Контакт

Манифестации

Саем на книгата во Штип

Објавено пред

По повод јубилејот, дваесет и пет години од основањето на „Матица македонска“, од  9 до 13 март годинава, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, оваа издавачка куќа ќе организира Саемски денови на македонската книга.

На љубителите на книгата од овој универзитетски град ќе им биде понуден широк спектар на изданија од повеќегодишната богата продукција на Матица. Ќе бидат организирани промотивни активности на дел од истакнати македонски писатели  со нивните најновите дела: Ристо Лазаров, Трајче Кацаров, Борче Панов, Доне Донев, Благој Самоников и др. Со организирањето на овој културен настан,„Матица македонска“ во соработка со Домот на културата, библиотеката „Гоце Делчев“ и книжарницата „Мист“ од Штип ја продолжува традицијата за приближување на македонската книга до читателите во нашата татковина.Саемот на книгата ќе го отвори градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, а во чест на оваа манифестација со свои стихови ќе настапат десетина истакнати македонски писатели./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почнува 46. издание на Млад отворен театар

Објавено пред

Фестивалот Mлад отворен театар почнува вечерва во МНТ каде со почеток од 20 часот ќе биде изведена „Како крајот и да не е сосема блиску“ – екпериментална претстава на Битеф театар од Србија, во режија на Никола Зависиќ, инспирирана од суптилните поместувања на светот, односите и човечката интеракција во дигиталната реалност, обидот за измислување некои нови облици на соживот и заедништвото на човекот и машината во најинтензивните времиња што досега сме ги искусиле.

Публиката, составена од пет луѓе, ќе може да доживее виртуелно патување низ можните нови светови околу и во нас самите.

Низ интерактивна игра на моменталното заедништво, кое се воспоставува во микроструктурата на театарскиот чин, на публиката ѝ се дава можност истовремено да биде изведувач, гледач и да го бира аголот на гледање. Користејќи ја виртуелната реалност, аудиовизуелните инсталации и текстот, односно гласот што повикува на учество, овој чин станува повик на барем и мала, незабележлива лична револуција.

Претставата ќе има повеќе изведби од 18 до 21 ноември, во следните термини:

• 18.11 – од 20 и 22 часот
• 19.11 – од 14, 16, 18 и 20 часот
• 20 – 21.11 – од 12, 14, 16, 18 и 20 часот

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари.

Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.

Прикажи повеќе...

Култура

46. издание на Млад отворен театар ќе се одржи во два блока

Објавено пред

Со огромно задоволство тимот на МКЦ го најавува 46-тото издание на Млад отворен театар – МОТ, во два блока – од 18 до 26 ноември и од 2 до 7 декември, изведби во живо, односно целосно физичко издание на фестивалот со програма од 26 внимателно селектирани претстави.

„Ова издание на МОТ е особен предизвик бидејќи се обидуваме да го зачуваме духот на еден од најстарите меѓународни театарски фестивал во регионот во овие несигурни времиња кога многу фестивали се принудени да ги откажуваат своите активности, а самите театри се борат да ги одржуваат своите редовни репертоари. Ние одлучивме храбро да го правиме 46-от МОТ, и тоа во два блока: првиот посветен на меѓународна програма, во која ни гостуваат претстави од Австрија, Словенија, Бугарија, Турција, Србија и Хрватска и, вториот на домашната независна продукција“, изјави Русе Арсов во име на тимот на МКЦ.

Фестивалската програма почнува на 18 ноември во МНТ со „Како крајот и да не е сосема блиску“ – екпериментална претстава на Театар „Битеф“, инспирирана од суптилните поместувања на светот, односите и човечката интеракција во дигиталната реалност. Претстава во која нема актери, а публиката може да биде изведувач, гледач и да го избира аголот на гледање.

Куриозитет на ова издание е што ќе имаме можност да одгледаме три изведби на расказите на Румена Бужаровска, „Мојот маж“, кој одамна ги надмина границите на нашата земја, а речиси истовремено среде пандемија се поставувше на три сцени: Југословенското драмско позориште, Белград (СРБ), Словенечкото народно гледалишче, Љубљана (СЛО) и во Драмскиот театар во Скопје.

Трите режисерки, Јована Томиќ, Ивана Ѓилас и Нела Витошевиќ, првпат ќе имаат можност да се сретнат на панел-дискусија во рамките на МОТ.

