Контакт

Книги

Писателот Александар Прокопиев на фестивал за светската книжевност во Хрватска

Објавено пред

Македонскиот писател Александар Прокопиев е меѓу поканетите автори на меѓународниот фестивал на светската книжевност што ќе се одржи во Загреб од 4-12 септември во организација на реномираната хрватска издавачка куќа „Фрактура“.

dobivaj vesti na viber

 

 

Меѓу писателите, „европските и хрватски мајстори на пишаниот збор“ – како што се најавуваат по хрватските медиуми, се Ксавиер Церкас, Патрик де Вит, Лоренс Норфлок, Кјел Весто, Марија Дуењас, Франческа Меландри, Бора Ќосиќ, Славенка Дракулиќ, Миљенко Јерговиќ, Семездин Мехмединовиќ…

 

Прокопиев ќе  биде претставен пред загрепската читателска публика на трибината „Писателот и неговиот читател“, заедно со д-р Борислав Павловски, преведувачот на хрватски на неговата збирка раскази „Човечулец“ (во издание на „Фрактура“) и модераторот Катарина Брајдиќ, како  и на трибината „Политиката и книжевноста“ на која ќе учествува заедно со Франческа Меландри, Ивица Џикиќ и модераторот Борис Постников.

 

Една од оригиналностите на овој фестивал е што за време на неговото траење, неколку хрватски ликовни уметници ќе ги портретираат писателите и ќе создаваат цртежи и слики инспирирани од нивните книги.

 

Покровител на фестивалот е претседателот на Р.Хрватска, Иво Јосиповиќ. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет4 часа

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...

Македонија4 часа

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а...

Македонија4 часа

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна...

Македонија5 часа

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...

Македонија6 часа

„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“, кои трет ден ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага,...

Македонија6 часа

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот сѐ уште го учи оти...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати

„Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“...

Македонија8 часа

Против три лица поднесено обвинение за депониите во „Вардариште“: ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе обвинителен акт против три лица за...

Македонија8 часа

„Дрисла“ сѐ уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата „Вардариште“

На депонијата „Дрисла“ сѐ уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој појасни дека депониите тешко се гаснат со...

Топ8 часа

Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде...

Македонија8 часа

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правело МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“. „Документите до кои дојдовме...

Свет9 часа

Последните зборови на Чарли Кирк пред атентатот: Куршум го погоди соработникот на Трамп додека зборуваше за насилство

Сѐ уште е во бегство осомничениот за атентатот на Чарли Кирк, младиот конзервативен активист, кој беше застрелан во вратот додека говореше...

Македонија11 часа

Дождот не помогна многу – чадот од „Дрисла“ и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот на депонијата „Дрисла“, чиј чад што се чувствува во воздухот во...

Македонија11 часа

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовира својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари....

Свет12 часа

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија12 часа

Локални избори: на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет13 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...

Свет15 часа

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија15 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...