Контакт

Култура

Најмалку 12 загинати во Пакистан

Објавено пред

Најмалку 12 луѓе загинаа когаамериканско беcпилотнолетало истрелалo ракетиврз цели во Вазиристан, северен Пакистан, соопштија владини извори.

Најмалку 12 луѓе загинаа когаамериканско беcпилотнолетало истрелалo ракетиврз цели во Вазиристан, северен Пакистан, соопштија владини извори.

Вонапад на село, што се наоѓа во област која што е под силно влијание наталибанците и Ал Каеда, загинале и петмина странски државјани, јавуваатагенциите.

Американскатавојска користи беспилотни летала со кои од Авганистан ги напаѓа упориштата наталибанците во пограничната област во Пакистан.

/крај/хи/амп

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Со „Секвенци – Минато/Сегашност/Иднина“ во МНТ затворен јубилејниот „Танц фест 2019“

Објавено пред

Со синоќешниот танцов перформанс „Секвенци – Минато/Сегашност/Иднина“ во МНТ се заокружи месецот на танцот. Оваа кореографија со потпис на Рисима Рисимкин, одиграна од танчери од Хангџоу, Кина, го одбележа крајот на јубилејното 15-то издание на меѓународно признаениот фестивал.

„Исклучително сум задоволна од сите аспекти на јубилејното издание на „Танц Фест“. Првенствено публиката, а потоа и програмата, танчерите, трудот и љубовта кои сите ги вложивме. Создадовме Идентитети, кои со овој јубилеј на вистински начин ги утврдивме. Мисијата на фестивалот беше и сѐ уште оди во правец на создавање силни врски со уметници од различни земји и култури, притоа давајќи можност за нови соработки. Покрај домашните танчери и млади кореографи, бевме домаќини и на уметници кои се дел од интернационалната танцова сцена. Тоа е основа на која може да се направат двонасочни долготрајни врски во танцот. Морам да признаам дека сите беа изненадени од бројноста на младата публика на фестивалот. Навистина сум горда што покрај публиката која изминативе 15 години нѐ следи, со новиот бран млади уметници, успеавме да привлечеме и млада публика која ја цени создадената традиција“, вели кореографот и уметнички директор на фестивалот, Рисима Рисимкин.

Танцови компании од Холандија и Кина и млади танчери од Велика Британија, Франција, Израел, Италија, Русија, Германија, Полска, како и од Холандија во програмата за најмладите се претставија пред македонската публика во текот на месецот на танцот. Танц Фест уште од своите почетоци стана познат по квалитетот на програмата која ја нуди и уникатната мисија и визија која претставува мост меѓу нашата земја и светот, можност за уметници да комуницираат и простор за лично изразување.

Прикажи повеќе...

Култура

Прослава на животот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Објавено пред

Во Дебар Маало, во малото паркче спроти „Наџак“ и „Идадија“, в сабота, на 27 април, со почеток во 12 часот, ќе се одржи мала церемонија со садење дрво во чест на Горан Стефановски, проекција на негови фотографии, интервјуа, предавања, слушање на неговата најомилена музика и отворен микрофон (open mic), на кој сите што сакаат, ќе може да кажат некоја приказна или анегдота поврзана со Горан.

Ова скопско маало има култно, речиси митско место во современата македонска култура, а Стефановски имаше голем удел во креирањето на неговиот урбан дух.

По иницијатива на МАНУ, во состав на малата церемонија ќе биде посадено дрво во чест на Стефановски, што ќе го симболизира неговото духовно враќање дома во Македонија.

Стефановски си го разјасни својот став кон губењето на душата на Дебар Маало, како и кон рушењето на општествените вредности во нашата земја, во својата драма „Демонот од Дебар Маало“, каде што, се разбира, единствениот простор и време се маалото и „Идадија“. „Без маало нема држава!“.

Прославата на животот на Стефановски е предвидена како мал увид во неговиот личен, семеен и творечки живот. Јавноста го знае како познатиот драмски писател, есеист и мудрец, кој низ градот одеше пеш со насмеано лице, но ова ќе биде можност неговата фамилија и блиските пријатели да ја претстават неговата друга страна, како татко, сопруг, дедо и фанатик на „Битлси“, преку проекција на фотографии од неговото најрано детство до крајот на животот, проекции на видеоинтервјуа, говори и кратки семинари водени од него, видеа и фотографии од претстави по неговите текстови (во соработка со Драмскиот театар и ФДУ), слушање на неговата најомилена музика и отворен микрофон (open mic), на кој сите што сакаат ќе може да кажат некоја приказна или анегдота поврзана со Горан.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Во МНТ подготовки за претставата #ТикTак во режија на Синиша Евтимов

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на современата комедија #ТикTак, која се поставува по мотивите на филмското остварување „TOC TOC“ на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер Висенте Виљануева, а со адаптација и во режија на Синиша Евтимов.

Преводот на текстот, чиј наслов значи Trastorno Obsesivo Compulsivo (опсесивно-компулсивно нарушување), го направи Благоја Бошковски.

Во претставата играат Јордан Симонов, Александар Микиќ, Николина Кујача, Оливер Митковски, Сашка Димитровска, Тања Кочовска и Александар Михајловски.

Во авторската екипа за реализација на претставата се сценографката Илина Ангеловска и костимографот Александар Ношпал. Извршен продуцент е Виктор Рубен, инспициент е Никола Кимовски, а суфлер е Тања Ивановска.

МНТ премиерата на #ТикTак ја најавува за 16 мај на малата сцена.

Поради експлицитните реплики, кои се употребени во текстот, претставата е наменета за возрасна категорија гледачи (+18).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

(Видео) ИВЗ: Одлуката на судот е донесена со фалсификувани документи, местото на судиите им е во Зоолошка

ИВЗ обвинува дека Граѓанскиот суд донел одлука за именување нов реис врз основа на фалсификувани документи, печати и потписи. Oд...

Македонија15 часа

ДКСК: Без интервјуа и записници се вработувале роднините на Кирацовски, Бектеши, Адеми

Целиот процес за тоа како тече непотизмот во државните и јавни институции денеска беше обелоденет на седницата на Државната комисија...

Македонија16 часа

(Видео) Ако дозволат временските услови, папата ќе го користи папамобилот

Папата Франциско ќе се вози со папамобилот во зависност од временските услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат...

Македонија16 часа

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите. На...

Избори 201917 часа

(Видео) Заев: Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери

Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: За нас, поглавар на ИВЗ е оној што го утврдуваат законите на Заедницата

Премиерот Зоран Заев во врска со проблемите во ИВЗ рече дека негова работа е да им служи на граѓаните, а...

Топ18 часа

Обвиненија за тројца што силувале дете од Гостиварско, еден од нив го наведувал да нуди и секс на интернет

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвиненија против три лица, кои во март и јули минатата година извршиле обљуба врз...

Македонија20 часа

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија20 часа

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава...

Македонија21 час

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија22 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет22 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија1 ден

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет2 дена

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија2 дена

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ2 дена

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ2 дена

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија2 дена

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија2 дена

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет2 дена

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Досие