Отстапивме простор за три продукции курирани од нашите долгогодишен соработник „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“, а ќе ги гледаме и „Скопје танцовиот театар“ со „Искричаво“, Турскиот театар „Вишновата градина“ и копродукциите на Македонскиот народен театар со претставите на Ѓорѓи Јолевски – „Последната лента на Крап“ и македонската премиера на „Нема да биде крај на светот“ – копродукциски проект со САРТР од Сараево, БиХ, во режија на Нина Николиќ.

Задоволство е да се биде домаќин и на ансамблот на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со „Глембаеви“ на Бранко Брезовац и Народниот театар Битола и претставата History of motherfuckers на Андраш Урбан.

МОТ ќе биде домаќин и на австриската продукција Theater am Lend со претставата „Кабли“, во која учествуваат и двајца македонски автори – Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, а при крај на првиот блок се гледаме со Словенечкото младинско гледалишче (СЛО) и нивната „Уметноста е орман“ во режија на Иван Петернељ.

Вториот дел од МОТ почнува на 2 декември и во него го гледаме одразот на незвисната домашна продукција, која во периодот на пандемија се покажа како исклучително активна и токму затоа го заслужува вниманието и овој мотовски репертоар.

Ќе ги гледаме претставите на Лука Кортина – „Дневна доза мазохизам“, Сибел Абдиу – „Модиљани“, Ангела Стојановска со „Срам“, Борис Василески – „Вистинскиот запад“, Нела Витошевиќ – „Работи за кои не зборуваме“, Јован Ристовски – „Три“, Ана Батева – „Шапка, анус, чоколадо и уште нешто“, Пандорината кутија: Наследството на ќерката на Ришард Ниечим, „Мајсторот за спомени“ на Јане Спасиќ, „ПодГотвено“ на Дејан Спасовиќ, „Имагинарен, ти“ на Блерим Дардишта и „Јовано, Јованке“ на Јована Зајкова и Бобан Русески.

46-тиот Млад отворен театар ќе се одржи на шест сцени, Младинскиот културен центар (сала „25 Мај“ и сала „Фросина“), Драмскиот театар, Театар „Комедија“, МНТ и Домот на АРМ.

Повеќе информации за целата програма и распоред на www.mot.mk и www.mkc.mk. Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Тие ќе бидат достапни преку www.bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ од 15 ноември (понеделник).

Сите настани ќе се одржуваат според важечките протоколи за одржување настани. Сепак, тимот на МОТ го задржува правото на измени во програмата за што навремено ќе биде известена јавноста.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Јубилејниот 40. Скопски џез фестивал од 22 до 24 октомври

Објавено пред

Годинешниот 40. Скопски џез фестивал ќе се одржи од 20 до 24 октомври. Единаесет познати изведувачки имиња од САД, Куба, Европа и Македонија ќе одржат концерти во живо во салите на Националната опера и балет и Младинскиот културен центар.

Фестивалот ќе го отвори супер-херојот на скандинавската џез сцена Матс Густафсон со свој специјален соло рецитал на саксофони. Од САД ни доаѓа квартетот на новата голема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О, како и култната музичарка, поетеса, активистка и ем-си Мур Мадер, во придружба на легендарниот перкусионист од „Арт ансамбл оф Чикаго“ Дуду Којате и Матс Густафсон.

Од Данска, САД и Шпанија ни гостува квартетот на извонредниот гитарист Јакоб Бро, од Португалија многубројниот Лисабонскиот андерграунд музички ансамбл Л.У.М.Е., од Грција триото на исклучителната џез-пијанистка Тања Џанули, а од Австрија експлозивните Шејк Сту.

Еден од ексклузивитетите на јубилејното издание на Скопскиот џез фестивал е специјалниот проект „Ну Мјузик 4“ посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов. Фестивалот ќе го заокружи концертот на славниот кубански пијанист Роберто Фонсека и неговото трио.

Придружната програма на фестивалот годинава опфаќа изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал под наслов Complicate Simply!, потоа премиерно прикажување на две значајни документарни филмски остварувања: Aretha Franklin: Amazing Grace  и Blue Note: Beyond the Notes, како и настап на најпознатиот албански џез-состав во моментов – AJS Quartet.

Во рамките на фестивалот ќе бидат промовирани две нови ЦД-изданија на SJF Records – најновите албумски објави на Јордан Костов ансамбл и Светлост + одрон ритуал оркестра, а ќе биде доделена и веќе традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 минути

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „ Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за...

Регион1 час

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет2 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион2 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија2 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет6 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија6 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија8 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија9 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион9 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија9 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа10 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет10 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа11 час

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа12 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет23 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет1 ден

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет1 ден

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа1 ден

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија1 ден

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Досие