Култура
Најдобрите филмски сценарија во САД

Филмот за ирачката војна „Наредникот Џејмс“ и корпоративнат драма “Ни на неби, ни на земја“, се добитници на наградите за најдобри сценарија на овогодишното доделување на наградите на Американското здружение на сцебаристите
Марк Боал ја доби наградата за најдобро оригинално сценарио за филмот „Наредникот Џејмс“, а Шелдон Тарнер и Џејсон Реитман за најдобро адаптирано сценарио за филмот „Ни на небо, ни на земја“.Наградата на американското здружение на сценаристите е последната поголема награда пред доделувањето на Оскарите. Имајќи предвид дека многу членови на ова здружение се и членови на американската филмска академија, оваа награда се смета за показател за шансите при доделувањето на Оскарите во сценаристичките категории. Доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 7-ми март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Cамостојна изложба на Анита Огњановска

Изложбата насловена „Во спокој“ е деветта самостојна изложба на Анита Огњановска, чие отворање ќе се одржи на 5 март 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во двата изложбени салони, Империјал 1 и Империјал 2, во Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје.
Огњановска повторно се претставува пред македонската публика со нов циклус дела кои истражуваат теми како личните емоции, секојдневните моменти и симболиката на деталите кои носат длабока значајност. На изложбата ќе бидат претставени околу 40 дела, главно изработени во голем формат, со техники како масло, ладен восок, акрил и комбинирана техника на платно.
Изборот на делата за оваа изложба е направен од професорот Костадин Танчев – Динка, познат графичар, графички дизајнер и сликар. Осврт на творештвото на Анита Огњановска ќе направи професорот Владимир Мартиновски – истакнат поет, есеист и книжевен преведувач. Дополнително, поетесата Ана Бунтеска напиша песна насловена „Во спокој“, инспирирана од сликите кои ќе бидат дел од оваа изложба, и истата ќе биде претставена на отворањето.
Концептот на изложбата „Во спокој“
Огњановска ги претставува своите дела како метафори за животот – навидум едноставен, но исполнет со слоеви комплексни емоции и искуства. Нејзините апстрактни композиции ја истражуваат интеракцијата помеѓу бојата и текстурата, создавајќи хармонија која ги повикува гледачите да откријат скриени значења под површината. Текстурите ја симболизираат слоевитоста на времето и искуствата, додека хоризонтите се прикажани како симбол на надеж и бесконечни можности.
Огњановска вели дека нејзините дела содржат елементи на охрабрување – потсетници дека под хаосот постои ред, а под немирот – спокој. Во нив таа ги истражува љубовта и страста како движечки сили на креативноста, но и теми како надминување лични стравови и пронаоѓање внатрешна храброст.
За Анита Огњановска
Анита Огњановска е ликовен уметник од Скопје со над 15 години искуство. Покрај самостојните изложби во Македонија, Хрватска и Данска, нејзините дела биле дел од групни изложби во Шпанија, Италија, Косово, Грција, Турција, Босна и Херцеговина, Франција, Данска и Австралија. Таа активно учествува на уметнички симпозиуми и колонии низ светот, што придонесува за збогатување на нејзината уметничка визија. Учеството на значајни настани како Salon d’Automne и Salon de Beauxarts во Париз и изложбите KUNST FOR ALLE во Копенхаген и Архус ја потврдуваат нејзината растечка препознатливост во светот на современата уметност. Нејзините дела се застапени во галерии во Данска, Грција и Австралија и се дел од приватни колекции ширум светот.
Култура
Љутков од Будимпешта: Потврдени нови иницијативи за соработка во културата и туризмот меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која е во дводневна официјална посета на Будимпешта, Република Унгарија.
Во рамките на посетата, денеска се одржа втората заедничка седница на двете влади, на која беа разменети идеи и иницијативи за продлабочување на соработката во повеќе области, вклучително и во културата и туризмот.
На средбата меѓу министерот за култура и туризам Зоран Љутков и неговиот унгарски колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, беше потврдена нивната посветеност за унапредување на културните и туристичките врски меѓу двете земји преку реализација на конкретни активности.
„Радува фактот што само неколку месеци по заедничката седница во Охрид, најголемите институции од областа на театарот во двете држави, Македонскиот народен театар и Националниот театар од Будимпешта, склучија Договор за соработка, врз чија основа, во иднина, ќе се реализираат заеднички продукции, ќе се разменуваат претстави и ќе се промовираат културата и уметноста на двете држави“, рече Љутков и изрази уверување дека е ова првиот од низата документи со кои ќе се регулира и ќе се унапреди соработката меѓу националните институции од двете држави. Во тој контекст планирана е и соработка и во областа на оперската, балетската и во филмската уметност, области кои се веќе добро развиени во двете земји.
Љутков информираше дека наскоро, со потпишување на новата Програма за соработка со Министерството за култура и иновации на Унгарија, ќе продолжи успешната соработка која ќе биде основа за нови иницијативи во културниот и туристичкиот сектор.
„Во исто време, остануваме отворени за поддршка на сите иницијативи што ќе придонесат за продлабочување на културните врски и за зацврстување на соработката меѓу двете земји, како и за потпишување Меморандум за соработка во областа на туризмот, кој би вклучувал можност за развој на заеднички туристички рути кои ќе ги истакнат културното наследство и природните убавини на Република Северна Македонија и на Унгарија“, изјави министерот Љутков.
Со оваа средба, двајцата министри ги потврдија своите заложби за континуирано зацврстување на соработката во културата, туризмот и во другите области од општествен интерес, со цел понатамошно збогатување на културната и туристичката размена и афирмирање на заедничките вредности и интереси.
Култура
Концерт на Солунската филхармонија во Скопје и на Македонската во Солун

Државниот симфониски оркестар од Солун на 17 мај, со почеток во 19.30 часот, за првпат ќе настапи во салата на Македонската филхармонија. Гостувањето на овој оркестар во Скопје доаѓа по заедничкиот настап на Македонската, Солунската и Софиската Филхармонија во Софија, каде на 17 февруари се реализираше изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Менаџментот на Македонска филхармонија е во финални преговори и за концерт на Македонската филхармонија во Солун.
-На заедничката средба во Солун, во октомври минатата година, со г-дин Најден Тодоров, директор на Софискатата филхармонија и г-дин Симос Папанас, директор на Државниот симфониски оркестар од Солун го договоривме концертот во Софија, и разговаравме овој концерт да се повтори и кај нас и во Грција. Во меѓувреме со г-дин Папанас го договоривме настапот на Солунската филхармонија во Скопје, а во финални преговори сме и за нашиот концерт во Солун, кој треба да се реализира кон крајот на јуни. Во меѓувреме ќе потпишеме и меморандум за соработка помеѓу двете институции. Ова е уште една потврда дека културата руши бариери и создава и гради нови пријателства и можност за идни заеднички соработки – вели Александар Котевски, в.д. директор на Филхармонија.
Како солисти на концертот на Солунската филхармонија ќе настапат нашиот пијанист со блескава интернационална кариера – Симон Трпчески и грчката сопранистка Мирто Папатанасиу. Диригент е Владимирос Симеонидис од Грција, а на програмата се Концертот за пијано и оркестар во Ге-дур од Морис Равел, „Пет народни грчки песни“ во оркестрација на Равел и Розентал, „Ла валс“ од Морис Равел, како и неколку композиции од грчкиот композитор Емил Риадис.