Култура
Најголем интерес за „Панкот не е мртов“ од македонските филмови во Кан
„Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски изрази најголем интерес за откуп на македонски филм на филмскиот фестивал во Кан кој се одржа минатата недела, велат од филмскиот фонд на Македонија.
„Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски изрази најголем интерес за откуп на македонски филм на филмскиот фестивал во Кан кој се одржа минатата недела, велат од филмскиот фонд на Македонија. „Имавме скрининга на три филма: „Ова не е американски филм“, „Панкот не е мртов“ и „Скопје Ремиксед“. Во склоп на филмскиот маркет беа дојдени 10 илјади регистрирани учесници за да ги гледаат филмовите, со цел да ги откупат и регистрираат. За сите три филма имаше интерес за прикажување но, најмногу имаше за „Панкот не е мртов“ , изјави директорот на филмскиот фонд на Македонија, Дарко Башески. На Канскиот филмски фестивал се собираат продуценти со цел да се запознаат и да развијат европски копродуценти. Ваквите средби се базирани на networking во организација на „European film promotion “и секоја земја која е учесничка треба да ја претставува по еден продуцент.„Имаше и тркалезна маса каде што секој од продуцентите ги презентира своите тековни и идни проекти. Јас ги презентирав покрај „Панкот не е мртов“, „Деца“ на Горјан Тозија кој е во развој на сценарио, и вториот проект е „Оркестар за погреби и свадби“ на Атанас Георгиев, меѓутоа јас сум извршен продуцент“ изјави Поповски. Од 11 до 22 мај беше одржано шеесет и четврто издание на Канскиот филмски фестивал. /крај/макфакс/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика, екипата се соедини на кинопремиерата
Со свечена кинопремиера и три проекции во „Синеплекс“ почна прикажувањето на еден од најнaградуваните македонски филмoви „Бизнисот на задоволството“, на режисерот, Гоце Цветановски.
Филмскиот настан ја соедини на едно место екипата на политичкиот трилер, а по проекцијата на коктел забава присутните гости ги собираа впечатоците.
Режисерот Гоце Цветановски ги повика сите љубители на филмот да го проследат неговото дело кое што отвора една деликатна тема како што е присилната проституција, а во фокусот се корупцијата и трулоста на целиот систем.
„Како режисер сум премногу задоволен од приемот на публиката на првите проекции. Коментарите се дека сме направиле филм кој се разликува од се’ останато што досега е направено во Македонија и ме радува што многумина искоментираа дека е храбар и задира чувствителни теми. Повеќе не би коментирал, ги повикувам сите љубители на филмот да дојдат во кино и да видат за што станува збор, па заедно ќе дебатираме. Веќе е на редовниот репертоар и се прикажува секој ден“, рече Цветановски.
Филмот од вчера почна со проекции и во другите градови низ Македонија. Во сабота ќе има можност да го види публиката во Кочани, додека во Штип и во Велес ќе биде прикажан в недела.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.
Култура
КИЦ го најавува годинешното издание на „Звукот на Скопје“
Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“, оваа година повторно ќе се случи во формат на летен фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички имиња. Програмата ќе биде збогатена со изложби и проекции на филмови, како дел од програмските активности на центарот.
Веќе знаете дека „Звукот на Скопје“ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште. „Звукот на Скопје“ значи и свеж здив во долгото скопско лето и заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. „Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст.
„Звукот на Скопје“ ќе се случи на 27 септември 2024, и тоа во Кулпарк (пред КИЦ), Салон 19:19 и галериите.
Култура
Со наградената претстава „Мојот маж“, Драмски театар ја отвора новата сезона
Новата сезона во Драмски започнува утре со претставата „Мојот маж“. Ансамблот на Драмски неодамна учествуваше на меѓународниот театарскиот фестивал Пургаторије 2024 во Тиват, Црна Гора каде за претставата „Мојот маж“ ја доби награда за „Актерска бравура”.
Во образложението на жирито е истакнато: „Неспорна работа е дека актерската уметност има свој автентичен простор во однос на режисерско-драматуршкиот концепт, но дека актерската подела во една претстава функционира како еден организам, еден комплексен ум, една добро организирана машинерија, која умее во целина темелно да ја разбере и преболи современата сурова стварност, меѓучовечката бездна што се отвора меѓу најблиските, е врвно мајсторство што се гледа сѐ помалку и помалку во театарот денес. Актерите во оваа претстава се сами по себе доволна критична маса за одличен театар, свесно поврзани со сопствената психолошка слоевитост, наелектризирани од личните неволји, подготвени да се поништат и повторно да се преродат одвнатре, откривајќи му ја на гледачот старо-новата терапевтска вистина за човечката совест“.
Режисер на претставата „Мојот маж“ е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски и асистент сценограф е Моника Ангелевска. Музиката е избор на Нела Витошевиќ.
Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Сара Климоска, Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ.
По премиерата во 2020 година претставата “Мојот маж” е веќе пет сезони на редовниот репертоар на матичната сцена.
На фестивалот Војдан Чернодрински во 2021 година претставата доби 4 награди и тоа: „Награда за костимографија“ на Роза Трајчевска–Ристоска за костимите во претставата, „Награда за современа сценска драматизација“ на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова–Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска и авторските монолози, „Награда за главна женска улога“ на Наталија Теодосиева за улогите во претставата „Мојот маж“ и „Награда за севкупен уметнички ангажман и резултат на авторот и актерите“.
Драмски театар Скопје со оваа претстава имаше повеќе гостувања со извонреден прием од публиката. Се играше во Словенија на сцената на „Местно гледалишче“ во Љубљана, во Црна Гора на сцената на „Градско позориште“ во Подгорица и минатата година на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот „РУТА“.