Контакт

Филм

Башески: Агенцијата за филм работи според закон, Митревски да не врши притисок

Објавено пред

Агенцијата за филм ги финансира сите филмови како и вашиот со средства од буџетот на Република Македонија и притоа мора да се почитуваат законските прописи, вели во одговорот на отвореното писмо на режисерот Дарко Митревски, в.д. директор на Агенцијата за филм Дарко Башески.

dobivaj vesti na viber

 

 

Митревски претходно преку отворено писмо најави дека го стопира филмскиот проект „Аферата Мис Стон“, заради неисплаќање на средства од Агенцијата.

 

„Филмот е одобрен пред повеќе од две години и од пред месец и половина ги доставувате финалниот буџет и документи, а Агенцијата за филм бара само да се спроведат законските процедури.  Токму поради ова не гледам која е целта на ова отворено писмо освен да се направи медиумски притисок со вам познати цели“, вели Башески.

 

Според него, во оваа државна институција има тела со чија помош и експертиза се донесуваат објективни одлуки за доделување на финансиски средства за производство на филмови.

 

„Една копродукција за да биде правно официјална потребно е да има договор за копродукција. За една земја да биде копродуцент потребно е да вложи минимум 10% од вкупниот буџет на филмскиот проект, кое се докажува согласно соодветно доставената документација согласно правните и сметководствените регулативи во нашата земја“, се вели во писмото на Башески.

 

Тој додаде дека Агенцијата за филм и натаму останува отворена за соработка со Митревски. /крај/со/ст

Култура

(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Објавено пред

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.

dobivaj vesti na viber

Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.

Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.

Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.

„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.

Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.

Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.

Прикажи повеќе...

Култура

„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Објавено пред

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.

dobivaj vesti na viber

Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.

Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8

Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.

„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.

„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk

Прикажи повеќе...

Култура

„Бруталистот“ и „Емилија Перез“ доминираа на Златните глобуси – над 10 милиони луѓе го следеа емитувањето

Објавено пред

Овогодинешната церемонија на доделување на Златните глобуси привлече повеќе од 10 милиони гледачи на телевизиските екрани, што е благ пораст на гледаноста во споредба со претходната година, изјавија во понеделникот продуцентите на настанот, на кој доминираа филмовите Бруталист и Емилија Перез во однос на наградите.

dobivaj vesti na viber

Зголемувањето на гледаноста на неделната гала во последниве години покажува благ нагорен тренд кога станува збор за интересот за слични настани, бидејќи Холивуд се обидува да се оддалечи од влијанието на штрајковите и пандемијата, а наградите Глобус постепено се опоравуваат од сопствените контроверзи и скандали.

Просечната бројка од 10,1 милиони гледачи кои го гледале шоуто е зголемување од 7 отсто во споредба со галата во 2024 година и значителен скок од едвај шест милиони гледачи една година порано.

Златните глобуси, холивудски филмски и телевизиски награди, кое некогаш беше второ по популарност по Оскарите, беше во криза во последниве години. Во 2022 година, гала настанот не се ни емитуваше. Поранешната телевизија Ен-Би-Си ја донесе ваквата одлука затоа што нејзиното раководство беше огорчено од недостатокот на различност и етички пропусти на групата новинари кои претходно ги организираа наградите.

Церемонијата на доделување на престижните награди беше повторно лансирана минатата година под нов приватен сопственик, а беше емитувана на „Си-Би-Ес“ во неделата навечер. Исто така, вреди да се напомене дека наградите им беа доделени на холивудските ѕвезди од А-листата во блескавата сала за бал во Беверли Хилс. На овогодинешните награди доминираа мјузиклот Емилија Перез и епската имигрантска драма Бруталист.

Мексиканскиот филм Емилија Перез на францускиот режисер Жак Аудиар освои четири награди, вклучително и за најдобра комедија или мјузикл, додека „Бруталистот“ беше прогласен за најдобра драма, а наградата за најдобар актер му припадна на главниот лик на филмот Адриен Броди, кој го игра архитектот Ласло Тот, Евреин којшто го преживеал холокауст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Во државата се регистрирани 23 пожари, 11 се активни, еден е под контрола, соопшти ЦУК

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 19 часот на територија на државата регистрирани се вкупно 23 пожари на...

