 часа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од...

Македонија4 часа

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија4 часа

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија16 часа

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија18 часа

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ18 часа

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ19 часа

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...

Македонија20 часа

Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за хероите загинати кај Љуботенски бачила

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија...

Македонија20 часа

На 12 и на 14 август ќе биде полагањето на двата екстерни испита од државната матура

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не...

Македонија1 ден

Храбрите и неуморни пожарникари изгаснаа 21 пожар, активен е само уште еден

Центарот за управување со кризи информира дека до 9 часот наутро, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор. Од...

Македонија1 ден

Денес се навршуваат 24 години од загинувањето на бранителите кои нагазнаа на мина кај Љуботенски бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав...

Топ2 дена

Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во...

Македонија2 дена

МВР се огласи по случајот со началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,...

Македонија2 дена

Сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора: Здравство ги презема нејзините надлежности

Поради сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора, Министерството за здравство ги презема нејзините надлежности, изјави министерот...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е...

Македонија2 дена

(Видео) Началник бара Итната помош на носилка да однесе директорка на информативен разговор во станица

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа началник во домот на директорка на училиште во Демир Хисар...

Свет2 дена

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин: Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро ја отфрли секоја можност за територијални отстапки во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на...