Култура
Да не се девалвира Скопје 2014

Дел од авторите на проектот „Скопје 2014“ денеска со писмо се огласија против, како што велат “неоснованите и нестручни напади“ на кои се подложени по обелоденувањето на проектот.
Вкупно 18 архитекти, автори на споменици и останати стручни лица се потпишани на писмото со кое се бара да престанат „некултивираните, неоснованите, невештите и нестручните напади кои деновиве без никаков аргумент се упатуваат кон проектот и кон авторите“. Велат дека не прифаќаат политичка, туку естетска дебата за нивните дела.„Цениме дека ова е само невешт пример за обид за внесување на негативен аспект во перцептивното поимање на проектот од страна на граѓаните. Структурите од кои ги доживуваме овие напади, ни создаваат сериозно чуство на сомнеж дека девалвацијата на овој проект е дневно – политички мотивирана. Македонската јавност треба, но и веќе знае, дека со овој проект Скопје ќе има содржина и физиономија и Скопје вистински ќе заличи на метропола. Ние со нашиот авторитет и кредибилитет тоа го потврдуваме и го гарантираме“, вели Жарко Башески, автор на спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев.Башески информира дека спомениците на Делчев и Груев се очекува да бидат поставени за еден месец. На локацијата пред Камениот мост веќе се работи за подготовките за поставување на нивните постаменти. Бара трпение од јавноста до конечното поставување на спомениците.„Ние не сакаме да се ставиме во ситуација да браниме нешто што визуелно го немаме доживеано“, вели Башески.За месец и половина од леарницата во Фиренца треба да пристигнат и двата лава што ќе бидат поставени на мостот „Гоце Делчев“, од страна на Владата. За авторот Дарко Дуковски нема дилеми дека е оправдано поставувањето токму на овој симбол.„Македонија отсекогаш се идентификувала со лав. Не гледам причина зошто да не бидат поставени лавовите“, вели Башески.Зад писмото во кое авторите велат дека „проектот Скопје 2014 е временски, визионерски и концептуално исправен“, покрај Башески и Дуковски, се потпишани и Слободан Милошевски, Кирил Мукаетов, Валентина Стефановска, Димитар Филиповски, Ангел Коруновски, Томе Аџиевски, Елена Дуковска, Константин Јанев, Богоја Ангелковски, Роза Павлевска, Перо Кованцалиев, Војдан Запров, Зоран петров, Јован Стефановски – Жан, Вангел Божиновски и Виктор Михајлов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Започнаа пробите на претставата „Лов на дива свиња“

Македонскиот народен театар од Скопје и Градското позориште од Подгорица потпишаа Меморандум за соработка за продлабочување на културната и уметничката размена меѓу Северна Македонија и Црна Гора.
Претставувани од директорите Никола Кимовски и Сандра Вујовиќ, двете институции ја изразија својата подготвеност за заедничка работа во областа на театарот, културата и уметноста.
Меморандумот предвидува размена на театарски претстави, реализирање заеднички копродукции, спроведување едукативни програми, како и соработка во областа на техничката и логистичката поддршка, маркетингот и промоцијата на заеднички проекти. Целта е воспоставување долгорочна и одржлива соработка, со редовна комуникација и координација при реализацијата на предвидените активности.
Овој документ претставува значаен чекор кон унапредување на регионалната културна поврзаност и зацврстување на меѓународната соработка во уметничката сфера.
„Македонскиот народен театар и натаму продолжува да создава во духот на мојата визија и стратегија – создавање театар отворен за сите, современ театар кој постојано вмрежување, остварува институционални и меѓународни соработки, со цел развој на современиот театар во Македонија и регионот“, изјави директорот Никола Кимовски.
Првата меѓународна соработка започнува со реализацијата на претставата „Лов на дива свиња“, чиј автор е црногорската современа писателка Марија Сарап, а режијата е на македонската режисерка Наташа Поплавска.
Претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје.
Во претставата учествува актерска екипа од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова и Мина Јелушиќ Јериниќ од Македонија, како и Ѓорѓе Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора.
Претставата „Лов на дива свиња“ премиерно ќе биде изведена на 19 јули во рамки на фестивалот „Скопско лето“, а премиера во Подгорица, Црна Гора, е планирана за септември.
Претставата е дел од Националната програма за култура за 2025 година и финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и од Градот Подгорица, Црна Гора, како и од компаниите: „Виталиа“ од Скопје, хотелот „Мериот“ и рестораните „Дистрикт“, „Тренд“ и „Шпајз“.
Култура
Изложба на пастели од Илија Спасов-Чендо

На 19 јуни, во 13 часот, во Културно-информативниот центар – Скопје, ќе биде отворена изложбата на слики изработени во техниката пастел од академскиот сликар Илија Спасов Чендо
Илија Спасов – Чендо
Роден е во Неготино. Дипломирал на ФЛУ Скопје. Член е на ДЛУМ. Добитник е на наградата за сликарство „Лазар Личеновски„ 2011. Самостојно изложувал во Скопје, Софија, Битола , Белград, Нови Сад, Дубровник, Кавадарци и Неготино. Учесник е на повеќе групни изложби. На изложбата авторот ќе се претстави со 25 пастели изработени во последните две години.
Изложбата ќе биде отворена до 01.07.2025 година.
Култура
Промоција на поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков

Поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков во издание на „Фуснота“ ќе биде промовирана денеска во кафе-книжарница „Буква“ со почеток во 19:00 часот.
Промоторка на книгата е проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, главен уредник е Маја Којчева Величкова, лектура: Елизабета Коневска, дизајнот на корицата изработи Мите Спасовски, а извадоци од романот ќе чита Светла Јакшиќ.
Книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.