Македонија4 часа

Не е безбедна употребата на „БТР 80“ бидејќи се оперира низ стрмни и тесни улици со остри кривини, вели Ангелов по прашањата дали истите се користат за гаснење на пожари

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во гаснењето на пожарот во скопско, учествуваат еден Хермелин со цистерна од 6...

Македонија6 часа

(Видео) Кризна состојба од 30 дена поради пожарите во државата, прогласи Владата

Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес-конференција соопшти дека во државата се прогласува 30 дневна кризна состојба поради ситуацијата со...

Македонија7 часа

Апел до скопјани за рационална и совесна употреба на водата за пиење, повторно има енормна потрошувачка

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода...

Македонија8 часа

(Видео) Кирков: Во ЗОО Скопје се работи аматерски, бараме оставка од управата

Дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје направи посета на јавната установа Зоолошка градина, а тоа...

Топ9 часа

Монструм од Чегране (72) извршил обљуба врз 12-годишно девојче

Маж од Гостивар пријавил во полиција дека 72-годишен старец ја допирал неговата 12-годишна ќерка. Според информациите на МВР,  вчера во...

Македонија12 часа

Обвинение за поранешниот директор на затворот во Шуто Оризари – допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации

Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција...

Македонија12 часа

(Видео) Километарска колона камиони тргнати кон Блаце стојат заглавени на скопската обиколница поради пожарот

Колона камиони, шлепери и цистерни, долга повеќе од два километра, е заглавена на скопската обиколница иако сообраќајот за товарни возила...

Македонија13 часа

(Видео) Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, некој утрово се обидуваше да го реактивира

За пожарот, кој во неделата околу пладне избувна покрај магистралниот пат, кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се...

Македонија13 часа

Недоволниот буџет и застојот во инвестициите го поткопуваат здравствениот систем, покажува ревизијата

Државниот завод за ревизија објави дека 23 програми за здравствена заштита во 2023 година се реализирале со недоволни средства, што...

Македонија13 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера интензивно го гаснат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени над 70 тони вода

Денеска, од раните утрински часови, два хеликоптера од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, „бел 412“ и „агуста бел...

Македонија14 часа

Скопскиот Регион со најмногу интервенции, пожарите сѐ уште активни на седум локации

Во изминатите 24 часа во државата се евидентирани вкупно 32 пожара на отворен простор, информираат од Центарот за управување со...

Македонија15 часа

Пожар во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, не е загрозена безбедноста на пациентите и на вработените

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола избувнал пожар како резултат...

Европа15 часа

Лавров ги објави руските услови за мир

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги изложи барањата на Москва за мировен договор за прекин на руската инвазија...

Свет16 часа

Шефот на НАТО: Ако Кина го нападне Тајван, кинескиот претседател ќе побара од Путин да го нападне НАТО

Доколку Кина започне инвазија на Тајван, би можела да побара од Русија истовремено да отвори втор фронт против земјите-членки на...

Свет16 часа

Трамп и Нетанјаху: Блиску сме до наоѓање земји што би можеле да ги прифатат Палестинците

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се сретнаа во Белата куќа, каде што разговараа за напорите...

Свет17 часа

Трамп воведе нови царини: Камбоџа, Бангладеш, Србија и Босна поминаа најлошо

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе високи, единствени царини за увоз од најмалку 14 земји почнувајќи од 1...

Македонија17 часа

(Видео) Арсовска: Фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР, кој во бес дека се фатени среде неделото, физички ја нападна советничката Витина

„Град Скопје при вонредна теренска контрола затекна лице (инспектор во МВР), кој во тој момент нелегално се приклучува на мрежа...

Свет17 часа

Акциите на „Тесла“ потонаа откога Маск најави дека ќе формира партија

Акциите на „Тесла“ паднаа за речиси 7% еден ден откако извршниот директор Илон Маск најави формирање на нова политичка партија,...

Топ22 часа

Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје...