Контакт

Филм

Краткиот филм „13 Wonders of Macedonia" на фестивал во Италија

Објавено пред

Македонскиот краток филм „13 Wonders of Macedonia” (13 Чуда на Македонија) во продукција на „Трето Уво“ од Скопје, влезе во конкуренција во официјалната програма на меѓународниот фестивал на археолошки филмови во Роверето, Италија. 

Jубилејното 25-то издание на овој светски респектиран фестивал ќе се одржи од 7-ми до 11-ти Октомври во Роверето, a ќе бидат прикажани вкупно 44 филмови од 15 земји во светот како: Италија, Франција, Америка, Шпанија, Малезија итн. Во целиот пропаганден материјал, во печатените и електронските медиуми нашиот филм и нашата земја се најавувани под уставното име Македонија, наведуваат од „Трето Уво“. 

Продуцентот филмот Иво Јанкоски по овој повод изјави: 

„Ова ќе биде светска премиера на филмот и претставува огромен успех за нас. Инаку филмот е сегмент од глобалниот и пообемен промотивен проект „Wonderful Macedonia”.  Филмот е посветен на македонската милениумската цивилизација, духовно и културно разгранетиот хоризонт на македонското постоење и ја позиционира Македонија како базична цивилизациска оска на Балканот, Медитеранот и Европа. Задоволството е дотолку поголемо што „13 Wonders of Macedonia” е единствен филм од балканските земји што успеа да влезе во официјалната конкуренција на овој престижен фестивал”.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Вендерс и Бењини – инспирација за проектот „Реобмислување на европски режисери: филм, музика и поезија“

Објавено пред

Интердисциплинарниот проект кој подразбира фузија на поезија, филм и музика ќе се реализира в понеделник во 20 часот во Europe House Skopje, а публиката ќе може да го следи само на стрим.

Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски, поезија од Дејан Трајкоски и сцени од филмови на Вим Вендерс и Роберто Бењини, в понеделник (26 октомври) во 20 часот во Europe House Skopje ќе се одржи проектот „Реобмислување на европски режисери: филм, музика и поезија“.

Интердисциплинарниот проект во развој подразбира фузија на поезија, филм и музика.

Се работи за три песни инспирирани од сцени од филмовите „Париз, Тексас“ и „Хотел од милион долари“ од Вим Вендерс, „Тигарот и снегот“ од Роберто Бењини. Поезијата од Трајкоски ќе ja изведува Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, која е инспирирана од оригиналните филмски композиции, а сето тоа е вклопено со филмските сцени. Видео и аудиомонтажата е на Гоце Јованоски.

Идејата на проектот е реобмислување на едно уметничко дело и создавање ново, во сосема поинаква форма од оригиналното.

Настанот ќе може да се проследи само во живо преку стрим на следниот линк: https://bit.ly/31qhNH2

Проектот се реализира со финансиска поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Светска премиера и „Социјална дилема“ го затвораат Истражувачкиот филмски фестивал

Објавено пред

Во недела, 25 октомври, завршува четвртото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје, кое годинава се одржува онлајн. Филмовите од фестивалската селекција, бесплатно и со македонски превод, се достапни преку on demand платформата Синесквер.

За последниот фестивалски ден е закажан разговорот со наградуваната новинарка Миа Малан, основачка на јужноафриканскиот медиум Бекисиса, светол пример за темелно и одговорно известување за пандемијата со КОВИД-19 (12 часот), како и излагањето на британскиот независен документарист, Мајкл Освалд, на тема „Како да снимите филм без буџет“ (14 часот). Освалд ќе објасни како се избира темата на филмот, како се договараат соработници, како се продуцира филмот и клучно, како без институционална поддршка може да се создаде дело што ќе остави белег.
На ИФФС се одржува и светската премиера на неговото најново остварување, „Човекот кој премногу знаеше“, документарец за Колин Волис, поранешен виш службеник за информации во Министерството за одбрана на Велика Британија. Филмот нуди поглед на двојните аршини во разузнувачкиот свет низ очите на човек кој бил во центарот на таа приказна. „Човекот кој премногу знаеше“ зборува за Волис, чија работа вклучувала ширење лажни вести и создавање раздор помеѓу заедници, организации и поединци, за по извесно време и самиот тој да стане жртва во оваа сложена игра.

