Контакт

Сцена

Концерт на Мухамед Ибрахими на „Скопско лето“

Објавено пред

На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан во петок вечер концерт ќе одржи Мухамед Ибрахими на гитара, во придружба на Џоле Максимовски (бас) и Ратко Даутовски (перкусии), а во рамки на културната манифестација „Скопско лето“.

Мухамед Ибрахими е композитор и мултиинструменталист на жичани инструменти од Скопје. Неговиот деби албум „Fly” излезе во јануари 2014 за скопската независна продукција „ПМГ Рекордингс“ и може бесплатно да се симне на нивната веб-страница. 

„Својот инструмент (гитара, мандолина, саз) Ибрахими го третира на мошне неконвенционален начин, длабоко интуитивно и широко инспиративно. Неговите композиции се автентичен микс од различни музички стилови, мириси и созвучја. Рок, блуз, амбиент, кои се длабоко вкоренети во ориенталната (суфи), но и балканска (албанска, македонска) фолклорна традиција. Оваа храбра и елегантна комбинација, често доловува неочекувани резултати во прекрасен и уникатен звучен свет“, соопшти Дирекцијата за култура и уметност, организатор на „Скопско лето“. 

Басистот и композитор Џоле Максимовски на музичката сцена е повеќе од 20 години. Член на „Архангел“ од 1998 до 2006 година. Од 2000 година свири во „Влатко Стефановски Трио“. Соработувал и снимал со Гарбет Тавитјан, Јан Акерман, Теаодосиј Спасов, Стефан Миленковиќ, Дамир Имери, Мугер Фугер, Чиста околина, Никола Коџобашија и Алшар.  Во моментов работи на својот нов албум со својот авторски бенд „Кабадајас“. Во 2013 година е дел од групата „Темпера“ со која оваа година го промовираше албумот „Играј“. 

Ратко Даутовски е еден од најактивните македонски перкусионисти, кој од најрана возраст целосно е посветен на истражувањето на богатата мелоритмичка структура, пред сé, на македонската традиционална музика. Покрај редовното музичко образование на ФМУ, добивал континуирана обука од неговиот татко, проф. д-р Драган Даутовски. Ратко Даутовски  од 1999 е редовен член на „Драган Даутовски квартет“. Има настапувано во многу земји и соработува со многу светски музичари и ансамбли. Како автор и изведувач, учествува и во голем број театарски и филмски проекти.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Танец“ добива нов дом

Објавено пред

На иницијатива на директорот на Н.У. „Танец“, Мартин Вучиќ, на 72. владина седница одржана на 23 јуни, беше разгледано и одобрено поднесеното барање на институцијата за ново урбанистичко-архитектонско решение за нов дом на една од најстарите културни институции во државата, проект врз кој раководството на „Танец“ работеше интензивно во изминатиот пандемиски период.

Владата го разгледа барањето и го задолжи Министерството за култура да предложи соодветно решение до Владата за проблемот со кој се соочува Националната установа Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“.

Со тоа, конечно, после 7 децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност. Од „Танец“ велат дека ова е прв пат, некоја влада да има слух за значајната улога на адекватните просторни услови во целокупниот раст и натамошен развој на најголемиот амбасадор на македонското фолклорно богатство и македонската култура.

Прикажи повеќе...

Култура

И овој петок Театар „Комедија“ продолжува со содржини од вонредната сцена

Објавено пред

НУ Театар „Комедија“ и оваа седмица продолжува со своите предвидени активности од вонредната сцена.

Од управата на Театарот најавуваат нова содржина за овој петок – овој пат на сцената ќе застанат петмина актери, кои, распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката.

Вклучувањето во живо е закажано в петок, со почеток во 20:.30 часот, од сцената во дворот на театарот. Актерите, техниката и управата се подготвуваат интезивно оваа седмица.

Публиката ќе може да ужива во настапите на актерите Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели.

Прикажи повеќе...

концерти

(Видео) „Europe Shine a Light” наместо откажаното финале на Евросонг

Објавено пред

Вечерва наместо финале на „Песна на Евровизија“, првпат од Ротердама оди директно специјално музичко издание во кое учествуваат овогодишните кандидати и победници на претходните изданија на Евросонг.

Нема да се избира победник, натпреварувачите нема да ја почувствуваат евровизиската атмосфера, но сепак ќе имаа контакт со публиката.

Овогодишнио слоган “Europe Shine a Light” е насловот на песната која ќе се чуе од секоја земја.

Веќе селектираните песни емитуваат фрагменти од 30 секунди, учесниците се претставуваат низ кратки видео разгледници, а ги слушаме и нивните пораки упатени до милионскиот аудиториум ширум Европа и светот.

Македонија ја претставува Васил Гарванлиев со песната „You“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа56 минути

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија1 час

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ2 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија3 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет4 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија4 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија4 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион5 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа5 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет6 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија6 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет7 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија8 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион8 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија19 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет21 час

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт22 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија22 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија24 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Досие