Филм
„Уставот на Република Хрватска“ од Рајко Грлиќ, филм за љубовта и омразата, храброста и кукавичлакот, еротиката и нетрпеливоста кон другите
Филмот „Уставот на Република Хрватска“ од режисерот Рајко Грлиќ на угледниот Montreal World Film Festival ја освои Гран при на Америка, награда за најдобар филм, со едногласна одлука на жирито и ја освои паричната награда од 100. 000 американски долари.
Покрај „Уставот на Република Хрватска“, Рајко Грлиќ ги има режирано филмовите „Чаруга“, „Караула“, „Браво Маестро“, „Само еднаш се љуби “, „Штефица Цвајг во челуста на животот“, „За среќа се потрбни тројца“, „ Ново, ново време“ , „Нека остане меѓу нас“. Грлиќ е еминентен професор по филмска режија на Охајо универзитетот во САД. Грлиќ има добиено дваесетина Гран при награди досега.
Филмот „Уставот на Република Хрватска“ донесува приказна за нашите нетрпеливости кон различностите, нашите предрасуди кон оние кои се поинакви. Филмот говори за храброста денес да бидеш она што си, и обидот да сакаш, наспроти се.
Во главната улога се појавува српскиот глумец Небојша Глоговац во најкомплексната улога во кариерата. Небојша во филмот глуми професор, кој покрај тоа што образува и воспитува деца е и деклариран хомосексуалец и трансвестит. Дејството е сместено во Загреб, во сегашноста. Во поширокиот центар, во подрумот на зградата живее брачната двоја Самарџиќ. Маја (којашто ја толкува Ксенија Маринковиќ) е медицинска сестра, која постојано го прекорува својот сопруг поради посетите во биртијата, но иако строга по тоа прашање, сепак, е добродушна и среќна жена. Најмногу жали што не се реализирала како мајка, но поради својот став нејзината тага е речиси незабележлива.
Нејзиниот сопруга Анте (го игра Дејан Аќимовиќ) е полицаец кој треба да го научи Уставот наизуст за да го помине испитот и да ја задржи работата. Во слободно време е вистински веселник, љубител на мотори и своето куче, кои на некој начин му ја заменуваат празнината во родителскиот поглед. На горниот кат во зградата живее Вјекослав Краљ (Небојша Глоговац), нивниот сосед, кој е дење професор по историја, а ноќе хомосексуалец кој се трансформира во жена, ја облекува облеката од својата покојна мајка, се шминка, кити, облекува чевли со високи потпетици и оди во оближното кафуле.
Покрај тоа што е хомосексуалец и трансвестит, уште поинтересно е што Вјекослав е десничар, љубител на Анте Павелиќ и поборник на усташкиот режим, а своето искривено сфаќање на историјата го пренесува на децата во училиштето. Дома тој се грижи за својот татко Хрвоје (Божидар Смиљаниќ), бивш припадник на усташката војска, сега инвалид кој е прикован за кревет, за кој се грижи Вјекослав и сосетката Маја.
Дејствието е класично хрватско, полицаецот не може да го научи Уставот наизуст, професорот Вјекослав го претепале скинхедси… Вјекослав на моменти е контрадикторен кон себе и другите, чувствителен, благ и попустлив и ние гледаме на платното едно цивилизирано, култивирано суштество кое предизвикува љубов и сомилост кај публиката, но на моменти тој се трансформира во закоравен лик кој живее во минатото на своето семејство.
Својата хомосексуалност тој ја оправдува со однесувањето на грците во античка Грција.Кога ќе падне мракот,тој ,таа се трансформира во сензуално суштество, заминува во оближното кафуле на чашка фин пијалок, една чаша за него, една за неговиот мртов љубовник, музичар и концерт мајстор. Неговата трагичност ја чинат неговите љубовници, мртви или бивши. Вјекослав така ни ја доловува и љубовта и омразата. Филмот е полн со автоиронија и сарказам на хрватското секојдневие, и ни ги претставува проблемите во целост. Секој човек кој ја сака својата земја би морал да го знае Уставот. Луѓето на кои државноста им е побитна од се на светот ги обожаваат институциите и страсно говорат за државноста со многу еротски набој. Очигледно еросот се наоѓа во разни работи,па и во текстот на уставот на Република Хрватска.
Режија :Рајко Грлиќ, сценарио: Рајко Грлиќ ,Анте Томиќ,музика: Дуке Бојаџиев,улоги :Небојша Глоговац, Дејан Аќимовиќ, Ксенија Маринковиќ,Божидар Смиљаниќ ,фестивали :Montreal World Film Festival./крај/мф/св
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм
Седумдесет и деветото доделување на наградите БАФТА се одржа синоќа во Лондон. За најдобар филм беше прогласен „Една битка по друга“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој ја освои и наградата за најдобар режисер.
Иако наградите БАФТА за најдобар филм и најдобар режисер обично се делат помеѓу два одлични филма, овој пат обете награди ѝ припаднаа на акционата црна комедија.
Британецот Роберт Арамајо беше прогласен за најдобар актер за неговата улога во филмот „Се колнам“.
Во категоријата за најдобар актер беа номинирани и Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Грешници“ и Леонардо Дикаприо за „Една битка по друга“.
Како што се очекуваше и заслужено, Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“ во режија на Клое Жао.
Наградата БАФТА за најдобар спореден глумец му припадна на Шон Пен за неговата улога во „Една битка по друга“, додека наградата за најдобра споредна глумец ѝ припадна на Вунми Мосаку за нејзината улога во „Грешници“.
Најистакнат британски филм е „Хамнет“, додека наградата за најдобро сценарио му припадна на Рајан Куглер за филмот „Грешници“.
Најдобар филм прикажан на друг јазик е „Сентиментална вредност“, најдобар документарец е „Господин Никој против Путин“, додека „Зотрополис 2“ е најдобар анимиран филм.
Водител на 79-тото доделување на наградите БАФТА беше шкотскиот актер, водител и режисер Алан Каминг.
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

