Контакт

Филм

Серијата „Игра на престолите“ завршува по осмата сезона

Објавено пред

Програмскиот директор на продукциската куќа HBO, Кејси Блојс за Entertainment Weekly, потврди дека осмата сезона од популарната серија „Игра на престолите“(Game of Thrones), ќе биде воедно и последната.

dobivaj vesti na viber

Кејси Блојс, истакна дека телевизискиот канал ќе ја почитува желбата на авторите на телевизиската верзија на сагата на Ден Вајс и Дејвид Бениоф, кои веќе објавија дека планираат да снимаат осум сезони, но сега доаѓа официјалната потврда.

„Да, тие имаат многу конкретен план за бројот на сезоните. Верувајте ми, доколку би можел да ги натерам да продолжат, би направил уште десетина сезони. Но ние ќе се повинуваме на нивното решение, тие најдобро знаат што е најдобро за серијата“, вели Блојс.

Како и претстојната седма сезона, која наместо вообичаените десет содржи седум епизоди, осмата сезона, исто така, ќе биде покуса од досегашните. Блојс напомнува дека би можело да има шест епизоди, но точниот број не е уште утврден.

Запрашан дали постои можност за ткн „спин оф“ серија, Блојс вели дека не се противи на таквата идеја, но дека мора да има смисла.

Вестите за последната сезона е уште една во низата лошите вести за љубителите на оваа серија, имајќи предвид дека неодамна беше објавено дека, наместо до пролетта, прокажување на седмата сезона мора да чека до летото 2017 година. Бениоф и Вејс најавија дека снимањето на седмата сезона ќе започне неколку месеци подоцна, бидејќи поради автентичноста им е подобро полошо постудено време.

Седмата сезона ќе се снима во Северна Ирска, Шпанија и на Исланд, локација на којашто „Игра на престолите“ се враќаат по неколку години, но не се споменува Дубровник, ниту ниедна друга хрватска локација на која популарната серија се снимаше.

Дејствието на „Игра на престолите“ се одвива на два фиктивни континента, каде што неколку аристократски семејства се борат за превласт во текот над Седумте кралства, истовремено кога над човештвото се надвива опасноста од натприродните сили.

„Играта на престолите“ е една од најпопуларните серии не само во САД, туку и во целиот свет, а нејзините автори добија дури 26 престижни награди Еми./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

Објавено пред

И по 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери насекаде во светот.

dobivaj vesti na viber

Овој пат на Нов Зеланд: режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ хералд“ открива дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм.

Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 години и работела во едно кино во Бруклин, предградие на главниот град Велингтон. Многу ѝ се допаднал и сè уште ѝ се допаѓа. Речиси 30 години подоцна, Тејлор се навраќа на филмот на Манчевски кога во истото кино ќе ја гледа премиерата на својот прв филм „Месечината е наопаку“, во кој таа е режисерка, сценаристка и актерка и кој како и „Пред дождот“ има три навидум неповрзани приказни.

„Филмот беше под влијание на многу нешта“, вели Тејлор. „Меѓу нив и филмот на Манчевски и неговиот заплет како Венов дијаграм“.

Во годината кога најнаградувано дело во историјата на македонската кинематографија и едно од најголемите достигнувања на македонската култура воопшто слави 30 години од премиерата во септември 1994, не престануваат одгласите за овој филм на Манчевски.

Имено, во промотивното видео пред годинешното доделување на „Оскарите“, холивудската актерка Глен Клоуз го избра токму „Пред дождот“, кој во 1995 беше номиниран за „Оскар“ за најдобар странски филм, како дело што ја инспирирало да посака да ја посети Македонија. (https://www.youtube.com/watch?v=DHu90AY4GSI )

„Постои филм што се вика ‘Пред дождот’ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стара (земја) и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите“, вели во видеото Глен Клоуз, која има рекордни 8 номинации за „Оскар“.

