Култура
Изложба на Рубенс Корубин

Изложбата „Месечеви приказни“ на познатиот македонски сликар Рубенс Корубин ќе биде отворена вечерва во изложбениот салон на КИЦ.
Ќе бидат претставени 30-на слики и цртежи создадени во последните десет години и неколку необјавени дела од подоцнежниот творечки опус.
Вечерва, заедно со изложбата ќе биде промовирана и книгата „Месечеви приказни“ која содржи репродукции од ликовното творештво на Корубин и два есеи од Иван Џепаровски и Кирил Пенушлиски.
Рубенс Корубин дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград, во класата на проф. Младен Србиновиќ. Во 1977/79 студиски престојувал во Париз во L’Ecole des Beaux Arts кај познатиот проф. Јанкел.
Моментно работи како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Самостојно излажувал во Скопје, Сомбор, Белград, Битола, Прилеп и Париз.
Корубин учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјата и странство, Париз, Њујорк, Сиднеј, Торонто, Лондон и др. Автор е на два монументални мозаика „Пелинце 2004“ и „Cupidae legum iuventutu“ на Правниот факултет
“Јустинијан Први“ во Скопје во 2006 г. Добитник е на пет национални награди, меѓу кои наградатa Гран-при на Зимскиот салон на ДЛУМ во 2005 г. крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
52 учесници од 16 земји на Првата зимска школа за македонски јазик, литература и култура

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), како една од релевантните институции што се дел од националната платформа за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, ја почне новата или Блажевата 2021 со новини токму во чест на тоа одбележување.
Иницијативата за националната платформа е со цел да се усогласат сите проекти и настани предвидени на национално и на меѓународно ниво во чест на великиот Конески и таа доаѓа од двете министерства – Министерството за култура и Министерството за образование и наука. Првата зимска школа на МСМЈЛК ќе се одвива на далечина преку платформата „Зум“ во времетраење од десет работни дена (секој ден по 4 часа), во периодот од 25 јануари до 5 февруари 2021 година (со вкупен фонд од 40 часа), и тоа е вистински влог во почнувањето на прославата на овој голем јубилеј.
На Првата зимска школа ќе учествуваат 52 учесници од 16 земји (Босна и Херцеговина, Велика Британија, Грција, Италија, Канада, Косово, Полска, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка). За наставата на оваа Првата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ ангажирани се лектори (предавачи и професори) со долгогодишно искуство. Притоа организирани се лекторски групи за сите нивоа (почетно, средно и напреднато, и тоа напреднатото ги има и своите поднивоа – за јазик, за литература и за преведување). За своето учество посетувачите на Зимската школа ќе добијат и уверение, со што тие имаат можност да влезат во самата историја како први учесници на една ваква зимска школа на меѓународниот семинар. На отворањето на првата зимска школа пригодни видеообраќања ќе имаат претседателот Стево Пендаровски и министерката за образование и наука, Мила Царовска, а поздравна реч ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.
Книги
Објавена книгата „За Прличев и неговиот XIX век“ од Вера Стојчевска-Антиќ

Неодамна, во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, излезе книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Сточевска-Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски.
Книгата со својата содржина е особено актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска-Антиќ, се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски за да се дојде до XIX век со потреба од изразување на сопствен литературен јазик, поинаков од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик.
„Григор Прличев е најочевидниот пример на интелектуалец од Охрид, кој во својот постепен и длабок развоен пaт, од детството до знаменит втор Хомер во Атина, за да дојде до сознание дека еден општословенски јазик е за него добредојден, појасно од употребата на бугарскиот јазик. Во суштина тој одлично го говори својот мајчин охридски дијалект, но ја чувствува потребата за еден општословенски јазик, кој сака да го поврзе со вековното влијание на словенскиот развоен пат на јазикот, поточно поврзан уште со времето на Климента, како еден вид измислен од него литературен јазик. Пред него и денес горат безбројни кандилца во Охрид. Толку е длабок Климентовиот култ во Охрид и денес. Вера Стојчевска-Антиќ запира и на заедничките мотивации за создавање слова, особено влијанијата на св. Клиемт Охридски врз одредени слова на Григор Прличев, кои се мотивирани од заеднички извори“, вели рецензентот, проф. д-р Георги Сталев, еден од најдобрите познавачи на животот и делото на Прличев кај нас.
Покрај 12 труда од д-р Стојчевска-Антиќ, книгата содржи и автографски записи, документи, мислења од охридскиот новинар Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (првпат во печатена форма), за најастарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитниците на наградата за најдобра поема…
Плановите се книгата „За Прличев и неговиот XIX век“, посветена на патронот на НУ Библиотека во Охрид, да биде промоворана на почетокот од февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“. Нејзиното издавање финансиски е помогнато од Министерството за култура и Општина Охрид.
Култура
(Видео) Објавен првиот тизер за филмот „Денот на жената“ на Гоце Цветановски

Објавени се првите снимки од долгометражниот игран филм „Денот на жената“ во режија и сценарио на Гоце Цветановски.
Станува збор за општествено-ангажиран филм кој се снимаше во октомври, минатата година, а фокусот на приказната е на трговијата со луѓе и присилната проституција.
Актерката Слаѓана Вујошевиќ ќе ја видиме во главната женска улога како истражувачка новинарка која се обидува да ја разбие мрежата и да ја разоткрие вистината.

Слаѓана Вујошевиќ во главната женска улога (Фото: Маја Арагикијева)
Главните машки улоги ги толкуваат Муса Исуфи и Исмаил Касуми, актери од Кумановскиот театар . Дел од актерскиот тим се и Катерина Коцевска, Елени Декидис, Егзона Салиху, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Мендим Муртези и Авни Далипи.
Директор на фотографијата е Фејми Даут, кој беше еден од кинематограферите на номинираниот филм за „Оскар“ – „Медена земја“.
„Денот на жената“ е прв долгометражен филм на режисерот Гоце Цветановски. Тој студирал филмско сценарио и режија во Париз, каде живеел од 1998 до 2015 година. Има режирано и продуцирано околу 20 кратки филмови, прикажани на над 100 филмски фестивали во светот, освојувајќи бројни награди.

Режисерот Гоце Цветановски на снимањето на филмот „Денот на жената“ (Фото: Маја Аргакијева)
Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира