Контакт

Настани

Две премиери за одбележување 10 години од постоењето на МДС

Објавено пред

„Ако се фајчаш, фати се за….“ и „Бубамарите“ се двете претстави кои премиерно ќе ги прикаже Младинското драмско студио „Тетар Чин 4 сцена 5“ по повод 10 години од постоењето.

dobivaj vesti na viber

„Ако се фаќаш, фати се за…,, МДС премиерно ќе ја прикаже на 15 ноември. Се работи за водвиљ претстава –комедија, која е своевидна локализирана адаптација на комедијата ,,Оскар,, од францускиот комедиограф Клод Мание.

„Дејството на оваа, адаптирана комедија, за што адаптацијата ја направи Коле Ангеловски, се случува тука во нашиот град. Незгодите што му се случуваат на главниот лик, Трајко, кој е сопственик на пиварница, се фокусот околу кој ќе се одвиваат настаните на сцената. Се започнува со едноставно недоразбирање, за потоа да се случи општиот хаос во домот на Трајко“, велат од МДС:

Во претставата играат Кире Најдоски, Бобан Смилкоски, Евгенија Јакимоска, Надица Дојкоска, Сара Спиркоска, Анастасија Конеска, Давор Петровиќ, Елена Соколоска, Виктор Мирчески и стефан Спироски.

„Бубамарите“ е комедија работена по текстот од англискиот автор Тони Лејтон. Текстот првпат се поставува во Македонија, а е добитник на многу награди.

„Уникатен е, со специфичен начин на хумор, а обработува интересни теми како што се стереотипите и предрасудите кон повозрасната популација. Селската театарска трупа на Горно Сливово ги изгуби сите мажи. Трупата е пред распаѓање, кога една млада режисерка, Франческа Дел Марко и нуди помош. Ги убедува членовите на трупата да се пријават на фестивал со претстава која самата ја напишала. Но, драмата на Франческа е контроверзна и ,,моралните,, власти се обидуваат да ја спречат претставата. На сцената ќе се види Дали ќе успеат во тоа?“, потенцираат од МДС.

Во оваа претстава играт Елена Соколоска, Марија Димеска, Валерија Чавлеска, Ева Тумановска, Ева Димоска, Викторија Цветаноска, Михаела Насеска, Евгенија јакимоска и сара Спиркоска.

Премиерата е закажана за 23 ноември.

И кога се спомнуваат 10 години од постоењето на МДС, кое работи под патронат на Центарот за култура, тогаш треба да се каже дека зад студиото се бројни претстави, а пак, моментално работи и училиштето за театар во кое тајните на театарската ументост ги совладуваат ученици на возраст од 6 до 25 години. /крај/со/ст

Култура

Нашата држава секогаш ќе го негува споменот на Тоше, рече Љутков од Крушево

Објавено пред

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево градот каде со пригодна програма под наслов „Ангел си ти” се одбележува 44. роденден на Тоше, на човекот кој со својата музика, љубов, добрина и хуманост го освои срцето на целиот Балкан.

dobivaj vesti na viber

„Денес, на 25 јануари, се сеќаваме на Тоше Проески, кој иако физички не е повеќе со нас, неговиот дух продолжува да живее во песните, спомените и љубовта што тој ги остави зад себе. Затоа во чест и слава на Тоше, токму на овој ден сум во неговото родно Крушево, го посетив семејството и положив свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, а ја посетив и Спомен куќата подигната во негова чест”, рече министерот Љутков.

Љутков истакна дека „Нашата држава секогаш ќе ја негува почитта кон Тоше, што се потврдува и со фактот дека Владата, од Буџетот издвои средства и за поддршка на иницијативата на Македонската радио-телевизија да снима игран филм, документарен филм и ТВ-серија во неколку продолженија за животот, делото и мисијата на нашата најголема музичка поп-ѕвезда”.

Според Љутков споменот на Тоше, кој ги обединуваше луѓето со својата музика продолжува да инспирира нови генерации, и преку неговите песни, засекогаш живее во нашите срца.

Македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.

Прикажи повеќе...

Култура

Театар „Пи“ со голема кампања за вклучување на лица со посебни потреби како и лица со типичен и атипичен развој во културата, „Ние, луѓето“

Објавено пред

Во период од Јануари 2023 до мај 2024 во Скопје Театарот „Пи“ предводен од актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска спроведуваат проект кампања за вклучување на лица со интелектуална попреченост во културата со наслов НИЕ, ЛУЃЕТО.

dobivaj vesti na viber

Театар „Пи“, создаден пред 13 години, е единствен театар на Балканот кој континуирано работи со лица со интелектуална попреченост и лица со типичен развој, основан и предводен од актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска. Златко и Македонка постепено успеале да создадат екипа од перформери со кои низ различни методи и работилници создаваат авторски театар, изложби и концерти.

„Ние, луѓето“ е мултимедијален концепт со кој низ главно театарски, но и фотографски, сценографски, музички и психолошки работилници кои ги водат едукатори- професионалци во својата област, учесниците со типичен и атипичен развој ќе поминат низ целосен процес на создавање на комплетно театарско дело. На 4 ноември од 19 часот во Центарот за култура во Ѓорче Петров 2023 ќе се реализира концерт и изложба на фотографии, а потоа изложбата од 06.11. до 11.11 2023 се префрла во Национална галерија на Македонија- Мала станица, а во мај 2024 ќе имаат премиера на истоимената театарска престава. Темата е инспирација од писателот Јордан Радичков, а проектот е финансиран со средства од Бугарска развојна помош.

Освен проектот „Ние, луѓето“ паралелно работат и на театарска престава со наслов „Далеку од нас“, која е инспирирана од книгата на Ендрју Соломон „Далеку од дрвото“, кој ги раскажува приказните за лица со типичен и атипичен развој и нивните родители кои не само што учат да се справуваат со своите исклучителни деца, туку и наоѓаат длабока смисла во тоа. Сакаме да поставиме едно основно прашање до околната средина: До кој степен луѓето треба да ги прифатат своите деца такви какви што се и до кој степен треба да им помогнат да станат најдоброто јас.

Работиме авторски театар кој подразбира процес на работа низ кој сите заедно избираме актуелна тема која не засега која ја обработуваме и низ која создаваме уникатни сцени од кои правиме целосна театарска претстава. Претстави за возрасни, а играни од деца. Низ процесот споделуваме лични проблеми и табу теми бидејќи театарот ни овозмозува да бидеме свои, слободни, да се самоосознаваме, преоткриваме, подобро да ги разбираме проблемите, да биеме по емпатични итн. Театарот нè прави подобри луѓе. Алатките кои ги користиме се комбинација од различни методи во зависност од моменталната потреба и индивидуалноста на секој актер, од документарен театар, форум театар, имиџ театар (image theatre) сè до физички театар и др.

Театар Пи гостуваше на Софискиот Фестивал на авторски театар – ФАТ 2022 со претставата „Ништо не е страшно” и освоија две награди во голема конкуренција на професионални театри како „Сатиричниот театар Софија“ , Театар 199, VOX POPULI, Театар Драмеди и други. Правата награда е за најдобра режија за Златко Митрески и Македонка Илиевска за претставата „Ништо не е страшно“, а втората за синергија за актерска игра за истата претстава. ФАТ е еден од најавтентичните фестивали за авторски театар на Балканов кој се одржува во Регионалниот центар за современа уметност „Топлоцентрала“ во Софија и е во организација на здружение „Творци“ и

Театар „Драмеди“. Истата година освоија Гран При за најдобра претстава на ДАФ Кочани. Во претставата учествуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје и лица со типичен и атипичен развој.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет25 минути

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет5 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет6 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија7 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет7 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет8 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет9 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија23 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија1 ден

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија1 ден

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ1 ден

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија1 ден

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет1 ден

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија1 ден

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија1 ден

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион1 ден

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет1 ден

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...