Култура
Златнaта топка за Кристијано Роналдо

Португалецот КристијаноРоналдо ја освои Златната топка, награда за најдобар фудбалер во светот оваагодина, која традиционално од 1956. ја доделува француското списание Франс Фудбал.
Португалецот КристијаноРоналдо ја освои Златната топка, награда за најдобар фудбалер во светот оваагодина, која традиционално од 1956. ја доделува француското списание Франс Фудбал.
Членот на европскиот првак Манчестерјунајтед ја прими наградата во Париз, како прв Португалец по Луис Фиго (2000) ипрв играч на Манчестер јунајтед, по легендарниот Џорџ Бест (1968).
„Нестравував за исходот, бидејќи знаев дека минатата сезона бев повеќе од добар.Им се заблагодарувам на моите соиграчи, без нив оваа награда немаше да миприпадне мене. Наградата нема да ме промени, дури нема ниту да биде поттик,бидејќи, оние кои ме познаваат, знаат колку сакам да победувам“,изјави Роналдо,кој минатата сезона дури 42 пари ја погоди противничката мрежа.
Вогласањето, Роналдо доби убедливи 446 бодови, а втор беше напаѓачот на Барселона,Аргентинецот Лионел Меси (281). Третото место го освои Шпанецот од ЛиверпулФернандо Торес (179).
Лани,престижната награда Златна топка ја освои Бразилецот од италијански Милан,Кака.
/крај/х/ег/
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Концерт на пијано дуо „Променада“ во Камерната сала на Филхармонија

В понеделник, со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе настапи пијано дуото „Променада“ во кое свират пијанистките Татјана Божиновска и Билјана Димовска. На програмата се дела од Менделсон, Рахмањинов, M. Тајчевич/Б. Светиев и Равел.
Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 година во Битола. Во 2000 дипломира, а во 2003 и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: „Денови на македонската музика“, „Скопско лето“, „Битолско културно лето“ „Хераклејски вечери“, „Прилепско лето“, „Денови на полската култура во Македонија“, „Музички вторник“, „Златна лира“, „Интерфест“ – Битола. Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди, меѓу кои и Прва награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах“ и Специјална награда „Стефан Трајанов“, на истиот натпревар. Настапувала како солист со Македонската филхармонија и со Симфонискиот оркестар при ФМУ. Настапува и како камерен музичар, а во 2005 заедно со саксофонистот Боби Коминовски, снимија и цеде. Има учествувано на повеќе
семинари и мастеркласи кај светски познати пијанисти. Од 2000 е вработена во Државното музичко училиште во Битола како професорка по пијано.
Пијанистката Татјана Божиновска е родена во 1980 година во Битола. Во 2002 дипломира, а во 2005 магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во 2014 ги завршува и докторските студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и прoф. д-р Димитрије Бужаровски. Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција… Настапила како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар. Има настапувано на повеќе значајни манифестации како: „Охридско лето“, „Денови на македонската музика“, „Скопско лето“, „Хераклејски вечери“, „Битолско културно лето“, „Штипско лето“, „Прилепско лето“, „Пролетни вечери“, „Есенски музички свечености“,
„Денови на полската култура во Македонија“, „Ден на културата во Битола“, „Музички вторник“, „Златна лира“, „Интерфест“ – Битола. Член е на триото „Интерарт“ со кое активно концертира во земјата и надвор, на меѓународни фестивали и натпревари, а имаат снимено и три цедеа. Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди.
Култура
Во МНТ почнаа пробите за претставата со работен наслов „Кататонија“

Во Македонскиот народен театар почнаа пробите за претставата со работен наслов „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска.
Според режисерот Христов, претстои интензивен и динамичен процес, во кој преку драмскиот материјал што се обработува се отвораат повеќе горливи прашања за нашето современо општество.
Поигрувањето со драмската форма, драмската структура и специфичниот наратив, каректеристични за авторката Алис Бирч, ќе се применува и во адаптацијата на драмскиот материјал. Претставата се работи во копродукција на Македонскиот народен театар и Вондерленд театар – Скопје.
Во претставата играат: Игор Ангелов, Сања Арсовска, Верица Недеска, Дениз Абдула, Владимир Петровиќ, Јасмина Василева, Јасмина Билаловиќ и Ања Митиќ.
Како костимограф се потпишува Роза Трајческа-Ристовска, сценографското решение е на Васил Христов. Инспициент на проектот е Саво Ивановски. Премиерната изведба на претставата е предвидена за почетокот на јуни 2025 година.
Култура
Манифестацијата „Денови на Македонската култура во Белград – Допир на Македонија“ свечено отворена со изложба на уметникот Тодор Јовановски

Во просториите на Завичајниот музеј „Жарково“ – Музеј на град Белград синоќа беше свечено отворена изложбата на слики од реномираниот македонски уметник Тодор Јовановски, со што официјално почна годинешната традиционална манифестација „Денови на македонската култура во Белград“, со наслов „Допир на Македонија“. Манифестацијата се одржува 14-ти пат во организација на Здружението „Македониум“, а под покровителство на Националниот совет на македонското национално малцинство и Министерството за култура на Република Србија.
Изложбата на Јовановски, кој со своето уметничко творештво пренесува длабоки културни и емотивни релации со Македонија, оваа година доби и хуманитарен карактер. Уметникот ја донираше својата слика „Виолинистка“ (масло на платно, 70 x 50 см, 2016), со цел приходот од продажбата да биде наменет за помош на семејствата на пациенти од Кочани кои се лекуваат во Белград. Аукцијата е отворена до 29 мај, а на затворањето на изложбата на 30 мај ќе виде врачена на купувачот.
Манифестацијата ја отвори претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, додека за творештвото на Јовановски говореше историчарот на уметноста, Здравко Вучетиќ.
Програмата на манифестацијата продолжува со следните настани:
9 мај, Академија 28 – Јубилеен концерт по повод 10 години од основањето на ансамблот „Македониум“, со учество на гости од Културно уметничкото друштво „Колан“, пејачките групи „Срма“ и „Луњина“, како и хорот на ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ од Умка. И овој настан е од хуманитарен карактер, а доброволниот билет чини 300 динари и ќе се користи за поддршка на повредените од Кочани.
15 мај, Театар 78 – Изведба на претставата „Земјата на штрковите“ од театарот „Провокација“ од Скопје, со почеток во 19:30 часот. Претставата потоа ќе биде играна и во Јабука 16 мај, и Вршац 17 мај.
22 мај, Градска библиотека Белград – Свечена академија по повод празникот на светите браќа Св. Кирил и Методиј, со гостување на Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик од Скопје.
28 мај, куќа на Ѓуро Јакшиќ – Поетска вечер и портрет на поетесата Емилија Тодорова од Австралија.
2 и 3 јуни, кино сала на Етнографскиот музеј – Филмска ревија на македонскиот режисер Љубиша Георгиевски, со избрани дела од неговиот опус, во соработка со македонската кинотека.