Филм
Цената на влезниците за премиерата на ‘Ѕвездени војни’ достигна до 8.000 долари
Премиерата на најновиот филм од сагата „Ѕвездени војни“ (Star Wars) предизвика голема возбуда не само меѓу поклониците на оваа фантастична франшиза, туку и меѓу оние кои сакаат да профитираат од овој настан, што го покажуваат и податоците од интернет во САД дека цената на влезницата за првата проекција закажана за 17-ти декември, кај некои препродавачи достигнала до 8.000 долари.
За посочената сума корисниците од најпопуларниот американски сајт за аукциска продажба eBay може да купат влезница за проекцијата во Орландо, во сојузната држава Флорида. Друг препродавач, пак, нуди за 10.000 долари четири билети за проекција во град во државата Масачусетс, кои минатата седмица ги купил за по 75 долари од влезница. На другиот популарен сајт за онлајн продажба Сraigslist, се нудат билети за 750 долари за парче.Еден до продавачите во понудата наведува дека за таа цена „си ја купувате единствената шанса да бидете првиот гледач на оваа потресна премиера. Затоа овие пари – се ништо“. Меѓу онлајн продавачите е и една американска мајка којашто вели дека „за секој случај купила влезници за цел ред (во едно њујоршко кино), бидејќи не знаев колку другарчиња на премиерата ќе земе синчето“. Сега таа има шест билети вишок, кои ги продава по 120 долари еден.Продажбата на билетите за седмата епизода од серијалот „Ѕвездени војни“ почна минатиот понеделник, кога во првите часови беа „бутнати“ главните сајтови за онлајн продажба кои не можеа да го издржат приливот на посетители. Официјалната страница на „Ѕвездени војни“ соопшти дека минатиот понеделник неколкупати бил надминат рекордот на продажба на влезници во еден ден, кој претходно го држеше „Игри на гладот“ (The Hunger Games). Многу кино сали одлучија на дополнителни проекции по премиерата, но и тие веќе се распродадени.Двеминутниот трејлер за новата епизода на „Ѕвездените војни“ кој беше објавен на 20-ти октомври, на ресурсот YouTube забележа повеќе од 40 милиони прегледувања.Според тоа, се очекува дека седмото продолжение со голема веројатност ќе го постави рекордот на благајните последните години, станувајќи едно од најпрофитабилните во историјата на филмската индустрија. Според аналитичарите, „Star Wars: The Force Awakens“ може да оствари до 2 милијарди долари приход на кино благајните ширум светот.Досега, инаку, најголема заработувачка во историјата се „Аватар“, кој на своите творци во 2009 година им донесе заработка од 2,8 милијарди долари, на второто место е „Титаник“ со 2,2 милијарди заработени од дистрибуцијата во 1997 година, а на трето место е современата верзија на „Светот Јура“ кој годинава заработи 1,7 милијарди долари. Новиот филм од серијалот „Ѕвездени војни“, премиерно ќе биде прикажан на 18-ти декември 2015. Дејствието на седмото продолжение се одвива 30 години по настаните од шестиот дел. Во фокусот на приказната ќе бидат ликовите од оригиналната трилогија, Лук Скајворер, принцезата Леа и Хан Соло, како и нови херои.Терминот непосредно пред католички Божик е најдобриот празничен термин, но тоа претставува отстапување од досегашните датуми за почнување на проекциите на „Ѕвездените војни“. Сите досегашните филмови во дистрибуцијата тргнуваа во мај, а епизодата од 1999 година, заедно со нејзината 3Д верзија од 2012-та заработи 1 милијарда долариСагата „Војна на ѕвездите“ стана најпопуларниот научнофантастичен еп во филмската историја. Нејзините фанови низ светот се обединуваат во клубови, организираат игри, па дури и го исповедаат и ткн „џедаизам“. Насловот „Star Wars“ беше употребен и за програмата на американската одбрана SDI, а фразата „Империја на злото“ првпат ја употреби поранешниот американски претседател Роналд Реган за сметка на тогашниот Советски сојуз.Првиот филм беше снимен во 1977 година („Нова Надеж“ – Star Wars: Episode IV – A New Hope), вториот датира од 1980 година („Империјата го возвраќа ударот“ – Star Wars: Episode V – The Empire Strikes Back), третиот филм беше снимен во 1983 година („Враќање на џедајот – Star Wars: Episode VI – Return of the Jedi). Епизоди трилогии-сиквели се појавија во 1999, 2002 и 2005 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм
Седумдесет и деветото доделување на наградите БАФТА се одржа синоќа во Лондон. За најдобар филм беше прогласен „Една битка по друга“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој ја освои и наградата за најдобар режисер.
Иако наградите БАФТА за најдобар филм и најдобар режисер обично се делат помеѓу два одлични филма, овој пат обете награди ѝ припаднаа на акционата црна комедија.
Британецот Роберт Арамајо беше прогласен за најдобар актер за неговата улога во филмот „Се колнам“.
Во категоријата за најдобар актер беа номинирани и Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Грешници“ и Леонардо Дикаприо за „Една битка по друга“.
Како што се очекуваше и заслужено, Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“ во режија на Клое Жао.
Наградата БАФТА за најдобар спореден глумец му припадна на Шон Пен за неговата улога во „Една битка по друга“, додека наградата за најдобра споредна глумец ѝ припадна на Вунми Мосаку за нејзината улога во „Грешници“.
Најистакнат британски филм е „Хамнет“, додека наградата за најдобро сценарио му припадна на Рајан Куглер за филмот „Грешници“.
Најдобар филм прикажан на друг јазик е „Сентиментална вредност“, најдобар документарец е „Господин Никој против Путин“, додека „Зотрополис 2“ е најдобар анимиран филм.
Водител на 79-тото доделување на наградите БАФТА беше шкотскиот актер, водител и режисер Алан Каминг.
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

