Култура
Познати имињата на осумте финалисти за Евросонг

На првата полуфинална вечер на изборот за песна на Евровизија за 2010 година настапија 14 изведувачи.
На првата полуфинална вечер на изборот за песна на Евровизија за 2010 година настапија 14 изведувачи. Од нив 8 се пласираа за учество во финалниот избор што ќе се одржи во сабота, а најмногу гласови освои Влатко Илиевски во нумерата „Среќа“.
Како второпласирани се најдоа Сузана Спасовска и Дарко Нешевски со песната „Бог го има секој клуч“, потоа следуваат Александар Белов со „Остани“, Ѓоко Танески со „Јас ја имам силата“, на петтото место се пласираа Браво Бенд со песната „Таа има се“, потоа ексклузивецот на продукција Република, Дарко Илиевски со „Лаги“, Трета Димензија со „Болест Зараза“ и Тумбао Салса бенд со „Полудена во ноќта студена“.
Оваа година жирито брои шест члена и тоа Мики Црнокрак (манекен), Кирил Лозанче (професор на Медицински факултет), Васко Тодоров (К-15), Кирил Зарлинов – DJ Ерик Фокс (Антена 5), Ѓорѓи Цуцковски (МОБ) и Горазд Чаповски (Мизар).
Првото евровизиско национално полуфинале го отворија Некст Тајм со „Нешто што ќе остане“, а додека се гласаше, публиката ги забавуваа поранешните учесници од Детскиот Евросонг.За вечерашната полуфинална вечер ќе настапат следниве изведувачи:1. Памперс – Сни2. Водолија – Солза3. Наде Талеска – Среќен крај4. Теодора Трајковска – Љубовна песна5. Бојан Алексовски – Бели коњи6. Димитар Андоновски – Камено срце7. Ангела Здравковска – Забораваш8. Викторија Апостолова – Заборави на се9. Влатко Лозаноски – Летам кон тебе10. Јова Радеска – Се уште чекаме11. Есмас бенд – Џипси денс12. Маја Вукиќевиќ – Фама13. Кристијан Јованов – Никој на овој свет14. Паркети – Ти си киси феномен/крај/ин
Фото:Филип Поповски/Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.