Култура
Поделени наградите на Санденс филмскиот фестивал
Филмот „Winter’s Bone” е приказна за девојка која си го бара таткото и „Restrepo“, шокантен документарен филм за војната во Авганистан, се добитници на главните награди на жирито на 26-от фестивал на независниот филм во Санденс, Јута
„Winter’s Bone“ на Американката Дебора Граник, е приказна за девојка која си го бара татко си кој криумчари дрога во американските диви планини Озарк. Освен за најдобар филм, Граник доби награда и за најдобро сценарио.„Restrepo“ е филм на воените репортери Тим Хатерингтон и Себастијан Јангер, е добитник на главната награда за документарен филм. Тој низ секојдневието на 15 американски војници во една од најсмртоносните провинции во Авганистан отпечатува силна слика за насилството во воениот пекол, стои во образложението на наградата од жирито. Наградата за најдобра странска драма ја доби австралискиот „Animal Kingdom“ на Дејвид Мичод, за момче кои се судира со семејство скитачи во Мелбурн. Гран при за најдобар странски документарец му е доделена на данскиот „The Red Chapel“ на Макс Бругер, во кој група новинари која се претставува за театарска трупа успева да влезе во Северна Кореjа.Кинематографијата на Јужна Америка доби на Санденс три награди, Перуанецот Хавиер Фуентес Леон за „Contracorriente“ ја доби наградата на публиката за најдобра странска драма., а за најдобра режија и сценарио е награден „Zon Sur“ на Боливиецот Хуан Карлос Валдивиа. Годинава на Санденс фестивалот се прикажани 110 филмови, од кои 58 во конкуренцијата за награди. Овој фестивал е втемелен од славниот холивудски актер Роберт Редфорд како пандан на големите холивудски студија, за да го промовира независниот филм и новите млади уметници, а со времето стана најголем филмски фестивал во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Лилјакот“ повторно на сцената на МОБ: спектакуларна оперета на 26 декември во Скопје
По три одлични изведби, „Лилјакот“ ќе се изведе повторно на големата сцена на МОБ за вечер исполнета со музика, хумор и емоции, културно доживување што ја освои пуб-ликата и критиката, соопшти организаторот.
„Македонската опера и балет со гордост ја најавува четвртата изведба на оперетата „Лилјакот“ (Die Fledermaus) од Јохан Штраус II, која ќе се одржи на 26 декември 2025 година. По две претходни изведби што предизвикаа бурни аплаузи, високи оценки од публиката и критичката фела, ова ремек-дело на класичната музика се враќа како еден од најочекуваните културни настани во декемврискиот репертоар.
„Лилјакот“ е светски позната оперета што ја слави радоста, музиката и ведрината на животот, со шармантни сцени, хумор и незаборавни арии. Оперетата ја освои публиката, која ја опиша како „возбудлива, духовита и емоционално живописна“ и која ја поздрави со овации и силни аплаузи“.
Оваа изведба, под диригентска палка на Бисера Чадловска и во режија на Љупка Јакимовска, нуди уште една можност за љубителите на уметноста да уживаат во празнична вечер исполнета со музика, раскош и многу смеа.
Доколку ја пропуштивте претходната изведба, ова е вашата можност да бидете дел од ова празнично културно искуство и да ја почувствувате магијата на „Лилјакот“ во живо, вели организаторот.
Култура
„Џез под ламба“ повторно во Центар, магична божиќна атмосфера со Мартина Елиора и нејзиниот бенд
Општина Центар на 27 декември, со почеток во 19:00 часот, ќе го одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанската амбасада.
Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во џез верзии на најпознатите новогодишни и божиќни песни во изведба на Мартина Елиора со нејзиниот бенд, но и да пробаат греано вино и печени костени.
„Ги поканувам сите љубители на добрата музика да ни се придружат и да ја споделиме божиќната атмосфера. Да ја продолжиме оваа навистина убава традиција, која му дава посебен и препознатлив шарм на Центар“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Настанот „Џез под ламба“ веќе трета година е дел од програмата за култура на Општина Центар, музички настан кој го промовира џезот и македонските изведувачи.
Култура
Македонското глумиште денес се простува од својот колега, актерот Лазе Манасковски
Драмскиот театар – Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерот Лазе Манасковски е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Лазе Манасковски од 11.30 до 12.30 часот во капелата на гробиштата.
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 во Скопје, а почина на 20 декември 2025 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година тој се вработил во Драмскиот театар – Скопје, каде што бил професионално ангажиран сè до неговото пензионирање во 2022 година.
Kомеморација во чест на починатиот актер ќе се оддржи во неговата матична куќа, Драмскиот театар – Скопје, на 24 декември (среда) во 12 часот.

