Култура
Канческа-Милевска настапи на министерскиот симпозиум во Женева
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во понеделник имаше обраќање на Вториот министерски симпозиум во рамките на 48. серија состаноци на Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС) кој се одржува во Женева, Швајцарија
На состанокот, на темата „Иновации, раст и развој: Улогата на интелектуалната сопственост и на националните искуства на земјите-членки“, пред околу седудмесет министри на земјите членки на СОИС, Елзиабета Канческа-Милевска, како прв македонски министер за култура кој учестува на овој министерски симпозиум, ги истакна активностите на земјата на ова поле.Канческа-Милевска приота го поздрави успешниот напредок и многубројните проекти што беа спроведени во текот на изминатите години од страна на Светската организација за индустриска сопственост, сè со цел да се стимулира развојот на услужно-ориентираната култура. Притоа македонската минситерка за култура потенцира дека се недвосмислени напорите на Владата и на Министерството за култура во областа на заштитата на авторското право и интелектуалната сопственост, бидејќи тоа е едно од човековите права на авторот, чија заштита мора да биде гарантирана. „Фактот што Република Македонија е потписничка на Конвенцијата на УНЕСКО за авторски права и членка на Организацијата за интелектуална сопственост, за нас е должност која нè поттикнува да истраеме и да бидеме непоколебливи во заштитата на слободата на изразувањето, во заштитата и промоцијата на културната разновидност, која претставува и значаен влог за целото човештво“, вели Канчевка-Миелвска.Таа нагласи дека на полето на авторското право е направен значителен напредок, кој е констатиран и во последниот извештај на Европската Унија во 2009 г. „Како држава, интензивно работевме на повеќе пунктови, инвестиравме во градењето ефикасен систем на заштита и зацврстување на капацитетите на институциите во подигањето на јавната свест за значењето на правата од интелектуална сопственост и придобивките од нивната заштита. Презедовме активности за потенцирање на важноста и потребата од постоење на систем за заштита на правата од интелектуалната сопственост со кој се штитат резултатите на човековиот творечки ум, односно поттикнување на човековата креативност“, додаде Канческа-Милевска и потсетувајќи дека македонскиот парламент го донесе новиот Закон за авторското право и сродните права.Министерката за култура го истакна и напредокот на земјата во однос на примената на Законот за индустриска сопственост и посочи дека е извршено дополнително усогласување со три закони со кои се ратификуваат договорите управувани од страна на Светската организација за интелектуална сопственост, и тоа: Законот за ратификација на Договорот за закон за патенти, Законот за ратификација на Сингапурскиот договор и Законот на трговски марки, со што е овозможено олеснување на постапката за доделување право на патент или заштитен знак. На полето на индустриската сопственост, Република Македонија го донесе и Законот за ратификација на Виенскиот договор, кој ќе се користи како основен систем за класификација на фигуративните елементи на трговските марки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