„Човекот кој премногу знаеше“ е достапен on demand, што значи дека како и останатата фествалска селекција може да се погледне во кое било време до недела на полноќ. Филмовите кои бесплатно може да се погледнат со македонски превод се: „Коронација“ на кинескиот уметник Ај Вејвеј, кој е снимен „од дистанца“, користејќи материјали од жителите на Вухан; документарната истрага „Криминал од солидарност“; „Амазонија: Будењето на Флорестанија“ за еколошките проблеми и конзумеризмот; „Солидарност“ за неверојатните „црни листи“ за работниците во Велика Британија; „Моја драга самопослуго“ и „Запознајте ги цензорите“.

„Социјалната дилема“, актуелниот документарец од Нетфликс, кој со македонски превод ќе се прикажува за затворање на фестивалот, ќе биде достапен единствено на 25 октомври во 20 часот.

Содржините од четвртото издание на истражувачкиот филмски фестивал, меѓу кои и гостувањето на синот на убиената малтешка новинарка Дафне, Метју Каруана Галиција; излагањето на Дугал Шо од Би-би-си за мобилно новинарство насочено кон решенија; и разговорот за работничките права на новинарите во Македонија, се достапни на веб-страницата pina.mk. Четвртото издание на ИФФС го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје и поддршка од канцеларијата на УНХЦР – Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

„Еуроимаж“ повторно со финансиска поддршка за македонската филмска продукција

Објавено пред

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела „Еуримаж“ на својата редовна 160. сесија, која се одржа од 12 до 16 октомври 2020 година, финансиски поддржа 29 меѓународни филмски проекти.

На листата подржани проекти е и копродукцискиот проект меѓу Албанија и Северна Македонија „Мојата мајка е космонаут“ во режија на Анди Делиана, заеднички проект со македонскиот продуцент „Дрим фектори“ од Скопје.

„Исклучително е значајно што ова е трет филмски проект кој оваа година добива финансиска поддршка од ‘Еуримаж’, а во кој учествуваат  и продуцентите од нашата држава. Претходно поддршка доби проектот ‘Преекспонирано’ во режија на Елеонора Венинова и, колку што сум информирана, снимањето на филмот веќе е завршено и се наоѓа во фаза на постпродукција. Во оваа пригода да се потсетиме дека и проектот ‘Зад стоговите сено’, кој е прва копродукција меѓу Грција, Северна Македонија (Сектор филм од Скопје) и Германија по потпишување на преспанскиот договор, ја доби довербата на овој европски фонд“, вели Татјана Ќурчинска-Пепељугоска, македонски национален претставник во Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела „Еуримаж“.

Од овој месец се отвораат поголеми можности за учество на македонските филмски продуценти во меѓународните копродукции. Од 1 октомври, македонските филмски работници ќе може да учествуваат со најмалку 5 проценти во меѓународните мултилателарни филмски копродукциии и со 10 отсто во билатералните копродукции, наместо како што беше досегашна пракса, да учествуваат со најмалку 10, односно 20 проценти.

„Оваа најзначајна измена придонесува нашите продуценти со многу помалку средства да станат легитимни копродуценти во меѓународните филмски проекти. Се разбира, тука влијание ќе има и квалитетот, кој повеќето од нашите филмски професионалци го имаат. Ова е исклучително важно за земјава поради можностите што се отвораат за поголема, побројна и подинамична копродукциска соработка. Од друга страна, тоа не го оптоварува дополнително буџетот на државата, напротив. Тоа значи дека вкупниот буџет за филмската дејност треба да се зголемува со цел да се овозможи поширок обем на меѓународна соработка“, додава Пепељугоска.

Од своето основање во 1988 година „Еуримаж“ поддржал 2.136 меѓународни копродукциски проекти во вкупен износ од околу 619 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија3 часа

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија5 часа

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија5 часа

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион6 часа

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија7 часа

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет7 часа

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија8 часа

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија8 часа

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Македонија21 час

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија22 часа

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион22 часа

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија23 часа

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија23 часа

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија24 часа

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ1 ден

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Македонија1 ден

Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките...

Регион1 ден

Во Словенија 1.656 нови случаи на коронавирус – се затвораат рестораните, хотелите, трговските центри

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.656 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од претходниот ден. Бројот на...

Македонија1 ден

(Видео) Георгиевски за „Бгнес“: Сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели лидерот на ВМРО-Народна партија,...

Свет1 ден

Истражување: Лекувањето на Ковид-19 со крвна плазма дава слаби резултати

Употребата на таканаречената конвалесцентна плазма или антитела од крвта на пациенти кои оздравеле од Ковид-19 како потенцијален третман за хоспитализирани...

Досие