Култура
Изложба „Кумановски графичари 2009“

Во изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток, 29 октомври, ќе биде отворена изложба на графики „Кумановски графичари 2009“
По неколкугодишната пауза, проектот „Кумановски графичари 2009“ повторно ќе добие на актуелност со промовирање на дваесеттина графички листови изработени од 6 автори: Зоран Јакимовски, Тања Соларска-Темелковски, Стефан Јакимовски, Магда Величковска, Далибор Јовановски и Симона Јакимовска. Секој од нив, со своја авторска визија, се обидува да даде придонес во формирањето на севкупната македонска графичарска сцена кадешто кумановските графичари предводени од Зоран Јакимовски секогаш имаа значајно место во пишувањето на глобалната историја на визуелните уметности во овој регион. Затоа и се надеваме дека оваа колекција на графики ќе наиде на позитивен прием кај публиката и критиката, но и кај самите графички уметници мотивирајќи ги во насока на перманентно творење и презентирање на својата најнова продукција. Посебно ќе биде значајно пренесувањето на искуствата на поискусните графичари врз помладите автори, практика којашто дава брз резултат правејќи ја графичката уметност респектабилна гранка од областа на визуелните уметности. Организаторот на оваа изложба НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија секогаш ќе прави обид за промоција на најновото графичко творештво имајќи го во вид успехот на предходните претставувања на графичките уметници во периодот од 2003-2006г. кога беа присутни во сите поголеми галериски центри во државата, а кулминација достигна презентацијата во Македонскиот културен центар во Њујорк 2006 год. Повторната реафирмација на проектот „Кумановски графичари 09“, спојувајќи ги мајсторите на мултиоригиналот, публиката и ликовната критика на едно место – во галериските простори, остварува значајна улога во секојдневното културно живеење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.