Контакт

Култура

Денес музика и театар на Биеналето во Скопје

Објавено пред

Биеналето на млади уметници во скопје се наближува кон својот крај. Денешниот ден е посветен на музиката и изведувачките уметности – танцот и театарот, а off-програмата ќе опфати неколку работилници, меѓу кои може да се издвои презентацијата на македонски филмови

Театарската понуда денес започнува во 18 часот, со Hewat Theatre Group од Египет во просториите на Асоцијацијата за меѓународна младинска соработка. Во 18 и во 20 часот во Македонската опера и балет, е танцовата претстава на Елма Селман од Босна и Херцеговина, а во 19 часот во Младинскиот културен центар ќе може да се погледне театарот Operi, исто така од Босна и Херцеговина. Во Драмскиот театар ќе може да се погледне современа театарска претстава од Либан, а во МНТ – Центар пак, ќе настапи театарската група од Центарот за култура од Смедерево, Србија. Од музичките настапи како најинтересни можат да се погледнат настапот на Васја Прогар од Словенија во Музејот на Град Скопје, потоа настапот на „Loja Das Conveniencias“ од Португалија и нивните рок и експериментални звуци, на плоштадот Македонија во 21 часот, како и настапот на диџејот Ник Елиа од Кипар на Школка во Градскиот парк во 1 часот по полноќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Француски шмек и балкански мелос со „Ана Кап, Џијан Емин и Гудачи“

Објавено пред

Оваа сабота, на 29 февруари во Камерната сала на Филхармонија во 20 чaсот, концерт ќе има извонредното француско трио „Ана Кап“, заедно со македонскиот диригент и композитор Џијан Емин, како и со Гудачки квартет во состав: Марија Трајковска – виолина, Бојан Илкоски – виолина, Оливие Самуилан – виола (Франција) и Марија Михајловска – виолончело.
Ана Кап Триото – Пјер Миле, труба, Мануел Декок, виолина и Жан Мишел Трото, хармоника, веќе имаа концерт во Филхармонија кога го презентираа фантастичното „Траума шоу“.

Овој заеднички проект ќе донесе сосема нова музика, до сега неотсвирена, која во моментот се снима за нов албум кој треба да излезе за неколку месеци. Премиерно ќе бидат отсвирени композиции на Пјер Миле, Мануел Декок, Жан Мишел Трото и Оливје Самуилан.
Инаку, концертот „Ана Кап, Џијан Емин и Гудачи“ ќе претстави музика која во себе ги инкорпорира европските и балканските мелоси, а во кои се мешаат танцовите форми, џезот, класиката…

Прикажи повеќе...

Книги

Бестселерот „Ереб“ објавен на македонски јазик

Објавено пред

Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик се објави романот „Ереб“ од познатата австриска писателка Урсула Познански. Објавувањето е поддржано од Европската Унија и Министерството за култура, во рамките на проектот „Креативна Европа“. Станува збор за светски бестселер кој досега е преведен на 36 јазици. Романот од германски го преведе Катерина Јосифовска.

„ЕРЕБ е компјутерска игра. Таа те набљудува, разговара со тебе, те наградува, те проверува, ти се заканува…
Ник е опседнат со Ереб, играта што во неговото училиште се пренесува од рака на рака. Правилата се многу строги: секој има само една можност да одигра. Притоа мора да биде сам и за Ереб не смее да зборува со никого. Кој ќе ги прекрши овие правила или нема да ги исполни задачите, отпаѓа од игра и повеќе не може да почне пак. Најнеобичниот дел е што задачите на Ереб мора да се исполнат не во виртуелниот, туку во вистинскиот свет.
Штој е всушност Ереб и што бара од играчот? Може ли Erebos (Богот на подземјето) да убива? Дали мртвиот автор преку играта што ја измислил имал намера да убие за одмазда?“, германско-австрискиот издавач кога го најавува првиот дел на романот.

„Трилер на годината!“, пишува за романот угледниот германски весник „Ди цајт“.

„Волшебен роман за млади соочени со опасностите што ги крие виртуелниот свет“, пишува „Бригите магазине“ (Brigitte Magazine)

Стилот на пишување на Познански стана многу привлечен за сите генерации, иако најмногу ги привлекува младите. На многу интересен начин ги обелоденува социјалните и психолошките предизвици, како и опасностите со кои човештвото се соочува при вмрежувањето на модерниот електронски, виртуелен со реалниот свет.

Романот е наградуван повеќекратно со високи признанија, меѓу кои во 2011 година беше добитник на престижната германска награда за литература за млади Deutscher Jugendliteraturpreis, како и на наградата Jugendjury.

Урсула Познански е родена во 1968 година во Виена, Австрија. Авторка е на повеќе познати прозни дела и детски книги, но исто така пишува и филмски и телевизиски сценарија.

Романот „Ереб“ е дел од проектот на „Бата прес“ под мотото „Време е за книга“, со кој наскоро ќе бидат објавени 10 мега популарни книги за млади од реномирани и европски автори од различни земји. Проектот беше прифатен во ЕУ во силна меѓународна конкуренција. Визионерската цел на проектот е времето поминато по социјалните мрежи и на електронските уреди, младите да го заменат со читање на книги во печатена или електронска форма.

Прикажи повеќе...

Култура

Проекција на наградените филмови од „Астерфест“ во Кинотека

Објавено пред

В петок во Кинотеката во Скопје со почеток во 20 часот ќе биде прикажан дел од наградените кусометражни филмови од последното издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, кој се одржа минатото лето во Струмица.

Програмата е составена од: рускиот краток игран филм „Егзодус 20“ на Јана Недзветскаја, кој доби Старозлатен проектор, австрискиот краток игран филм „Доверба“ на Јулијана Нојхубер, кој доби Бронзена потковица, британскиот краток документарец „Последната бура“ на Лајам Сент-Пјер, кој доби Сребрена потковица.

Прикажан ќе биде и македонскиот краток анимиран филм „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов, кој доби Златна потковица.

Вкупното траење на проекцијата е еден час, а влезот е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет2 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија2 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион2 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион3 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа4 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава4 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија5 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија6 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија6 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт16 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија18 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија19 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија22 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија23 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија1 ден

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно1 ден

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Досие