Контакт

Книги

Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски објавен во Чешка

Објавено пред

Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски деновиве се појави во Чешка,  во издание на „Одеон“ од Прага. Делото на Смилевски е објавено во рамките на едицијата „Светска библиотека“, во превод на чешки јазик на Дагмар Доровски и Иван Доровски.

dobivaj vesti na viber

Во исто време со појавувањето на романот „Враќањето на зборовите“ на чешки, списанието „Литерарни новини“ од Прага објави подолг фрагмент од делото пропратен  со изјава на уредникот на „Одеон“ Јиндржих Јузл, во која се вели: „Во едицијата „Светска библиотека“, која е водечка во нашата издавачка куќа,  излезе од печат 180 наслов, романот „Враќањето на зборовите“ од македонскиот автор Гоце Смилевски. Во истата едиција наскоро ги објавуваме и делата на Харуки Мураками, Џон Ирвинг и Мишел Уелбек.“  Во препораката на издавачот се подвлекува дека романот на Смилевски „по многу нешта е невообичаен, и потсетува на прозата на Умберто Еко“. Во 2013 година издавачката куќа „Одеон“ на чешки јазик го објави романот на Смилевски „Сестрата на Зигмунд Фројд“. Делото предизвика големо интересирање кај читателите и до сега на чешки јазик доживеа три изданија. Инаку, романите „Разговор со Спиноза“ и „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски се преведени на преку 30 јазици во светот.Романот „Враќањето на зборовите“ на македонски јазик се појави минатата година во издание на „Дијалог“ од Скопје./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со...

Македонија2 часа

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа...

Култура2 часа

(Видео) Охридското лето се отвори, и уметноста прозборе – музиката и мајчинството во хармонија на Античкиот театар

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, синоќа величествено беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ со...

Топ3 часа

Семејна драма во Прилеп, убиени малолетно дете и неговиот татко, напаѓачот си пресудил сам

Во семејна трагедија што се случи синоќа во прилепската населба Точила, животот го загубија три лица, меѓу кои и едно...

Македонија4 часа

Македонија под топлотен бран, температурите до 38 степени

Македонија денеска е под влијание на топол воздушен бран што носи високи температури и претежно сончево време. Според Управата за...

Македонија17 часа

Ангелов: Најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори...

Македонија22 часа

Обезбедување од МВР ќе ја чува Данела Арсовска 24 часа

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка...

Македонија22 часа

ОЈО сомничи двајца за насилство врз градоначалничката Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја...

Македонија24 часа

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товор на Фондот за здравствено осигурување...

Македонија1 ден

Пожарникарите се бореа со огнови на 38 места во државава, 30 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30...

Македонија1 ден

Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д....

Македонија2 дена

„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска. „Она што ѝ...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи. Во објавата на социјалните...

Македонија2 дена

(Видео) „Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка“: Арсовска обвини дека МВР функционира во одбрана на криминалци

Градоначалничката Данела Арсовска се огласи преку социјалните мрежи, откако излезе од полициската станица, по денешниот напад врз неа. „Штотуку излеговме...

Македонија2 дена

Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, повика на итна одговорност и поведување постапка против насилниците кои денеска брутално...

Македонија2 дена

„Истрага за полициските службеници што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска“, бара Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ со осуда за нападот на Арсовска: Тоа е срам за државата и порака до сите граѓани дека ако зборуваат за криминал и неправда, ќе бидат замолчени со сила

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Овој брутален напад е последица на...

Македонија2 дена

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: побарала лекарска помош

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска е физички нападната при извршување работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени...

Македонија2 дена

Сторителот од Батинци е идентификуван, но е во бегство, соопшти ОЈО

Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во Батинци, каде што денеска се случил трагичен инцидент. Од Обвинителството...

Регион2 дена

Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора...