Контакт

Сцена

Десетгодишнина од детскиот хор „Ѕвончиња“

Објавено пред

Во недела, со почеток во 18 часот во Центарот за култура во Битола ќе се одржи големиот роденденски концерт по повод 10 години од постоењето на детскиот хор „Ѕвончиња“ од Битола, под наслов „Низ душата на македонската песна со ангелските гласови на ѕвончињата“.
 

dobivaj vesti na viber

Во недела, со почеток во 18 часот во Центарот за култура во Битола ќе се одржи големиот роденденски концерт по повод 10 години од постоењето на детскиот хор „Ѕвончиња“ од Битола, под наслов „Низ душата на македонската песна со ангелските гласови на ѕвончињата“.

 

На концертот ќе настапат детскиот хор „Ѕвончиња“, Teen „Ѕвончиња“, вокалната група „Мелодиум“, како и Преспанските „Ѕвончиња“. Специјални гости на концертот ќе бидат учениците од школата за хармоника на проф. Кирил Стојчевски, КУД Илинден и вокалната солистка Стефанија, кои заедно со децата и нивните ангелски гласови ќе Ви ја пренесат љубовта кон македонската песна и ќе ви ја распејат душата Овој голем музички спектакл, кој освен одбележување на годишнина од постоењето на детскиот хор „Ѕвончиња“, ќе ја задржи хуманата димензија како и во минатото, под водство на уметничкиот раководител проф. Марина Коруновска, професор по соло пеење во Музичкото училиште во Битола и нејзината асистентка Андријана Думевска.Детскиот хор „Ѕвончиња“почетокот започна со 20-тина деца, а денес работат 3 групи Ѕвончиња 1 и 2, како и Teen Ѕвончиња, поделени според возраста, а поголемите некогашни ѕвончиња, денес средношколци или ученици од повисоките основни одделенија, се дел од Мелодиум.

Досега во три наврати, ѕвончињата одржале хуманитарни концерти под наслов Пееме до ѕвездите. Во духот на хуманата мисија на Тоше Проески, децата со негови песни од овие концерти обезбедија средства за набавка на медицински апарати за болните дечиња во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, претходно за инструмент (пијанино) во музичкото училиште и пред три години средства за живеалиштето на нилското коњче во битолската зоолошка градина.

Освен по својата хуманост, детскиот хор Ѕвончиња е препознатлив по многуте настапи во земјава и надвор од неа, а во 2013 Во присуство на 700 учесници од сите земји во светот, Детскиот хор „Ѕвончиња“ во бугарскиот град Созопол ја освои 1-вата награда во категоријата на Класична музика, а членката на овој хор Магдалена Кочоска исто така ја освои 1-вата награда во категоријата Естраден вокал./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата Николоски ќе учествува на настанот “Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и еконoмска граница на Европа” организирана од страна на “Пријатели на Европа” каде ќе има и свое обраќање. На панел дискусијата посветена на проширување на Европската Унија, покрај вицепремиерот Николоски, свое обраќање ќе имаат и Еди Рама, премиер на Албанија, Ана Брнабиќ претседател на Националното Собрание на Србија, Кристина Герасимов вицепремиер за европска интеграција на Молдавија и Герт Јан Купман, Генерален директор за источно соседство и проширување на Европската Комисија.

Николоски во петок ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница. На состанокот на кој ќе претседава Комесарот за одржлив транспорт на Европската Комисија, Апостолис Цицикостас, ќе се разговара за напредокот на земјите од Западен Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурни проекти.

На министерскиот совет, вицепремиерот Николоски ќе говори за транспортните политики на Македонија, напредокот и реализација на проектите на европските транспортни Коридор 8 и 10 и 10 -д, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан.

На министерскиот совет ќе присуствуваат министри за транспорт и владини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.

Исто така предвидени се и значајни средби со претставници од Европската Комисија.

Прикажи повеќе...

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење на радијација од нуклеарната централа Чернобил мора итно да се поправи откако беше...

Македонија8 часа

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде...

Македонија8 часа

Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните...

Македонија9 часа

Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“. „Утрово,...

Македонија9 часа

Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија...

Македонија10 часа

(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра

Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери...

Македонија1 ден

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира по објавите на британските медиуми и СДСМ дека Владата подготвува договор со Обединетото Кралство за отворање центар...

Македонија1 ден

Британски медиуми објавија дека се преговара со Македонија за отворање центар за мигранти, СДСМ ја повика Владата да ја објави содржината на разговорите

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја повика Владата веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори...

Македонија1 ден

Никаде го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме, прекршочна постапка за Општина Струга

Полицијата поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Општина Струга и уште едно физичко лице затоа што на денот на...

Македонија1 ден

Поранешните премиери се скараа на „Фејсбук“: Груевски вели дека Заев е дволичен, тој му одговори дека треба да си најде хоби, а не да пишува епопеи од бегство

Поранешните премиери Никола Груевски и Зоран Заев со обвинувања преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Груевски го нарече Заев дволичен, а тој...

Македонија1 ден

Од 1 јануари се намалува надоместокот за дистрибуција на струјата, останува ЕВН да ги објави финалните цени

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем „Електродистрибуција“ ДООЕЛ се намалува 3,64 %, надоместокот за користење...

Македонија1 ден

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита...

Македонија1 ден

Кривична против директорка на средно училиште во Делчево: набавила фалсификуван тест за познавање аглиски јазик од Бугарија

СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи...

Македонија1 ден

(Видео) „Корупцијата на власта оди до Брисел“, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши,...

Регион2 дена

Во Грција поплавени патиштата поради бурата, а училиштата во делови од земјата затворени

Бурата „Бајрон“, која ја погоди Грција, предизвика затворање на многу училишта, поплавени патишта и затворање на автопатот Атина-Коринт. Рано утрово,...

Европа2 дена

(Видео) Украина погоди руско пристаниште и рафинерија за нафта во напади со дронови

Украинските беспилотни летала извршија напади врз клучни руски енергетски објекти синоќа, погодувајќи го морското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај и...

Европа2 дена

Маж во Австрија ја оставил девојката на планина, таа замрзнала до смрт: обвинет за убиство

Маж (36) се соочува со обвиненија за убиство од небрежност откако ја оставил својата девојка (33) да замрзне до смрт...

Свет2 дена

Путин: Подготвен сум за војна со Европа; Америка: Ќе бидете добро со помалку наши војници

Намалувањето на бројот на американски војници во Европа нема да ја загрози одбраната на континентот, изјави во вторник врховниот командант...

Свет2 дена

Медиумите: Дронови забележани во близина на рутата на летот на Зеленски на пат кон Даблин

Ирската морнарица забележала околу пет дронови кои дејствувале во близина на рутата на летот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за...

Свет2 дена

Трамп сакаше да отпушти 250 вработени во Стејт департментот, судот ја блокира неговата одлука

Одлуката на американското Министерство за надворешни работи за отпуштање на околу 250 вработени беше блокирана на суд во четврток, што...