Книги
„Вечниот син“ од Кристовао Теза на македонски јазик

Издавачката куќа „Икона“ соопшти дека неодамна го објави романот „Вечниот син“ од бразилски автор Кристовао Теза, за која ги доби наградите Жибути, наградата на Португалскиот Телеком и престижната Сао Паоло награда за литература која подразбира и парична добивка од околу 100.000 долари.
Издавачката куќа „Икона“ соопшти дека неодамна го објави романот „Вечниот син“ од бразилски автор Кристовао Теза, за која ги доби наградите Жибути, наградата на Португалскиот Телеком и престижната Сао Паоло награда за литература која подразбира и парична добивка од околу 100.000 долари.
„Вечниот син“ е искрена автобиографска новела од писател кој има дете родено со Даунов синдром. Кристовао Теза, еден од најистакнатите современи писатели од Бразил, го опишува искуството од првичниот шок кога ја дознал дијагнозата, трудот да го разбере светот на болниците и терапиите, притоа испреплетувајќи ја приказната за животот на неговиот син Фелипе со сопствената животна приказна. „Фелипе, кој живее во вечна сегашност, станува извонреден млад човек; за Теза, сепак, приказната е намирување на сметките со самиот себе и неговите ограничувања и, конечно, до помирувањето со возвишените ирониии и арбитрарности на животот. Тој се бори со фантомот на срамот, со состојбата на неговиот син која како да е негативен показател на неговата вредност, и копнее по “нормален “ свет кој секогаш му е надвор од дофат. Читајќи ја оваа привлечна книга е како да се сопнуваш од некоја дупка и влегуваш во умот на писателот, каде што ништо не е цензурирано, и сè постојано се испитува и реинтерпретира. Резултатот е – тешко стекната филозофија на секојдневниот живот“, велат од „Икона“ за книгата. “Сан Хералд“ за книгата пишува – Бразилскиот автор Теза применува непоколеблива искреност и писателска љубопитност во приказната за неговото постепено прифаќање на сопствениот син. Неверојатна приказна за татко кој, сепак, наоѓа понизност.Романот на македонски јазик го преведе Димитар Симоновски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги
Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.
Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.
Книги
Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.
Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.
Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.
Книги
МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.
Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).
Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).
Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.
Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).
Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).
Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).