Филм
Се одржа лондонската претпремиера на најновиот филм за Џејмс Бонд
Најславниот шпион во служба на Нејзиното Височество, Џејмс Бонд, се врати на големите екрани со филмот „Spctre“ чија претпремиера се одржа во понеделникот вечерта во Лондон во „Ројал Алберт Хол“, во присуство на членовите на кралското семејство, војводата и војвотката од Кембриџ Вилијам и Кејт и принцот Хари.
Ова е 24-ти филм „за тајниот агент 007“ кој е многу фален од критиката под наслов „Spectre“ го режираше Сем Мендес, а ликот на Џејмс Бонд по четврти пат го толкува 47 годишниот Британец Даниел Крег, по „Казино Ројал“ (2006), „Зрно утеха“ (2008) и „Скајфол“ (2012).
Некои од обожавателите на серијалот за Џејмс Бонд, во надеж дека ќе успеат да дојдат до автограми од актерите ги заземаа своите места во концертната сала уште во саботата.
Во понеделникот вечерта прв на црвениот тепих се појави Даниел Крег, и не ги разочара обожавателите фотографирајќи се со нив и делејќи многубројни автограми. „Нестрплив сум луѓето да го видат филмот. Не сакам да се гледам на платното, но обожувам да го играм Џејмс Бонд“, изјави за медиумите Крег.
Италијанската актерка Моника Белучи, која ја толкува улогата на партнерката на суперагентот, изјави дека е „Неверојатно е да се биде дел од традицијата“. „Тоа е сон кој стана стварност, не знам дали сум токму Бонд девојка, ја сум само блонд девојка“, изјави Французинката Леа Сејду која го толкува ликот на нејзината соперничка. Улогата на главниот негативец Франц Оберхаузер ја толкува Кристофер Валц сподели со новинарите дека е задоволен по „долгата и напорна работа над филмот“.
Од своја страна, режисерот на филмот Сем Мендес пред проекцијата изјави дека е исполнет со возбуда, бидејќи работата над филмот траеше подолг период. „Навистина сакам на луѓето да го засакаат овој филм, како што ми се допадна мене. Јас сум многу горд на ова дело, напорно работевме над него изминатите две години“, рече Мендес.
Сниман во Англија, Австрија, Мексико и Мароко, „Spetre“ ги собра сите традиционални состојки од филмовите за Џејмс Бонд, цени на бркотници, злосторник мегаломан, сензуални девојки, модерни технолошки уреди и дијалози низ кои провејува хуморот.
Улогата на „М“ кој ја води тајната британска служба MI-6, ја толкува Ралф Фајнес, по смртта на шефицата на Бонд во „Скајфол“ која дотогаш во последните седум филмови ја толкуваше Џуди Денч. Секретарката на „М“ мис Манипени ја толкува Наоуми Харис, а шефот на техничкиот оддел на разузнавањето Кју го игра Бен Вишоу. Насловната музичка тема ја отпеа Сем Смит.
Во снимањето учествуваа холивудските студија „Metro-Goldwyn-Mayer Pictures“ и „Columbia Pictures“. Во приказната Бонд се бори со моќната тајна организација „Спектр“. Епизодата „007:Spectr“ треба да ги заокружи темелите на трилогијата поставени со „007: Координати Скајфол“. Доколку постигне комерцијален успех, трилогијата ќе биде продолжена. Од тој аспект, почетокот на филмот за кој беа потрошени 200 милиони долари е доста успешен, со веќе заработени 1,108 милијарди долари пред премиерата на 6-ти ноември во САД и на други големи кино пазари./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Лена и Владимир“ награден на Julien Dubuque International Film Festival
13. издание на Меѓународниот филмски фестивал Julien Dubuque (JDIFF) ги објави своите победници, a „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, ја однесе дома главната награда за најдобар долгометражен игран филм.
На фестивалот, кој се одржа од 24-28 април во Дубјук, Ајова, беа прикажани преку 150 филмови од целиот свет, вклучително и 31 долгометражен филм во конкуренција, а филмот „Лена и Владимир“ на фестивалот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Игор Алексов.
„Лена и Владимир“ е приказна за двајца бегалци од општеството кои доживеале огромна трагедија, а чии патишта случајно се вкрстуваат. Тие наоѓаат утеха и поврзаност, формирајќи врска што им носи исцелување. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија (Терирем продукција).
Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска и Тони Наумовски, а во филмот се појавуваат и Дениз Абдула, Луран Ахмети, Петар Мирчевски, Петре Арсовски, Благоја Чоревски, Kирил Коруновски. Сценариото е на Александар Русјаков. Продуценти се Дејан Илиев (ДМФ Филм) и Илија Циривири (МИНД Продукција). Кинематографер е Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Зафирковски, а монтажер е Мартин Иванов, Музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез, костимограф е Раде Василев, дизајнер на маска е Горан Игњатовски, а кастинг директор е Катерина Грубач.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.