Во 1994 година „Пред дожот“ освои „Златен лав“ во Венеција на најстариот филмски фестивал во светот. Покрај „Златниот лав“, „Пред дождот“ доби уште триесетина награди на светските фестивали, а беше и првиот македонски филм номиниран за „Оскар“ во категоријата најдобар странски филм.

„’Пред дождот’ ја стави Македонија на светската мапа. Дела како ова ме одржуваат. Потсетник за благородноста што филмот може да ја досегне“, напиша легендарниот филмски критичар Роџер Иберт за американската премиера на филмот во 1995.

„Македонија, љубов моја“, „Милчо Македонецот“, „Мајсторот од Македонија“, „Македонско ремек-дело“, се само дел од насловите за „Пред дождот“ во светските медиуми во тоа време, а јапонските весници цртаа и мапи за да покажат каде е Македонија, која стана независна земја само 3 години пред премиерата на овој филм.

„Пред дождот“ е вброен во 1.000 најдобри филма во историјата од страна на „Њујорк тајмс“, а на фестивалот во Венеција една од паралелните награди беше именувана според мотото на филмот: „Кругот не е тркалезен“. Во Фиренца се одржа меѓународна академска конференција посветена на филмот.

„Пред дождот“ е прикажан на повеќе од 100 фестивали, прикажан во редовна кино и ТВ-дистрибуција во над 50 земји на сите континенти. Во САД реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со класиците Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон итн. „Пред дождот“ се предава на стотици универзитети, а во Италија е дел од задолжителната наставна програма во средните училишта. За филмот се објавени над 5.000 текстови на 50-ина јазици во светските медиуми.

Во Кореја „Пред дождот“ се користеше во работни тетратки за изучување на англискиот јазик, а во САД и Полска за изучување на македонскиот. Во Италија постои и вино крстено според филмот „Пред дождот“ и ресторан со истото име.
„Пред дождот“ до ден-денес уште игра во кинотечните и фестивалските програми насекаде во светот.

Прикажи повеќе...

Култура

„Лена и Владимир“ награден на Julien Dubuque International Film Festival

Објавено пред

13. издание на Меѓународниот филмски фестивал Julien Dubuque (JDIFF) ги објави своите победници, a „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, ја однесе дома главната награда за најдобар долгометражен игран филм.

dobivaj vesti na viber

На фестивалот, кој се одржа од 24-28 април во Дубјук, Ајова, беа прикажани преку 150 филмови од целиот свет, вклучително и 31 долгометражен филм во конкуренција, а филмот „Лена и Владимир“ на фестивалот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Игор Алексов.

„Лена и Владимир“ е приказна за двајца бегалци од општеството кои доживеале огромна трагедија, а чии патишта случајно се вкрстуваат. Тие наоѓаат утеха и поврзаност, формирајќи врска што им носи исцелување. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија (Терирем продукција).

Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска и Тони Наумовски, а во филмот се појавуваат и Дениз Абдула, Луран Ахмети, Петар Мирчевски, Петре Арсовски, Благоја Чоревски, Kирил Коруновски. Сценариото е на Александар Русјаков. Продуценти се Дејан Илиев (ДМФ Филм) и Илија Циривири (МИНД Продукција). Кинематографер е Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Зафирковски, а монтажер е Мартин Иванов, Музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез, костимограф е Раде Василев, дизајнер на маска е Горан Игњатовски, а кастинг директор е Катерина Грубач.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот

Денеска  во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со...

Топ4 часа

Двојно убиство во скопско Стајковци

Во скопско Стајковци, попладнево се убиени две лица. Повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел....

Македонија5 часа

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управниот суд

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1,...

Македонија6 часа

Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски. Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој...

Македонија6 часа

ДИК ги усвои приговорите за седум избирачки места

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места. Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101,...

Македонија7 часа

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Коалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во Шестата изборна единица аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ8 часа

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ9 часа

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија10 часа

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Македонија12 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет12 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет12 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија1 ден

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија1 ден

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ1 ден

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија1 ден

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија1 ден

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија1 ден

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...