Култура
Вечерва три настана на Скопско лето
Прво 20.30 ч., во Чифте-амам, ќе може да се проследи изложба на слики од два циклусаод уметникот Димитар Стојчевски, во 21 ч. е концертот на Куд „Кочо Рацин и „Разиграна Македонија – Австралија“, а во Сули-ан е репризата на премиерата „3327 (Деветте книги на Никола Тесла)”
Димитар Стојчевски мина низ неколку творечки и стилски фази. Во дел од нив авторот остварил тематска и стилска кохерентност и препознатливост на сликарскиот израз. Тој е отворен за извесни предизвици од новите уметнички струења (нова фигурација, неоекспресионизам и др.) но останува доследен на својата природа и убедувања.Стојчевски, по осум години работа ја отвори втората самостојна изложба на која го претстави новиот циклус на слики од 1988 година наречен „Пасторален Орфеј”. Неговите платна ќе бидат населени со нови мотиви, како што се црква и рид, потоа митолошки сцени и секако централниот лик на митскиот Орфеј. Светот на пасторални предели и на митолошки претстави добил во сликите на Стојчевски архаична , исконска нота. Станува збор за активирани слики на меморијата, за некои предели од сонот и имагинацијата. Скиката е исткаена од рафинирани колористички (комплементери) и хармонии од создадена линеарната И формална страна на делото. Цртежот – боја ја обележува формата, значењето на симболичната фигурација и апстрактно – асоцијативни содржини на сликата. Смирениот ритам на формите, енергијата вткаена во боената структура откриваат занес и топлина катактеристични за медитеранското поднебје. Таквите својства ќе не упатат на можните влијанија и сродности со некои историски имиња: станува збор за одделни аспекти на сликарството на К.Моне, набистот Рисел, О. Кокошка, М. Шагал, Ж. Дибифе, Уметноста на поп- артот итн.Во 1994 г. настанал циклусот, „Сакралиум” во кои се нагласува присуството на религиските и духовните содржини. Средишен мотив во сликите е манастирот “Св. Јоаким Осоговски” , кој се наоѓа во близина на градото Крива Паланка, родниот крај на уметникот. Стојчевски стремел, со обработката на овој познат манастирски комплекс со неговите карактеристични симболи да пронајде “нов духовен амалгам”, да ги изрази сопствените потраги по „ недофатливиот свет” на сакралните архетипови. Авторот, користејќи ги средствата и формите на сликарскиот модернизам како и на сопствената природа интуитивен карактер остварил спиритуални сликовни претстави. Корените на ова религиско доживување би требало да се побараат, меѓу другото , во раните искуства на уметникот. Во сликите на Стојчевски има видливи траги на сериозна интроспекција и пулсирање на некаков архиичен библиски звук со извесна емпфаза на пораката. Ова сликарство во еден дел, не не остава рамнодушни и на свој начин – уверливо и чисто партиципира во обнновата на современата уметност со религиски содржини, на сето ова би можело да се додаде: каде и да се наоѓа овој сликар некако постојано се наоѓа во себе зензибилно загледан во околината и светот. вели за творештвото на Стојчевски, др. Владимир Величковски. На Платото пред Домот на АРМ, во склоп на истат манифестација Скопско лето 2010 ќе с епретстави и Македонското културно уметничко друштво „Разиграна Македонка” од Квибејн,– Астралија, кое првпат под ова име се формира во 1991 г. со цел да се зачува и претстави убавата македонска култура и фолклор, а воедно и македонскиот идентитет како богато културно наследство во овие простори на дијаспората. 15 години подоцна една нова генерација на млади македонци со макотрпна работа, крајна одушевеност и голема љубов спрема македонскиот фолклор достигнаа кулминација на успеси во ова друштво. Друштвото брои 70 членови поделени во три соодветни групи врз основа на возраст и искуство. Седиштето се наоѓа во малото историско гратче Квибијан кое се наоѓа во непосредна близина на главниот град Канбера. Друштвото работи под покровителство на Македонската православна црковна општина Свети” Пророк Илија” од Квибијан.Во изминатите години “ Разиграните Македонки” градеа искуство и статус со многубројни настапи во повеќе градови низ Австралија како што се Сиднеј, Мелбурн, Волонгонг, Канбера, и се разбира Квибијан. Исто така земаа учество во повеќе манифестации и фестивали, меѓу кои: Национален фолклорен фестивал – Канбера и др. каде со голем успех ги презентираа македонскиот фолклор и култура.Заедно со гостите од Австралија вечерва ќе настапи и ансамблот за народни песни и ора „Кочо Рацин“ Скопје – Македонија е основан во далечната 1946 г. и работи под патронат на градежната оператива на Македонија. Историјата на овој наш реномиран ансамбл е мошна значајна и плодна. Во неговите редови денес членуваат повеќе од 400 активни членови, претежно млади луѓе кои своите афинитети и способности ги пројавуваат во играорната, музичката и пејачката секција. Концертниот репертоар на Ансамблот “ Кочо Рацин “ е атрактивен и содржи околу 20 кореографии: “Седенка”, “Драчевка”, “Тресеница”, “Тешкото”, “Невестинско”, “Сплет на песни и игри од Егејска Македонија”, “Пиринско пролетно цвеќе”, “Игри од Преспа”, “Калајџиско”, “Осоговско -Малешевската фолколорна платенка”, “Тутуноберачите”, “Гроздобер”, и други. Сите кореографии ги карактеризира елеганцијата во изворно обработениот фолклор, лесна динамика, восхитувачки темперамент и мелоритмика. Прекрасни се и живописните носии што ги поседува истиот. Ансамблот “Кочо Рацин” ја “разнесе” убавината на македонските ора и песни ширум светот одржувајќи повеќе од 6000 концерти во многу наши градови и места, а посебно се значајни гостувањата во: Австралија, Англија, Бугарија, Белгија, Германија, Данска, Италија, Иран, Ирак, просторите на поранешна Југославија, Кипар, Канада, Норвешка, Полска, Русија, Романија, Словачка, САД, Турција, Франција, Холандија, Чешка, Швајцарија, Шведска, Јапонија, Португалија, Шпанија. Значајните постигнувања на ансамблот се илустрирани со повеќе од 350 домашни и меѓународни признанија и награди, додека на повеќе светски фолклорни фестивали освојувани се први награди, и ансамблот е прогласуван за најдобар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Марко Бањоли во Чифте амам
На 23 април во 19 часот во Националната галерија на Македонија – Чифте амам, Скопје ќе се отвори мултимедијалната изложбата „Тркало на времето“ на истакнатиот италијански уметник Марко Бањоли.
„Со оваа изложба ја објавуваме одлуката на Советот на Остен „Земја во фокус“ на Остен Биеналето Скопје 2024 да биде Италија“, велат од Остен.
Изложбата е организирана во соработка со Зеринтија, Асоцијација за современа уметност, а со поддршка на Италијанска амбасада во Скопје и Италијанскиот културен институт во Белград.
Култура
Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот џез“
Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, утревечер на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова.
Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“…
Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце.
Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска.
Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент.
Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“.
Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.С. Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар.
Книги
МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга
Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.
Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).
Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).
Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.
Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).
Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).
Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).