Култура
Објавени меѓународните универзитети за фини уметности за добивање владина стипендија
Владата објави листа на најдобрите универзитети од областа на музиката, филмот, кинематографијата, драмската и ликовната уметност, што е услов за добивање владина стипендија со која се покриваат трошоците за студирање и престој на студентите кои ќе го стекнуваат и надградуваат своето знаење на најреномираните универзитети ширум светот.
„Процедурата е навистина едноставна, не се потребни никакви дополнителни услови, освен фактот студентот да се запишал на самата школа која е предмет на листата, една од 87-те школи. Потоа го известува министерството за образование кое пак е обврзано во рок не подолг од 10 дена позитивно да му одговори, врз основа на испратените документи дека лицето е примено за студии на универзитетот или специјализираната школа“, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Студентите имаат само една обврска, а тоа е дека по завршувањето на студиите треба да се вратат во Македонија, да се вработат и да творат во областа на школата која ја завршиле, во период за двојно подолг од времето кое било потребно за реализација на неговите студии.
Конкурсот за доделување стипендии ќе трае до 31-ти август период кога сите граѓани на Република Македонија ќе можат да аплицираат, да се запишат на некои од 87 универзитети и специјализирани школи и на тој начин да добијат стипендија.
Одлуката на Владата е да нема никаков лимит во однос на сумата на средствата која би се исплаќала поединчено по стипендија, ниту пак во поглед на вкупниот број издадени стипендии.
Листата на 87-те универзитети и специјализирани школи е составена од страна на министерствата за образование и за култура, а во неа влегуваат 32 школи од областа на музиката, од ликовната уметност 21 училиште, за кинематографија и филмска продукција се 19 и 15 се од областа на драмската уметност.
Највисоко рангирани универзитети од областа на музиката се следниве: Guildhall School of Music & Drama, Oбединето Кралство Royal Academy of Music, Oбединето Кралство Royal College of Music, Oбединето Кралство Royal Conservatoire of Scotland, Глазгов, Шкотска Appalachian State University, Северна Каролина, САД Baldwin-Wallace Conservatory of Music, Охајо, САД Bard College Conservatory of Music, Њујорк, САД Berklee College of Music, Бостон, САД Belmont University School of Music, Охајо, САД Boston Conservatory, Бостон, САД Bowling Green State University College of Musical Arts, Охајо, САД Brigham Young University School of Music Julliard School, Њујорк, САД University of Rochester, Њујорк, САД Vanderbilt University, Тенеси, САД Oberlin College, Охајо, САД Manhattan School of Music, Њујорк, САД San Francisco Conservatory of Music, Сан Франциско, САД Indiana University – Bloomington, Индијана, САД Curtis Institute of Music- Пенсилванија, САД New England Conservatory of Music, Масачусетс, САД University of Cincinnati, Охајо, САД Cleveland Institute of Music, Охајо, САД University of Hartford (Hartt), Конектикат, САД SUNY – Stony Brook, New York, Њујорк, САД Аton Bruckner Private University for Music, Drama, and Dance, Обединето Кралство Mozarteum University of Salzburg, Салцбург, Австрија University of Music and Performing Arts, Грац, Австрија Gnessin State Musical College, Москва, Русија N. A. Rimsky-Korsakov Saint Petersburg State Conservatory, Санкт Петербург, Русија Saint Petersburg Court Capella, Санкт Петербург, Русија Moscow Conservatory, Москва, Русија
Највисоко рангирани универзитети од областа на ликовната уметност се следниве: The School of the Art Institute of Chicago, САД Rhode Island School of Design, САД University of Cincinnati, САД Carnegie Mellon University School of Design, САД Parsons The New School for Design, САД Pratt Institute, САД Royal College of Art, Обединето Кралство D School: Institute of Design at Stanford University, Обединето Кралство Copenhagen Institute of Interaction Design, Кралство Данска International Fashion Academy – Paris & Shanghai San Francisco Art Institute, САД The School of Art and Design Berlin, СР Германија University of Madrid, Кралство Шпанија Central Saint Martins College of Art and Design, Обединето Кралство The Academy of Fine Arts Prague, Р.Чешка Ilya Repin St.Petersburg State Academic Institute of Fine Arts, Sculpture and Architecture, Русија Wellesley College, САД Accademia Belle Arti Bologna, Р. Италија The Florence Academy of Arts, Р. Италија Oslo National Academy of the Arts, Кралство Норвешка
Највисоко рангирани универзитети од областа на кинематографијата и филмската продукција се следниве: American Film Institute, Лос Анџелес, САД Beijing Film Academy, Пекинг, Р. Кина California Institute of the Arts, САД The Film and TV School of the Academy of Performing Arts in Prague, Р. Чешка Wesleyan University, Конектикат, САД The National Film and Television School, Обединето Кралство University of Television and Film (HFF) Munich, Германија Centro de Capacitacion Cinematografica, Мексико Italian National Film School, Рим , Италија Gerasimov Institute of Cinematography, Москва, Русија London Film School, Обединето Кралство New York Film Academy, САД VGIK, Moсква, Русија La Fémis – France Deutsche Film und Fernsehakademie, Берлин, Германија Hong Kong International Film Academy, Р. Кина INSAS, Brussels, Белгија Vancouver Film School, Канада Le Conservatoire de Paris, Франција
Највисоко рангирани универзитети од областа на драмската уметност се следниве: California Institute Of The Arts School Of Theatre, Лос Анџелес, САД Suny Purchase Conservatory Of Theatre Arts, Њујорк, САД The Juilliard School, Drama Division, Њујорк, САД Syracuse University School Of Drama Њујорк, САД UCLA , Лос Анџелес, САД University Of Essex, Колчестер, Обединето кралство National Institute Of Dramatic Art, Кенсингтон, Австралија Royal Academy Of Dramatic Art, Лондон, Обединето кралство Queen Mary, University of London, Обединето Кралство Guildhall School of Music & Drama, Обединето Кралство Trinity Laban Conservatoire of Music and Dance, Обединето Кралство University of East Anglia, Обединето Кралство Lancaster University, Обединето Кралство Conservatoire for Dance and Drama, Обединето Кралство University of Sussex, Обединето Кралство/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Битолскиот диригент Владимир Димовски гостува во Ниш
Битолскиот диригент Владимир Димовски ќе гостува во Ниш, каде ќе диригира со Нишкиот камерен оркестар на концерт посветен на творештвото на Антонио Вивалди. На програмата е „Четирите годишни времиња“, едно од најзначајните и најизведувани дела од барокниот репертоар. Концертот ќе се одржи денеска во Офицерскиот Дом во Ниш со почеток од 19 часот.
Роден во 1984 година во Битола, Димовски своето музичко образование го започнува на отсек виола, а академската надоградба ја продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Уште за време на студиите се истакнува како водач на групата виоли, што претставува рана најава за неговата подоцнежна уметничка и диригентска определба. Во периодот од 2004 до 2025 година, Владимир Димовски е ангажиран во Македонска опера и балет како виолист и заменик-водач на групата виоли.
Владимир Димовски е основач на НУ Камерен оркестар на Битола, институција која по повеќегодишна негова уметничка и организациска посветеност, во декември 2023 година го доби статусот на национална установа, заедно со првите вработувања реализирани под негово водство. Моментално е вработен во НУ Камерен оркестар на Битола како виолист, а повремено настапува и како диригент, активно учествувајќи во креирањето и реализацијата на концертните програми.
Со повеќе од 25 години искуство во диригирање и работа со различни камерни и симфониски оркестри, Димовски го гради својот диригентски израз не како формална дипломска определба, туку како резултат на лична желба, уметничка страст и континуирана практична работа на сцената, низ долгогодишно водење ансамбли и реализација на комплексни музички проекти.
Паралелно со институционалната работа, веќе 13 години тој е уметнички раководител и диригент на Оркестар DIVA (претходно Битолски Камерен Оркестар), независен ансамбл со јасно профилиран уметнички концепт, насочен кон спојување на класичната оркестарска традиција со современи, поп и рок музички проекти.
Како автор и диригент, Владимир Димовски стои зад бројни оригинални и препознатливи проекти, меѓу кои „Виена во Битола“, „Rock Symphony“, „James Bond Symphony“, „John Williams Symphony“, „Stars Symphony“, „Flowers Symphony“ и многу други. Овие проекти, чиј уметнички концепт и реализација се негово авторско дело, стекнаа значајна популарност и беа изведувани низ Македонија и регионот.
Покрај диригентството, Димовски е активен и како автор на аранжмани и оркестрации, со над 400 реализирани дела за камерни и симфониски состави.
Гостувањето во Ниш претставува уште една потврда за неговиот активен диригентски ангажман и за континуираната регионална уметничка соработка.
Култура
Комеморација за актерката Ленче Делова се одржа во Драмски театар
Во присуство на семејството, голем број колеги, пријатели и почитувачи, денеска во Драмскиот театар се одржа комеморацијата за актерката Ленче Делова.
Во театрографијата на нејзината матична куќа останува забележено дека Ленче Делова, родена на 15 јуни 1948 година, стана професионална актерка на едвај 16 години. На сцената на театарот прв пат чекори во „Богомилска балада“, првата премиера изведена во оваа, тогаш нова и привремена зграда на Драмски, каде што останува до пензионирањето во 2004 година.
Богатата уметничка кариера на актерката Ленче Делова, ја потврдуваат 63 улоги одиграни на матичната сцена меѓу кои: Џенет (Фармерки, 1965); Пере (Дундо Марое, 1966); Перце (Балада за Тил Ојленшпигел, 1968); Снежана (Пештера, 1969); Вида (Нажалена фамилија, 1971); Жената во авијатичарска облека (Ништо, 1972); Магда (Јане Задрогаз, 1974); Александра (Егор Буличов и другите, 1975); Офелија (Хамлет, 1977); Франческа/Кека/ (Рибарски караници, 1979); Евдокија, баба на Паца (Солунски патрдии, 1979); Марија Павловна Маша (Чехов – Подбивна среќо моја, 1980); Естер (Виктор или деца на власт, 1981); Ивона (Ивона, кнегиња бургундска, 1984); Папи Нортон (Хаос зад кулиси, 1985); Марија (Ноќ спроти водици, 1986); Госпожа Балабакова/Старата/ Кумата/ (Чернодрински се враќа дома, 1992); Херетка (Жени во народното собрание, 1994); Роза (Игранка во времето на Лунаса, 1995); Бејб Бортел (Злостори на срцето, 1995); Трајанка (Ни ќар, ни зијан, 1996); Меџ (Гардеробер, 1996); Марина (Вујко Вања, 1997); Бабата (Падот на невиноста, 2002); Мама (Мачка на вжештен лимен покрив, 2003); Менка (Чија си?, 2013).
Ленче беше често присутна во нашите домови, преку телевизискиот екран каде што играше многу ликови во програмите наменети за најмладата публика во продукциите на сериите: „Итар Пејо“, „Ајде да се дружиме“, „Чук, чук Стојанче“, „Останок“, „Во светот на бајките“, „Салон Хармони“. Таа имаше значајни остварувања и во филмовите „Пред дождот“ и „До балчак“.
Добитник е на наградата на град Скопје „13 Ноември“ за улогата на Офелија во претставата „Хамлет“ (1978). На МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп во 2006 година ја добива награда за животно дело. Во 1996 година на истот фестивал ја добива наградата за најдобро актерско остварување за улогата на Трајанка во „Ни ќар-ни зијан“ која ја одбива заедно со сите други наградени од претставата.
Телеграми со сочувство беа испратени од државниот врв и колегите од повеќе македонски театри.
Во телеграмата со сочувство испратена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се истакнува дека: „Со голема тага ја примив веста за смртта на истакнатата македонска театарска и телевизиска актерка Ленче Делова, уметница чие творештво остави неизбришлива трага во современата македонска култура.
Во овие тажни мигови, иако не постојат зборови коишто можат соодветно да ја изразат големата загуба, упатувам најискрено сочувство до семејството, пријателите, колегите и до целата македонска културна јавност.
Ленче Делова оствари бројни ролји во Драмскиот театар во Скопје, каде што го помина сиот свој работен век. Нејзините сценски интерпретации се одликуваа со автентична психолошка суптилност, топлина и природност, со што успеваше да интерпретира ликови кои остануваат трајно врежани во колективното сеќавање на публиката.
Особено значајно место во нејзината уметничка биографија заземаат телевизиските остварувања што го одбележаа детството на многу генерации: Бушава азбука, Ајде да се дружиме, Чук, чук Стојанче и Во светот на бајките. Преку овие култни емисии, Ленче Делова не само што ја потврди својата актерска виртуозност туку и даде непроценлив придонес во воспитно-образовниот и културниот развој на младите.
Извонредните актерски остварувања и благородната личност на Ленче Делова ќе останат трајно запаметени како дел од највредното наследство на македонската театарска сцена и телевизискиот медиум“.
Министерот Зоран Љутков во телеграмата напиша: „Со искрено жалење ја примив веста за заминувањето на истакнатата македонска актерка Ленче Делова, доајен на македонското глумиште и една од најпрепознатливите личности на нашата културна сцена.
Ќе ја паметиме по нејзините улоги, по силните и автентични интерпретации со кои ѝ даваше живот на секоја сцена, по нејзиниот препознатлив глас и достоинствена појава. Со својот талент, посветеност и професионализам, таа остави длабок и траен белег во македонскиот театар, филм и телевизија, вградувајќи се во темелите на современата македонска култура.
Од име на Министерството за култура и туризам и од мое лично име, изразувам искрено сочувство до семејството, колегите и сите почитувачи на нејзиното дело.
Нејзиното творештво ќе остане трајна вредност и инспирација за идните генерации.“
Колегите од Македонскиот народен театар во телеграмата споделија сеќавање на долгата кариера на Ленче од самите нејзини почетоци во 1965 година со зборовите: „Израсната и оформена како актерка во нејзиниот Драмски театар, Ленче Делова во текот на својата неколку децениска актерска кариера покажа како лирската прецизност може да остане траен спомен и четиво за иднината.
Со широкиот дијапазон на улоги од комика и гротеска до драма и трагедија, ја покажа нејзината способност наизглед споредниот лик да го претвори во движечка сила на сцената. Сето тоа, акцентирано со нејзината насмевка и топол поглед.
Нејзинатата уметничка дарба и сценска посветеност оставија траен белег во македонскиот театар и во срцата на сите што имаа чест да соработуваат со неа. Ќе остане запаметена како тивка сила на сцената и како уметник со редок интегритет и во театарот и на телевизија.
Нејзиното отсуство е ненадоместлива загуба, а нејзините дела – светол патоказ за идните генерации“.
Од ансамблот на Албанскиот театар – Скопје колегите изразија искрено сочувство по повод загубата на истакнатата македонска актерка Ленче Делова: „Нејзиниот исклучителен уметнички придонес ќе остане трајна вредност во театарската уметност и културниот живот на нашата земја. Ќе ја паметиме по нејзината посветеност, талент и човечка топлина, кои оставаа длабока трага кај сите што имаа чест да ја познаваат и да соработуваат со неа. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејството, колегите и сите што ја сакаа и почитуваа“.
Во телеграмата пристигната од колегите од Театар за деца и младинци се вели дека ѝ оддаваат почит на уметницата која остави значаен белег во македонскиот театар, филм и телевизија: „Со децении активно присутна на сцената, таа беше дел од бројни претстави и остварувања што ја обележаа современата културна продукција и допреа до повеќе генерации публика“.
На комеморацијата последен поздрав кон колешката со која ја делел сцената над четириесет години, упати актерот Благоја Чоревски. Тој во своето емотивно обраќање пред присутните се потсети дека со Ленче се дружеле и настапувале заедно во драмски аматерски претстави уште од својата рана младост. Во навраќањето на тие денови, тој ја сподели радоста и ентузијазмот на нивното гостување на Хвар, на фестивалот на „Југословенски театарски аматерски групи“, на кој Ленче ја освоила својата прва актерска награда на возраст од само 14 години.
Во името на македонското глумиште и колективот на Драмски театар на комеморацијата се обрати директорот Роберт Вељановски потсетувајќи дека театарот е уметност на мигот која нè плени со секоја нова изведба на театарските сцени. Тој замоли со силен аплауз, единствената почит со која се искажуваат најсилните емоции, да се простиме од големата уметница, актерката Ленче Делова и воедно да се потсетиме на нејзината најголема поддршка и на сцена и во семејството, нејзиниот починат сопруг Урош Делов – Руше. Тој беше голем познавач на „театарската светлина“ и расветните тела потребни за доловување на магијата на сцената и обучувач на генерации осветлители и мајстори на светло во Драмскиот театар.
Македонската актерка Ленче Делова беше погребана во понеделникот во присуство на семејството, бројните колеги и претставниците на македонската театарска и културна јавност.
Нека ѝ е вечна слава!
Култура
Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари
Еден од балетските бисери на класичниот репертоар – „Жизел“ од Адолф Адам ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари со почеток во 19.30 часот.
Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска). Костимограф е Александар Ношпал, сценографијата е на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а дизајнот на светло е на Милчо Александров.

Во насловната улога – Жизел настапува примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Алберт – Балаж Лочеи, како Мирта настапува Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион – Бобан Ковачевски, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Едно од најпознатите дела од класичниот балетски репертоар, „Жизел“ ја раскажува приказната за љубовта, измамата и прошката, која во вториот чин се одвива во светот на вилите. Лиричната музика и препознатливата кореографија го прават балетот постојано присутен на светската и домашната сцена.

Премиерно изведен во Париз во 1841 година, балетот „Жизел“ се смета за врв на романтичниот балет, особено по прочуениот „бел чин“ – еден од најпрепознатливите симболи на класичната балетска естетика.

