Контакт

Манифестации

Почнува фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Објавено пред

Фестивалот на фолклорни игри и песни „Илинденски денови“, во организација на Центарот за култура – Битола, свечено ќе биде отворен во вторник вечер, а ќе трае до 1-ви август.

dobivaj vesti na viber

Свеченото отворање на 44-тото издание на Фестивалот, на кое присутните ќе може да уживаат во традиционална музика и игра, ќе се одржи на Ракометното игралиште со почеток во 20 часот. 

„Илинденски денови“ е еден од најстарите фестивали во државата и од година во година сé повеќе расте во квалитет и квантитет.

Организаторите најавија дека во четирите фестивалски вечери публиката ќе има можност да го види најдоброто од македонскиот фолклор, староградската традиција од нашата држава и силни интернационални групи кои доаѓаат од Холандија, Унгарија, Хрватска, Грузија, Словенија. Ексклузивен гостин е фолклорниот ансамбл „Кумагаја“ од Јапонија. 

На свеченото отворање му претходи традиционалното дефиле „Со песни и игри низ битолските улици“ кое ќе започне од Саат Кулата во Битола во 18 часот. Најмногу интерес предизвикува Интернационалната вечер, на која ќе настапат ансамбли од Холандија, Кипар, Грузија и Јапонија. Таа ќе се одржи на античкиот локалитет Хераклеа, на 1-ви август со почеток во 20 часот. 

Во рамките на фестивалот во Битола ќе бидат одржани и манифестациите „Ехо од дамарите“, „На пладне во чаршија“, „Оро на Широк Сокак“, семинар за традиционална музика и игра и промоција на книгата „Македонските празници и обичаи“ од авторот Марко Китевски. 

Фестивалот ќе биде затворен со концерт на Драган Даутовски.крај/мф/сд

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет6 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет7 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија9 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија10 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет11 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет12 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет13 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет13 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет14 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет17 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија19 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет21 час

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет22 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет1 ден

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 ден

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...