Сцена
‘Кралот на лавовите' највносната бродвејска претстава во 2013-та
Дизниевиот мјузикл „Кралот на лавовите“, кој веќе 16 години се прикажува во „Minskoff Theatre“ на Бродвеј е прогласена за највносната претстава и во 2013 година со заработка од речиси 97 милиони американски долари во текот на штотуку изминатата година.
Мјузиклот „Кралот на лавовите“ е во режија на Џули Тејмор, на музика на Елтон Џон и текст на Тим Рајс во кој актерите се појавуваат во костуми на животни, а вклучени се и големи кукли.
Првпат овој мјузикл е прикажан на 8-ми јули 1997 година во Минеаполис во американската сојузна држава Минесота во театарот „Orpheum“ забележувајќи голем успех уште пред премиерното прикажување на Бродвеј во „New Amsterdam Theater“ на 15-ти октомври 1997 година каде официјалната премиера ја имаше на 15-ти октомври истата година. Од 13-ти јуни 2006 година, мјузиклот се сели во „Minskoff Theatre“, отсстапувајќи го своето месо на друг голем хит „Мери Попинс“.
„Кралот на лавовите“ во „Minskoff Theatre“ се прикажува од сезоната 2006 година. Таа е највносната бродвејска претстава на сите времиња и првиот бродвејски шоу кој од поставување на сцената и почетокот на прикажувањето заработил повеќе од милијарда американски долари.
Од овој мјузикл во продукција на студијата „Disney“, односно „Disney Theatrical“, на Бродвеј подолго се прикажуваат само „Чикаго“, „Мачки“ и „Фантом во операта“. Успехот на „Кралот на лавовите“ е посебно значаен имајќи го предвид фактот дека на Бродвеј се наоѓаат пет поголеми театри од „Minskoff Theatre“. Претставата се прикажува и во Лондон, во „Lyceum Theatre“ од 1999 година досега.
Втор според заработката во изминатите дванаесет месеци бил мјузиклот „The Book of Mormon“ со заработени 90,4 милиони долари, а претставата „Волшебникот од Оз“ којашто се прикажува десетта година по ред е првиот бродвејски мјузикл кој заработил три милиона долари во само една седмица.
Според податоците на Broadway League, американското национално еснафско здружени за бродвејската театарска продукција, во 2013 година е забележана поголема побарувачка за влезници за претставите, како и поголем интерес за претставите како и за воведување на луксузните седишта во театрите.
Broadway League, исто така, објави дека рекордна заработка до влезници во текот на 2013 година постигнал мјузиклот „Kinky Boots“ добитник на наградата Тони, како и претставата „Betrayal“ според текст на славниот Харолд Пинтер во којашто глумеа Деаниле Крејг и оскаровката Рејчел Вајс./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел.
Во рамки на посетата Николоски ќе учествува на настанот “Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и еконoмска граница на Европа” организирана од страна на “Пријатели на Европа” каде ќе има и свое обраќање. На панел дискусијата посветена на проширување на Европската Унија, покрај вицепремиерот Николоски, свое обраќање ќе имаат и Еди Рама, премиер на Албанија, Ана Брнабиќ претседател на Националното Собрание на Србија, Кристина Герасимов вицепремиер за европска интеграција на Молдавија и Герт Јан Купман, Генерален директор за источно соседство и проширување на Европската Комисија.
Николоски во петок ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница. На состанокот на кој ќе претседава Комесарот за одржлив транспорт на Европската Комисија, Апостолис Цицикостас, ќе се разговара за напредокот на земјите од Западен Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурни проекти.
На министерскиот совет, вицепремиерот Николоски ќе говори за транспортните политики на Македонија, напредокот и реализација на проектите на европските транспортни Коридор 8 и 10 и 10 -д, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан.
На министерскиот совет ќе присуствуваат министри за транспорт и владини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.
Исто така предвидени се и значајни средби со претставници од Европската Комисија.
Култура
Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023
Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
- Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
- Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
- Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Култура
Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора
Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.
Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.
Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.
„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.
ПР

