Контакт

Сцена

„Класен непријател“ премиерно во велешкиот театар

Објавено пред

На малата сцена на Театарот „Јордан Х.К.-Џинот“ во Велес во сабота вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Класен непријател“ од Најџел Вилијамс во режија на Теа Беговска.

dobivaj vesti na viber

Како што појасни уметничкиот директор Васил Зафирчев, станува збор за познат драмски текст во светот кој ја третира социјалата помеѓу луѓето не само во класна, туку и во животна и човечка смисла. „Станува збор за еден многу ангажиран драмски автор актуелен   за современите значења и толкувања на општествено политичката стварност, не само на Балканот, туку и во Европа и светот“, вели Зафирчев. Младата режисерка Теа Беговска рече дека главното прашање кое го поставува оваа претстава е што е знаењето и колку тоа може да го поправи овој  свет. „Јас дадов слика на нашиот општествен систем акцентирајќи ги раскажувањата на ликовите и нивните тажни судбини, нивните „предавања“ кои се одбранбен механизам против овој општествен механизам“, рече Беговска. Во претставата, која е четврта премиера од годишната програма на театарот,  настапува скоро целокупниот театарски ансамбл, а позначајните улоги ги толкуваат Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски, Талија Настова, Марија Стефановска и Александар Велјановски. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Александра Крнинова Груев, а автор на музиката е Енес Беговски./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Објавено пред

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа...

Македонија2 часа

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина...

Македонија2 часа

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите....

Македонија3 часа

Владата со бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и ја...

Македонија4 часа

Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат пациентите од дискотеката во Кочани е загрижувачки, смета Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат...

Македонија5 часа

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе...

Македонија7 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска, од 5 часот, полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за...

Европа7 часа

(Видео/фото) Масивен руски напад со дронови врз Киев, Харков и Одеса

Руските сили ја нападнаа Украина со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што најтешко се погодени Харков, Одеса и Киев,...

Македонија7 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови...

Свет7 часа

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што...

Македонија8 часа

(Видео) Три хеликоптери го гаснат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Свет8 часа

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот...

Свет9 часа

Трамп: Тажно е да се гледа како Илон целосно ја губи контролата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите...

Свет9 часа

(Видео) 80 мртви во поплавите во САД, меѓу нив и 28 деца: потрагата по исчезнатите продолжува

Бројот на жртви од катастрофалните поплави што го погодија централниот дел од Тексас рано утрово се искачи на најмалку 80,...

Македонија9 часа

(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлено догорче од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило...

Македонија10 часа

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница во Бардовци, нема причина за загриженост, велат од Министерството за здравство

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја...

Македонија10 часа

(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање...

Македонија15 часа

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите....

Македонија19 часа

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои...