Култура
Културна понуда за петок и сабота

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАРПеток:„Фигаро се разведува“, режија: Уштрим Бектреши – 20 ч.
МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАРПеток:„Фигаро се разведува“, режија: Уштрим Бектреши – 20 ч.Сабота:„Сомнително лице“, режија: Синиша Ефтимов – 20 ч.МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТСабота.„Рајмонда“, балет – 20 ч.ДРАМСКИ ТЕАТАРПеток:„Интермецо“, режија : Роберт Вељановски – 20 ч.Сабота:„Како да ја убиеш сопругата и зошто“, Проект на Катерина Коцевска- Хаџивасилева и Ѓокица Лукаревски – 20 ч.ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИПеток:„Попот и неговиот слуга Будал“, режија: Боњо Лунгов – 19 ч.Сабота:„Девојчето со кибритчињата“, режија: Боњо Лунгов – 19 ч.Недела:„Убавицата иѕверот“, режија: Димитар Христов – 12.30 ч.ИЗЛОЖБИМУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТЗимски салон на ДЛУМ;МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА„Археолошка изложба 2009“;„Незапретани сеќавања“ – изложба 60 години од крајот на граѓанската војна во Грција;НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈАОбјект ДАУТ ПАШИН АМАМИзложба за 150 години од раѓањето на Димитар Андонов- Папрадишки;Национална поставка од 13 до 21 век;Објект ЧИФТЕ АМАМИзложба на Славчо Спировски;Објект МАЛА СТАНИЦАРетроспективна изложба на групата Зеро;МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕИзложба на слики од Петар Попчев;Изложба на Дивна Пешиќ;Изложба- Скопската тврдина (археолошки наоди од ископувањата на Кале);Галерија Белогаски: Поставка по повод 15 години од смртта на Љубомир Белогаски;КИЦИзложба на Нехат Беќири;КИНАКИНО РАМСТОРСала 1„Мачорот во чизми“ – 14 ч.„2012“ – 15.30 ч.„Паранормална активност“ – 19, 21, 23 ч.Сала 2„Филм за пчелата“ – 11 ч.„Аватар“ – 13, 16, 19, 22 ч.КИНО МИЛЕНИУМ„Вонредни мерки“, режија: Том Вон – 18, 20.30 ч.Понеделник-петок:„Принцезата и жабецот“ – анимиран филм – 15 ч.Сабота и недела:„Принцезата и жабецот“ – анимиран филм – 12, 15 ч.КИНО „ФРОСИНА“Од четврток до недела:„Св. Ѓорги ја убива ламјата“ – 20 ч.КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈАНЕДЕЛА НА СОВРЕМЕН ХОЛАНДСКИ ФИЛМПеток:„Полска невеста“, режија: Карим Трајдија – 20 ч.„Нотес“, краток ифран филм.Сабота:„Еротски приказни“, режија: Џос Стелинг – 20 ч.„Фантом од киното“, анимиран филм.Недела:„Црна книга“, режија: Пол Верховен – 20 ч.„Повреда“, анимиран филм.КИНО УТРОСабота:„Повик на дивината“ – 11 ч.„Доктор Дулитл“ – 13 ч./крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.