Контакт

Култура

„Американска мелодија“ – нова премиера на Битолскиот театар

Објавено пред

Ансамблот на Битолскиот театар деновиве интензивно ја подготвува четвртата годинешна премиера „Американска мелодија“, драмска поема со мотиви од романот „Големиот Гетсби“ на Френсис Скот Фицџералд

Драматизацијата и адаптацијата на текстот се на Џон Блондел од САД и Јетон Незирај од Косово, додека музиката ја подготви американскиот композитор Џејмс Коноли. Во „Американска мелодија“ ќе настапат Маја Андоновска, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Габриела Петрушевска, Викторија Степановска, Кристина Христова – Николова, Илина Чоревска и актерите Огнен Дранговски, Петар Горко и Сашо Огненовски.Премиерата на „Американска мелодија“ ќе се изведе на 6 август на матичната сцена во НУ Народен театар – Битола.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Литературна e-манифестација „Илинден“

Објавено пред

Општина Илинден, во насока на промовирање на современите културни достигнувања, ја организира 21. литературна манифестација „Илинден“.

Годинава, манифестацијата ќе има поинаков облик на одржување. Поради актуелната ситуација и забраната за организирање јавни собири, со цел да не им се одземе можноста на љубителите на поезијата да уживаат во убавината на пишаниот збор, првпат се организира литературна е-манифестација „Илинден 2020“.

„На 21. литературна манифестација ‘Илинден’ стиховите нема да одекнуваат од Домот на културата ‘Илинден’ – туку тие директно ќе се излеваат во домовите на почитувачите на пишаниот збор преку веб-страницата на Општина Илинден“, соопштија од Општината.

Прикажи повеќе...

Култура

Филмската индустрија во проблеми, ќе биде забрането снимањето љубовни сцени

Објавено пред

Странските медиуми пишуваат дека снимањето љубовни сцени во Холивуд ќе биде забрането за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Аманда Блументал, чие занимање е да им обезбеди сигурност на актерите за време на снимањето секси сцени, рече дека е многу веројатно оти актерите нема да сакаат да се бакнуваат во уста со своите колеги. Таа откри дека и пред воведувањето карантин неколку актери негодувале поради снимањето сцени на бакнување, пишува The Wrap.

Големите филмски продукции подготвуваат проекти кои на актерите од списокот А ќе им овозможат заштита на сетот и надвор од него. Ова, најверојатно, ќе резултира со задолжително тестирање на коронавирус како за ѕвездите така и за тимот што снима.

Слична е ситуацијата во филмската индустрија на Тајланд. Властите во земјата им наложија на режисерите да не снимаат љубовни сцени или сцени на борба или, пак, кој било друг вид сцена што вклучува близок контакт со актерите.

Локалниот секретаријат за култура издаде наредба дека снимањата мора да се одвиваат во проветрени простории, каде што не смеат да престојуваат повеќе од педесет лица.

Прикажи повеќе...

Култура

Новата книга за деца од авторката на „Хари Потер“ ќе биде достапна бесплатно

Објавено пред

Џ. К. Роулинг ги изненади обожавателите најавувајќи нова книга за деца, која ќе биде објавена во делови на нејзината веб-страница од денес и ќе биде достапна бесплатно.

„Икабог“ е бајка и прва детска приказна на авторката, која не е поврзана со „Хари Потер“, серија книги за детето волшебник, кое ѝ донесе светска слава.

Роулинг го напишала „Икабог“ пред повеќе од една деценија за своите деца и решила да го објави за време на пандемијата, пренесува Би-би-си.

„Тоа е за децата што се во карантин, па дури и за оние што одат на училиште за време на овие чудни вознемирувачки времиња“, рече таа.

Поглавјата на „Икабог“ ќе бидат објавувани секој ден од 26 мај до 10 јули.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион11 час

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ13 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија13 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија13 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија15 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија16 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија16 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија17 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија17 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија18 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија19 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија20 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија20 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија20 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион21 час

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија1 ден

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа1 ден

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа2 дена

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион2 дена

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Досие