Контакт

Книги

Најавен проектот „Бајки од Македонија“

Објавено пред

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде партнер на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, во реализација на проектот „Бајки од Македонија“.

dobivaj vesti na viber

 

 

Едицијата „Бајки од Македонија“ ќе содржи илустрирани бајки од македонското народно творештво наменети за деца од предучилишна возраст. Во изборот на бајки од македонското народно творештво со својот стручен капацитет ќе се вклучи и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, со што ќе се обезбеди квалитетна и соодветна селекција на бајките.

 

Со реализација на проектот „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ се обидува да даде свој придонес во приближување на македонското народно творештво до најмладите и поголема популаризација и реафирмација на традиционалните вредности. Основна мисија на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ е поддршка на креативноста кај младите во функција на брендирање и креативна визуализација на автентичните национални вредности.

 

„Да се работи на ваков проект што им е наменет на најмладите претставува огромно задоволство, но истовремено и голема одговорност, бидејќи наша цел е да создадеме модерен бренд што истовремено ги содржи сите елементи што ќе гарантираат врвен квалитет. Искрено се надевам дека „Бајки од Македонија“ ќе биде омилено семејно четиво“, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине“.

 

Издавачката куќа „Арс Ламина“, со своето вклучување во проектот „Бајки од Македонија“, го презема издавачкиот дел на проектот, што ќе се реализира по изборот на бајките и по изработката на илустрациите.

 

„Нашата издавачка куќа посветено работи на создавање на книжевен фонд наменет за најмладите. Досегашните изданија се одлично прифатени од најмладите читатели, а тоа е дополнителен мотив за нас да продолжиме да работиме во насока на креирање на нови содржини што ќе се темелат на македонската народна традиција“, додаде Билјана Црвенковска, уредник во „Арс Ламина – публикации“.

 

По изборот на приказни од македонското народно творештво кон крајот на август 2015 година Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ ќе распише конкурс за илустрација на бајките, на кој ќе можат да учествуваат млади илустратори и дизајнери. Претставници на Управниот одбор на Движењето, на „Арс Ламина“ и претставници на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ ќе ги оценуваат пристигнатите решенија за илустрација на бајките. Најдоброто креативно решение повторно ќе биде наградено со парична награда од 200.000 денари, што ја обезбедува Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Финалното печатено издание на Едицијата „Бајки од Македонија“ ќе биде издадено во мај 2016 година.

 

„Бајки од Македонија“ е втор проект на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Минатата година успешно беше реализиран првиот проект „Слатко со идентитет“. Младите креативци работеа на изработка на нови етикети и амбалажа за седумте видови слатко произведени по традиционална рецептура на компанијата „Јоми фуд“ од Велес, што исто така беше избрана на конкурс. Победничкото решените „Фрутело“ на Далибор Смилески и Мартин Стојмировски ја доби првата награда од 200.000 денари. Слатката на „Јому фод“ со новата етикета и амбалажа веќе можат да се најдат во малопродажба во земјава, но и во странство.

 

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, чијашто цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање на силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ. Во активностите на движењето се вклучија голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и од целиот регион. /крај/

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Македонија6 часа

Непречено се одвива гласањето на болните и затворениците

Гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се во притвор или затвор, како и на граѓаните сместени во установи...

Македонија6 часа

(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес. Цеца...

Македонија6 часа

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор. Од она што...

Македонија9 часа

Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело...

Регион9 часа

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании. Забраната, која ја усвои...

Свет9 часа

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...

Свет9 часа

Зеленски: Русија распореди 170.000 војници во Доњецк, тешки борби околу Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува...

Свет21 час

Орбан: Европа се движи кон војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остри обвинувања против европските лидери во интервју за радио Кошут, тврдејќи дека „Европа сака војна“...

Македонија24 часа

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131...

Македонија1 ден

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Скопското Обвинителство поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за продолжено загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Според обвинителството, мажот...

Македонија1 ден

Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не...

Македонија1 ден

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално...

Македонија1 ден

Закани за убиство кон градоначалникот на Неготино и обид да се изнудат пари: обвинение против едно лице

Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела – Изнуда од член...

Македонија1 ден

Тетовец се заканил со убиство на жена и функционери од политичка партија: Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано...

Топ1 ден

Уапсен возачот што удри 11-годишно девојче на улицата Перо Наков и избега

Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија...

Македонија1 ден

Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа...

Македонија1 ден

Речиси 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство...

Свет1 ден

Бројот на жртви од ураганот Мелиса расте: пристигнаа првите хуманитарни летови

Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од...

Свет1 ден

Кина му се закани на Тајван; Лаи одговори, па го претстави првиот тенковски баталјон „Абрамс“

Тајван не ја сака кинеската – една земја, два система – и мора да ги задржи својата слобода и демократијата...