Филм
„Еликсир“ и „Такви се правилата“ на СФФ
На Скопскиот филмски фестивал, што се одржува од 17 до 24 април, гости на прес-конференцијата беа режисерот на филмот „Еликсир“, Броди Хигс и македонската актерка Наташа Петровиќ, која игра една од главните улоги во овој филм, прикажан и на Берлинскиот филмски фестивал.
На Скопскиот филмски фестивал, што се одржува од 17 до 24 април, гости на прес-конференцијата беа режисерот на филмот „Еликсир“, Броди Хигс и македонската актерка Наташа Петровиќ, која игра една од главните улоги во овој филм, прикажан и на Берлинскиот филмски фестивал.
Режисерот Хигс го базирал своето сценарио на познатите уметници на надреализмот Андре Бретон и Тристан Цара, сместувајќи ги во Берлин, во сегашно време.
„Во филмот има јасен исказ дека во денешното општество на економски притисок не се вреднува уметноста доколку таа остварува некаков профит, уметниците се постојано подложени на вреднување со економски параметри, за разлика од 20-тите години на минатиот век, каде според моето мислење, славните ликови на надреализмот и дадаизмот биле ослободени од тоа“, рече Хигс.
Тој рече дека кога актерката Наташа Петровиќ на аудицијата во Берлин ја извела сцената на бакнеж со лошиот лик Тристан, таа покажала исклучителна енергија, која влијае на гледачот и тој веднаш ја ангажирал за улогата.
„Идејата за ликот што го играв не е од книгата на Андре Бретон. Заедно со режисерот истражувавме како живеат тие луѓе кои се постојано во движење и кои всушност постојано се бараат себеси, а истовремено се во школка и се оденесуваат така, како што се однесуваат за да се заштитат. Затоа и мојот лик не комуницира, само пишува, никој не знае од каде доаѓа, но таа само се обидува да преживее во овој свет“, рече актерката Наташа Петровиќ.
Гости на втората прес-конференција на Скопје филм фестивал, беа и хрватскиот режисер Огњен Свиличиќ, Атанас Георгиев, монтажер и Корнелија Ристевска од „Трикс филм“, македонскиот копродуцент на филмот „Такви се правилата“.
Режисерот Свиличиќ рече дека она што го опишува во својот филм, во кој еден тинејџер е повреден во навивачки насилства и починува заради лекарската грешка, а неговите родители не можат да ја најдат правдата, може да се случи секаде во Источна Европа.
„Кога општеството не знае како да се справи со некој проблем, кога полицијата, болницата, кога институциите се рамнодушни, тогаш луѓето излегуваат сами да се справуваат со проблемите, како што знаат и умеат и тогаш настанува насилството“, рече Свиличиќ.
Според него малите земји треба да ја развиваат културата за да се потисне тоа насилство.
Авторот на монтажата Атанас Георгиев рече дека работата на овој филм, многу се разликувала од работата на неговиот претходен филм „До балчак“.
„Овој филм не беше полесен од „До балчак“. Требаше да се изработат многу детали и тоа до фрејм, за да се постигне ефектот на една тешка драма“, вели Георгиев.
Една од копродуцентките Корнелија Ристевска рече дека ваков вид копрдукции се корисни
„Имавме среќа што Агенцијата за филм ги одобри средствата за овој филм. Има големи предности за сите страни, кога еден филм има повеќе копродуценти“, рече Ристевска.
Агенцијата за филм го финансирала филмот „Такви се правилата“ со милион денари, а вкупниот буџет бил околу милион евра.
Филмот „Такви се правилата“ од утре е на репертоарот на Синеплекс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.
Филм
Утре се отвора четвртиот Фестивал на грчки филм
Утре, на 7 април 2024 година, во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија (Никола Русински 1, Скопје 1000) ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм. На отворањето ќе биде прикажан кусометражниот филм „Тишината на рибата кога умира“ на Василис Кекатос (2019, 19′), а потоа долгометражниот филм „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос (2019, 99′).
Ова се две црни комедии во кои што идејата за смртта се прикажува со доза на хумор. Филмот „Тишината на рибата кога умира“ учествуваше на некои од најважните фестивали како Sundance, а Василис Кекатос е еден од најважните претставници на кусометражните филмови со многу награди, вклучително и Златна палма во Кан.
Фестивалот е во ко-организација на Амбасадата на Грција во Скопје и Меѓународниот филмски фестивал Киненова спонзориран од фирмите Armos Balkan и Mermeren.
Влезот е бесплатен.
Култура
Во февруари 50-годишен јубилеј на Кинотека: Старите вредности во нови контексти
Пред 5 децении е формирана македонската кинотека. Честитки за сето она што досега го направила оваа значајна културна установа. Една од основните дејности на филмскава институција е да го прикаже сето она што го има, и ново и старо; ова второто во нови контексти и изданија. Тоа ќе биде карактеристика на програмата на најкусиот месев во годината – февруари. Календарски, ќе трае 29 дена. Ете можност да се види сето она што кинотеката го подготвила за февруарските денови.
Ќе се стартува со премиерна проекција. Со филм кој има наслов СЛОБОДА. Тоа е краткометражен филм во омнибус формат, чијшто автор е филмскиот критичар Златко Ѓелески. Веднаш потоа враќање децении наназад. Ќе бидат проектирани неколку архивски филмски записи од 1912 до 1952. Тоа се дел од новопримените кино-материјали што кинотеката ги прибра во текот на изминатата година.
Кинотека се решила, враќајќи се децении наназад, да потсети на филмовите создадени во 40-тите, 50-тите, 60-тите, 80-тите, 90-тите и 2000-тите. Режисерите се од различни земји – Италија, Франција, Германија, Шведска, САД. Ставени се во различни контексти, во нови програми. Всушност, станува збор за циклуси на Великаните на фестивалот на филмската камера БРАЌА МАНАКИ и пократок цилкус филмови на францускиот режисер на т.н. француски нов бран Луј Мал.
Во исклучително богатата кинотечна понуда се и неколку филмови на чехословачкиот режисер, оскаровецот Јан Кадар.
Она што е многу интересно, многу потребно за да се знае и запамети, се петте документарни македонски филмови со етнолошка содржина. Во нив е забележана традицијата, обработени се народни и религиозни обичаи од средината на 20-тиот век. Во четири од нив Вера Кличкова, пионерот на етнолошкиот филм кај нас, е сценарист, режисер или консултант.
Филмофилите ќе бидат почестени да го видат сигурно еден од најозборуваните лански филмови – НАПОЛЕОН на Ридли Скот. Во различните оценки за филмот доминираат, што е сосема разбирливо, Англичаните и Французите. Едните го фалат, другите го кудат. Критиките за најновата продукција на Скот се поделени, но не смее да се изостави фактот дека, и покрај одредени пропусти, станува збор за прецизно сработен биопик. Дело кое функционира на неколку нивоа – како биографска сторија, историска рекреација, но и омаж кон еден од омилените филмови на Ридли Скот – Бари Линдон од 1975, по сценарио и режија на Стенли Кјубрик.
Уште една филмска творба којашто предизвика интерес и претежно позитивни рецензии – УБИЈЦИ НА ЦВЕТНАТА МЕСЕЧИНА на Мартин Скорсезе– ќе биде проектирана во кино салата на Кинотека месецов.
Во финалето на месецов, ќе погледнеме два филма со музичка содржина. Познатиот ТОМИ, рок операта на Кен Расел, ќе биде прикажана на оригинална 35 милиметарска лента. Новитетот е музичкиот документарец за екс ју панк легендите Панкрти. Специјален гостин на кинотеката тие денови ќе биде фронтменот на групата, Перо Ловшин.
Февруари е можеби календарски пократок месец , но затоа ќе биде исполнет со исклучително богата кино-програма.