Филм
Претставено жирито на 37. издание фестивалот „Браќа Манаки“
ИФФК „Браќа Манаки“ги претстави пред јавноста овогодинешните членови на жирито, светски истакнати кинематографери и филмски критичари. Жирито во состав на четворицата кинематографери: Федон Папамихаел, Клер Пијман, Ѓокан Тиријаки и Владимир Самоиловска и филмската критичарка Алин Ташчијан го претстави директорот Благоја Куновски – Доре.
ИФФК „Браќа Манаки“ги претстави пред јавноста овогодинешните членови на жирито, светски истакнати кинематографери и филмски критичари. Жирито во состав на четворицата кинематографери: Федон Папамихаел, Клер Пијман, Ѓокан Тиријаки и Владимир Самоиловска и филмската критичарка Алин Ташчијан го претстави директорот Благоја Куновски – Доре.
За принципот по кој ќе ги оценуваат филмовите, сите членови на жирито се согласија дека иако кинематографијата е нивна специјалност, визуелниот елемент на еден филм не може да биде пресуден за нивната одлука бидејќи не може да се цени одвоено од целината на филмот. Членовите на жирито изјавија дека се почестени од можноста да соработуваат меѓусебно особено на ваков уникатен фестивал кој е еден од двата фестивали на светско ниво, кои што акцентот го ставаат на кинематограферите. „Очигледно ова е уникатен фестивал со богата историја, кој донел елитни гости од светската кинематограферска сцена, а воедно и еден од двата фестивали во светот кои што им се посветени на кинематограферите. Ние како кинематографери ретко добиваме шанса да се собереме и да дискутираме за нашата работа и да разменуваме искуства за иднината на филмот“, рече Федон Папамихаел. Клер Пијман од Холандија, рече дека одвај чека да ги погледне филмовите и да дискутира за нив со колегите од жирито. Алин Ташчијан, филмска критичарка од Турција и претседателка на влијателната меѓународна асоцијација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ, која до сега била членка на жиријата на многу истакнати фестивали, вели дека сликата е првото нешто што го забележува во филмот.„Никој подобро од кинематограферите не знае што се случувало зад сцената при снимањето и тоа со еден поглед кон филмот. Со оглед на тоа што се наоѓаме во важен момент за историјата на филмот, во еден премин, заради брзиот развој на технологијата на снимање, која, од ден на ден се менува, од исклучителна важност е кинематограферите да им го пренесуваат своето знаење на помладите генерации со цел да се изградат нивните вкусови за вредноста на филмот“, рече Ташчијан. Владимир Самоиловски, еден од најистакнатите македонски кинематографери, рече дека му претставува голема чест да седи во ваков состав на жири, особено што го следел фестивалот уште пред 40 години кога почнал да работи како снимател. Во тек на фестивалот ќе се одржи и генералното собрание на Европската федерација на кинематографери – ИМАГО, во која што членуваат околу 50 меѓународни здруженија со повеќе од 4.000 кинематографери од сите краеви на светот. На прес конференцијата беа присутни новиот претседател на ИМАГО Пол Роестад, кој го замени Најџел Волтерс, долгогодишен соработник на фестивалот „Браќа Манаки“ и генералниот секретар на ИМАГО. Гостинка на фестивалот беше и младата режисерка Елиза Здру од Романија, која што го направи документарниот филм „Студија на случај: Браќа Манки“. Идејата да направи еден ваков документарец кај неа се родила на многу интересен начин. Елиза пронашла стара фотографија од своите предци, која иако немала потпис, многу потсетувала на стилот на браќата Манаки. Истражувањето околу семејната фотографија постепено се испреплетувало со приказната за животот и делото на браќата Манаки, а Елиза документарецот, освен во Романија, го снимала и во Грција, Бугарија и Македонија. „Пред околу две години го снимав документарецот на улиците на Битола, а сега ја имам честа тој да биде прикажан на филмскиот фестивал. Моето искуство при снимањето беше прекрасно, овде луѓето се многу топли. Знаете, на Балканот фактите варираат во зависност од тоа од кого ќе ги чуете, биејќи историјата е толку измешана. Но, во сите овие држави слушнав дека Браќата Манаки си припаѓаат единствено сами на себе, тие се пионери на кинематографијата на овие простори“, рече Елиза Здру. Гена Теодосиевска, уметнички директор