Култура
Потреба од меѓународни правила за користење на роботите
Британскиотексперт за вештачка интелигенција Ноел Шарки побара да се воведат меѓународниетички прописи за употреба на роботите, поради опасноста тие сè почесто да бидат употребувани за грижа надеца и стари лица.
Британскиотексперт за вештачка интелигенција Ноел Шарки побара да се воведат меѓународниетички прописи за употреба на роботите, поради опасноста тие сè почесто да бидат употребувани за грижа надеца и стари лица.
„До сега најмалку14 компании во Јапонија и Јужна Кореја направиле роботи за грижа за деца. Требада се утврди дали поради тоа на децата ќе им биде пружено помало вниманиеотколку што им е потребно“, вели Шарки, професор за вештачка интелигенција и роботикана Универзитетот Шефилд.
Тој во текс воамериканското научно списание „Сајанс“(Science), изразизагриженост поради сèпочестата употреба на роботите за воени цели, но и за тоа дека се користат загрижа на стари лица и деца.
Шарки додава декавеќе постојат роботи што се користат коитреба да ги хранат болните лица, како што е јапоснкиот робот „Мај спун“, штопреведено би значело „Моја лажица“.
Во иднинароботите би можеле да добијат задолженија да се грижат за децата и да гизаменуваат бабите, а спорет стручњаците тоа за децата би можело да биде изабавно искуство, доколку детете не е долго време препуштено на роботот.
„Уште не знаемеколку долгиот престој со робот може да се одрази врз детската психа“, речеШарки, додавајќи дека резултатите од истражувањето врз мајмуните билезагрижувачки.
Младите мајмуни,што биле препуштени на грижата на „електронските маќеи“, не биле способни дакомуницираат со другите мајмуни.
Шарки додава декапродажбата на роботи во претходните 20 години е драстично зголемена и дека во2008. година бројот на роботи во светот достигнал 5,5 милиони, а цената е за 80отсто пониска отколку во 1990. година.
„Тоа значи декароботите ќе заземат важно место во нашите животи“, смета Шарки, при тоаизразувајќи загриженост поради тоа што не постојат јасни меѓународни правилашто се потребни за да не ги утврдуваат луѓе од воените и индустриските кругови,како и премногу зафатените родители.
Дури и основачотна Мајкрософт Бил Гејтс „предвиде дека во следните години во секојдневниотживот роботите ќе бидат повеќе присутни, отколку компјутерите“.
„Секогаш гиистакнував предностите на употребата на роботи за опасни работи или вомедицината…Не се грижам дека роботите би можеле да ја преземат контролата врзлуѓето“, смета Шарки, додавајќи дека тие се „без мозок и покрај сите работи штоможе да се видат во научно-фантастичните филмови“.
„Не мезагрижуваат роботите сами по себе, туку начинот на кој ќе ги користат луѓето“,рече Шарки.
/крај/сајенс/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Македонското глумиште денес се простува од својот колега, актерот Лазе Манасковски
Драмскиот театар – Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерот Лазе Манасковски е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Лазе Манасковски од 11.30 до 12.30 часот во капелата на гробиштата.
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 во Скопје, а почина на 20 декември 2025 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година тој се вработил во Драмскиот театар – Скопје, каде што бил професионално ангажиран сè до неговото пензионирање во 2022 година.
Kомеморација во чест на починатиот актер ќе се оддржи во неговата матична куќа, Драмскиот театар – Скопје, на 24 декември (среда) во 12 часот.
Култура
Новогодишен концерт „Кадифено“: Зарина Првасевда ја исполни Филхармонијата со традиција и современ звук
Во саботата, 20 декември се одржа новогодишниот вокалната уметница и интерпретаторка на традиционална музика Зарина Првасевда, со наслов “Кадифено”. Во преполната сала на Филхармонија, беше отсвирен репертоар кој вклучи македонски традиционални песни, но и песни од албанската, турската, влашката традиција, односно песни кои се дел од културата на нашите простори.
Гости на концертот беа перкусионистот Ахмет Алан, како и гитаристот Џенк Ердоган, кој по неколку минутниот аплауз од публиката, повторно се вратија на бис.
“Бев многу среќен на концертот, најмногу поради комуникацијата која се оствари меѓу нашите култури и традиции. Многу ми се допадна музиката која ја отсвиревме, ми се допаднаа и приказните зад секоја од композициите, особено бидејќи Зарина беше доволно љубезна да ја раскаже приказната зад секоја од песните. Со тоа, јас дополнително се внесов во интерпретацијата на секоја од нив, бидејќи ги бирав акордите во зависност дали е љубовна песна или песна со трагичен крај. Целиот амбиент, салата, декорацијата на бината направи да се чувствувам како дома, како да седиме со моите пријатели и свириме од срце. Би сакал да дојдам повторно, се радувам на таа идеја” – изјави Џенк Ердоган, виртуозот на фретлес гитарата од Турција кој е Греми награден артист и еден од гостите музичари на концертот.
„Настапот со уметници со светско значење како Џенк, Ахмет, Андреа и Тони претставува исклучителна чест и задоволство. Концертот отвори можност традиционалната музика да се согледа од поинаков агол и пред публиката да се претстави еден современ пристап кон народното музичко наследство. Особено ме радува што публиката имаше можност преку овој настан да се поврзе со светот и да доживее музичко искуство исполнето со нова енергија и чувствителност. Атмосферата беше навистина магична, а големата посетеност и бројните пораки исполнети со топлина, мекост и милина кои ги добив по концертот потврдуваат дека оваа идеја беше препознаена и прифатена.Искрено сум благодарна на сите кои со својата посветеност и поддршка придонесоа за успешната реализација на овој концерт.“ – изјави Зарина.
На концертот настапија и професорот и музичар Тони Арслан, македонскиот виртуоз на виолина како и младата и надежна контрабасистка, Андреа Мирческа.
„Кадифено“ е концертен настан што создава дијалог меѓу традиционалната музика, модерниот звук и интернационалната музичка извонредност.
Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде интимниот и длабоко емотивен израз се испреплетуваат со македонската и ориенталната традиција, добивајќи современа звучна форма низ импровизација и модерен сензибилитет.
„Овој концерт претставува само почеток на концертниот циклус на Зарина, кој ќе продолжи и во текот на следната година, кога се планирани снимање и издавање на нов албум, како и нов концертен проект.
Фотограф: Стефан Рајхл, соопштение „Друга страна“
Култура
Почина македонскиот актер Лазе Манасковски
На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасковски.
„Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасковски почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!“, наведуваат од Драмски театар.
Манасковски е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година се вработил како актер во Драмски театар – Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.
Ќе остане познат по своите улоги во „Исцелител“, „Сенки“, „Трст виа Скопје“, „Еурека“, „Солунски патрдии“, Македонски народни приказни, „Преспав“, „Пусто турско“.