истакна дека чест е да се има оваа оваа талентирана млада докуметаристка како гостин, а на Елиза и предвиде професионален успех заради нејзиниот студиозен и креативен пристап. Веднаш по прес конференцијата, мастер класа за својата кинематограферска работа и за начинот на соработка со режисерите, одржа Федон Папамихаил, кој е претседател на жирито и лауреат на специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност. Тој рече дека уште на почетокот на кариерата во Минхен се сретнал со Вим Вендерс и Роби Милер кои го мотивирале да стане филмски снимател. Тој никогаш не посетувал филмска школа, туку веднаш почнал да работи. Папамихаил говореше и за разликите помеѓу работата на големите холивудски продукции и нискобуџетните филмови. Традиционално, интересот на публиката е голем за отворените разговори со гостите на фестивалот.Студентската програма, која оваа година на ИФФК „Браќа Манаки“ ја градат околу 40 студенти и вкупно 36 филмови од филмските академии од Белград, Тирана, Софија, Букурешт, Сараево, Солун, Цетиње, Загреб, Љубљана, како и студенти и професори од академиите од Скопје, Штип и од Тетово, денеска стартува во НУ Музеј и завод Битола.Во наредните три дена ќе можат да се проследат мастер класите на оскаровецот Алан Старски, еден од најуспешните дизајнери на продукција од Полска и Карпо Година, словенечкиот кинематографер и режисер, еден од најважните претставници на југословенското филмско движење „Црн бран“. Исто така ќе биде организирана и дводневна работилница за минимализмот во филмската музика, што ќе ја реализира филмскиот и музички критичар Влатко Галевски.Оваа програма, која се оддржува потпомогната од Амбасадата на САД во Македонија, ќе се обиде на едно место да ги покаже филмските видувања на младите режисери и кинематографери од академиите од регионот и ќе се обиде да создаде место каде ќе се разменува позитивна енергија и различни искуства на студентите. Студентите имаат слободен влез на сите проекции и настани на ИФФК „Браќа Манаки“, само треба да покажат индекс. Истото важи и за пензионерите.Оваа година програмата Мак поинт, Фестивалот ја посвети на македонската авторка и режисерка на наградувани документарни филмови Билјана Гарванлиева, која почина пред два дена. Вчера вечер, селекторката на Документарната програма, Гена Теодосиевска по проекцијата на филмот „Следна станица: Утопија“ одржа отворен разговор со гртчкиот режисер Апостолис Караксис и продуцентот Марко Гастин. Во прес-центарот на фестивалот, кој се наоѓа во битолскиот театар е отворено „Катче на Роби Милер“, каде може да се види изложба на фотографии поврзани со лауреатот на Златна камера 300 за животно дело. Софија Семенпеева е автор на концептот за овој фото – омаж на Милер./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм
Седумдесет и деветото доделување на наградите БАФТА се одржа синоќа во Лондон. За најдобар филм беше прогласен „Една битка по друга“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој ја освои и наградата за најдобар режисер.
Иако наградите БАФТА за најдобар филм и најдобар режисер обично се делат помеѓу два одлични филма, овој пат обете награди ѝ припаднаа на акционата црна комедија.
Британецот Роберт Арамајо беше прогласен за најдобар актер за неговата улога во филмот „Се колнам“.
Во категоријата за најдобар актер беа номинирани и Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Грешници“ и Леонардо Дикаприо за „Една битка по друга“.
Како што се очекуваше и заслужено, Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“ во режија на Клое Жао.
Наградата БАФТА за најдобар спореден глумец му припадна на Шон Пен за неговата улога во „Една битка по друга“, додека наградата за најдобра споредна глумец ѝ припадна на Вунми Мосаку за нејзината улога во „Грешници“.
Најистакнат британски филм е „Хамнет“, додека наградата за најдобро сценарио му припадна на Рајан Куглер за филмот „Грешници“.
Најдобар филм прикажан на друг јазик е „Сентиментална вредност“, најдобар документарец е „Господин Никој против Путин“, додека „Зотрополис 2“ е најдобар анимиран филм.
Водител на 79-тото доделување на наградите БАФТА беше шкотскиот актер, водител и режисер Алан Каминг.
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

